Нато и ЕУ или Името?

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување

Нато и ЕУ или Името ?


  • Вкупно гласачи
    182
  • Гласањето е завршено на .
Нормално дека ке биде предавник ако го стори тоа
Но моето прашане беше дали ти го предвиде тоа сценарио или имаш докази извори од влада и така нешто........јас реков добро ти е напишано но немора да биде така како тоа ти си толку сигурен....
Хахаха... Извори од влада...добар си :)
Да речеме дека сум добар прогнозер :) задоволен ?
Груевски пополека ќе почне да ви го соопштува после изборите:wink:.....ова се однесува и на мене и на тебе и на сите ти кај живееш????.....не си македонец??????
Разликата е во тоа што мене ова одамна ми е јасно.
 
делбој форумскиов колега ме упати овде )))))))

работава е ваква и е одраз на некои заложби тука да се става на вага што е побитно дали нашето постоење или нашето натамошно имитирање за постоење...е па драги мои некои нешта не можат да се измерат, дадени се како константа и такви остануваат

прочитајте и размислете

``Нека ни го дамбот, како што стоеше!

``Дедо ми, Атанас Низамов-Орлов, од славното село Бапчор, еднаш ми раскажа ваква случка: Во соседното и исто толку славно село Д'мбени живеела баба Донка. Мажот м починал, децата заминале во Америка, на гурбет. Останала сама баба Донка во куќата, а во дворот имало еден убав, голем даб.

Под дабот имало маса со две клупи; мажот ги беше направил, пред да ја земе невестата Донка. На таа маса тие седнувале штом ќе осунело, а седнувале и приквечер, откако денот ќе завршел. Тука тие седнувале и со своите дечиња, додека растеле, си до денот кога тие заминале: мажот од овој свет, а децата на печалба.

Арно, ама една ноќ некои дечишта, момчиња од селото, се напиле и се знае - кога нема друга работа, ѓаволот си ги дави децата! - зеле балтии и го посекле дабот. Сторителите биле деца од добри фамилии. Нивните татковци веднаш собрале пари и м понудиле отштета на баба Донка. Дабот имал околу десет товари дрва, а тие предложиле да платат колку за дванаесет товари. Баба Донка не се согласила, туку ги тужела на суд. Судијата м објаснил дека понудата на родителите е фер, но, ете, ако таа сака, може да пресуди да м се плати колку за петнаесет товари. Баба Донка решително го одбила и тој предлог. На новото судење, судијата рекол дека законот предвидува покрај отштетата, и по еден месец затвор за сторителите - ако таа инсистира!

“Не сакам децата да одат затвор! Не им ги сакам ни парите!”, пресекла баба Донка. Судијата се зачудил: “Еми, оти тогаш си ги тужила? Што уште сакаш да сторат!?”

“Нишчо не му сакам, господине судија. Сакам само да ми го 'опре дамбо' како што ми стоеше!”



ОД МЕТАФОРА...



Сакам само да ми го опре дамбо како што ми стоеше! - ете ја формулата на вистинската правда, поправо, ете го судирот на правдата и сторената неправда! Ете ја апоријата на секоја идеја на компензација за одземање и уништување на нештото што не може да се компензира! Не го пресекоа оние аџамии само дабот, не ја оштетија тие баба Донка ни за десет, ни за петнаесет товари дрва; тие м ја уништиле сенката под која таа се одморала на крајот од денот: ги пресекле сите нејзини спомени. Цел еден живот падна кога падна дабот. Последното место на кое баба Донка уште можела да ги најде спомените на мажот и на децата додека биле живи, тие м го пресекоа со своите балтии. Дворот и куќата без дабот веќе никогаш не можеше ништо да ги врати да бидат какви што биле со тој даб. Што друго требаше да бара баба Донка како отштета? Никаква компензација, ни сатисфакција, никакви пари, ни казни за сторителите, не би можеле да го вратат она што беше посечено таа пијана ноќ.

Еднаш посечениот даб веќе ништо не може да го опре, да го исправи. За некои дела, едноставно нема начин да се пресмета и надомести сторената штета - што значи дека за некои неправди нема лек, ни доволно ефикасна правда.



...ДО СУШТИНА



Името на Република Македонија е дабот кој едноставно не смее да биде посечен! Што и да се добие за него, малку ќе е! Ништо не ќе може да го врати на местото каде што стоеше; ни компензации, ни казни за сторителите.``

Поубаво неможеше да се каже. Стојам и јас на овој став.
 
Хахаха... Извори од влада...добар си :)
Да речеме дека сум добар прогнозер :) задоволен ?
Разликата е во тоа што мене ова одамна ми е јасно.
тебе ништо не ти јасно бре човек ти си разочаран,очаен опозиционер кои се срами од својата партија јасни ми се мене многу повеке работи од шо ти мислиш за оваа држава јас критикувам и опозиција и власт тука е разликата
ти ја критикуваш позицијата.......а не ја критикуваш опозицијата јас сум 24/7 на форумов сум прочитал многу твои постови знам како дишеш:toe:
 
тебе ништо не ти јасно бре човек ти си разочаран,очаен опозиционер кои се срами од својата партија јасни ми се мене многу повеке работи од шо ти мислиш за оваа држава јас критикувам и опозиција и власт тука е разликата
ти ја критикуваш позицијата.......а не ја критикуваш опозицијата јас сум 24/7 на форумов сум прочитал многу твои постови знам како дишеш:toe:

тоа е она шо најмногу им фали на некои .... самокритичност ...
 
тебе ништо не ти јасно бре човек ти си разочаран,очаен опозиционер кои се срами од својата партија
Прво да, опозиционер сум, а второ немам своја партија.
А која ти е целта на постов ?
јас сум 24/7 на форумов сум прочитал многу твои постови знам како дишеш:toe:
Супер, си научил нешто ново....продолжи да ме читаш :)

Следниот коментар нека ти биде во врска со темава.
 
Нормално дека Нато и ЕУ и да живеам подобро него името дал че се викаме Македонија или Северна Македонија е исто
 
Прво да, опозиционер сум, а второ немам своја партија.
А која ти е целта на постов ?Супер, си научил нешто ново....продолжи да ме читаш :)

Следниот коментар нека ти биде во врска со темава.
е сега во недостик на аргументи .....ми одговараш бегам од темата и дека си паметен се восхитував на твоите постови..........
:toe:
 
Нормално дека Нато и ЕУ и да живеам подобро него името дал че се викаме Македонија или Северна Македонија е исто

Па чоече како би се чуствувал ти ако се разбудиш наутро и се погледнеш во огледало, што си?Македонец сигурно не си...Тие имаат подобар и националистички карактер
 
Нормално дека Нато и ЕУ и да живеам подобро него името дал че се викаме Македонија или Северна Македонија е исто

ти си осуден да бидеш роб кај и да живееш!
 
Нормално дека Нато и ЕУ и да живеам подобро него името дал че се викаме Македонија или Северна Македонија е исто

A kој ти гарантира дека ќе живееш подобро???:jaj:
ќе ти дадее ли некој писмена гаранција.. европа ли :uvo:
толку пати не имаат заебано само во последниот век,и само нашиве луди политичари уште им веруваат слепо
 
Реален доста мешаш дневна политика во темава, поентата е како ти како единка се определуваш на ова прашање не твојот сопственик или сопственикот на ове другиве.
Ако мислиш дека баш на оваа тема ќе издејстуваш некој глас за твоите јадни газди си се заебал гадно.
 
Џаба објаснување пријателе. Веќе си обележан од страна на патриотиштава.
Welcome to the club :)

Коа сме веќе кај патриотите, сеуште очекувам одговор/демант/согласување/несогласување....било каков коментар на постот кој го ставам на потпис.

Однапред благодарен :)

znaci frce mu pomaga na gvujo...ili nie tapi sme...a sto velis za scenario..ondak ide vaka izborite se bojkotiraat i vo nemanje izlez so dogovor na partiite A SO POSREDSTVO na dirigentite od EU doaga Srgan kerim(znaci ne me svakaj zdravo za gotovo sakam samo mislenje od tebe za ova-jas licno ne veruvam)
 
Нормално дека Нато и ЕУ и да живеам подобро него името дал че се викаме Македонија или Северна Македонија е исто

Море немаше да го фалиш НАТО толку, ако те испратеа у Афганистан или Ирак. Тогаш ќе видеше шо е убав живот.
 
НАТО е само една воена организација која незнам зошто постои ...Направена со цел за одбрана од комунизнот, денес влијае ко некој застрашувачки политички фактор, голема лага е тоа што мислиме дека НАТО ќе ни ја подобри економската состојба во државата и ќе има повеќе вработувања.
Ќе има само една сигурност и чуство за безбедност кај народот но тоа не е доволно, државава не треба да го смени името но како надоместување од тоа да води напредна политика и да ја подобри земјата пред се на економски план.За одржување на нацоналната безбедност треба само да се биде ѕвер и да се прекршат договорите за претерано наорожување со зголемување на буџетот за одбрана на државата.Најглавно да се повлечат нашите војници од Ирак и Авганистан , не вреди тие таму да се чуваат и да бидат во ризик поради нечии интереси.
Да надополнам дека членството во ЕУ е строго за создавање економско единство со силните западни земји, ЕУ за разлика од НАТО води мирна и позитивна политика која за жал е диктирана од силните земји .
За наша жал Грција е милениче на Франција и има голем удел во ЕУ, за нас членството во ЕУ би донесло подобрување на условите и намалување на невработеноста.Мислам дека вистина за ЕУ треба да се преговара само за името кое ќе го употребуваме строго за меѓународни односи со земјите кои не не признале под уставното име.Не треба никако да се разгледува идентитетот и јазикот, за кои се пролевале литри крв низ историјата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom