Нато и ЕУ или Името?

Нато и ЕУ или Името ?


  • Вкупно гласачи
    182
  • Гласањето е завршено на .

Mangavadu

пролетер
Член од
23 март 2009
Мислења
695
Поени од реакции
42
Анкетава кажува се. Мнозинството Македонци не сакаат промена на име. А сите оние што ќе пробаат да го направат тоа : било ВМРО или СДСМ ќе ги снајде истата судбина ко Чаушеску во Романија.

Не може една елита: 20 30 души да одлучи за нешто за што загинал прадедо ми(втора светка војна). Не можат они да одлучат за иднината на моите деца.

Македонија постоела без нив и ќе постои.
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
делбој форумскиов колега ме упати овде )))))))

работава е ваква и е одраз на некои заложби тука да се става на вага што е побитно дали нашето постоење или нашето натамошно имитирање за постоење...е па драги мои некои нешта не можат да се измерат, дадени се како константа и такви остануваат

прочитајте и размислете

``Нека ни го дамбот, како што стоеше!

``Дедо ми, Атанас Низамов-Орлов, од славното село Бапчор, еднаш ми раскажа ваква случка: Во соседното и исто толку славно село Д'мбени живеела баба Донка. Мажот м починал, децата заминале во Америка, на гурбет. Останала сама баба Донка во куќата, а во дворот имало еден убав, голем даб.

Под дабот имало маса со две клупи; мажот ги беше направил, пред да ја земе невестата Донка. На таа маса тие седнувале штом ќе осунело, а седнувале и приквечер, откако денот ќе завршел. Тука тие седнувале и со своите дечиња, додека растеле, си до денот кога тие заминале: мажот од овој свет, а децата на печалба.

Арно, ама една ноќ некои дечишта, момчиња од селото, се напиле и се знае - кога нема друга работа, ѓаволот си ги дави децата! - зеле балтии и го посекле дабот. Сторителите биле деца од добри фамилии. Нивните татковци веднаш собрале пари и м понудиле отштета на баба Донка. Дабот имал околу десет товари дрва, а тие предложиле да платат колку за дванаесет товари. Баба Донка не се согласила, туку ги тужела на суд. Судијата м објаснил дека понудата на родителите е фер, но, ете, ако таа сака, може да пресуди да м се плати колку за петнаесет товари. Баба Донка решително го одбила и тој предлог. На новото судење, судијата рекол дека законот предвидува покрај отштетата, и по еден месец затвор за сторителите - ако таа инсистира!

“Не сакам децата да одат затвор! Не им ги сакам ни парите!”, пресекла баба Донка. Судијата се зачудил: “Еми, оти тогаш си ги тужила? Што уште сакаш да сторат!?”

“Нишчо не му сакам, господине судија. Сакам само да ми го 'опре дамбо' како што ми стоеше!”



ОД МЕТАФОРА...



Сакам само да ми го опре дамбо како што ми стоеше! - ете ја формулата на вистинската правда, поправо, ете го судирот на правдата и сторената неправда! Ете ја апоријата на секоја идеја на компензација за одземање и уништување на нештото што не може да се компензира! Не го пресекоа оние аџамии само дабот, не ја оштетија тие баба Донка ни за десет, ни за петнаесет товари дрва; тие м ја уништиле сенката под која таа се одморала на крајот од денот: ги пресекле сите нејзини спомени. Цел еден живот падна кога падна дабот. Последното место на кое баба Донка уште можела да ги најде спомените на мажот и на децата додека биле живи, тие м го пресекоа со своите балтии. Дворот и куќата без дабот веќе никогаш не можеше ништо да ги врати да бидат какви што биле со тој даб. Што друго требаше да бара баба Донка како отштета? Никаква компензација, ни сатисфакција, никакви пари, ни казни за сторителите, не би можеле да го вратат она што беше посечено таа пијана ноќ.

Еднаш посечениот даб веќе ништо не може да го опре, да го исправи. За некои дела, едноставно нема начин да се пресмета и надомести сторената штета - што значи дека за некои неправди нема лек, ни доволно ефикасна правда.



...ДО СУШТИНА



Името на Република Македонија е дабот кој едноставно не смее да биде посечен! Што и да се добие за него, малку ќе е! Ништо не ќе може да го врати на местото каде што стоеше; ни компензации, ни казни за сторителите.``
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
- има разлика од име како „АЛСКЈДФЛАСКЈДФ“ - ова било како да е, а да нема Македонија тогаш апсолутно нема дискусија

- и од име како „Северна Македонија“
кога бевме СРМ (Социјалистичка Република Македонија) СР значеше начин на уредување на државата НО држава која се вика МАКЕДОНИЈА со МАКЕДОНСКИ население ...

Северна Македонија би означувало дека ние сме МАКЕДОНЦИ кои живеат во Северниот дел од МАКЕДОНИЈА - дефакто наметнува дека постои и Јужна, Источна, што и е у наш интерес. но сепак МАКЕДОНИЈА во која живеат МАКЕДОНЦИ со сте други работи МАКЕДОНСКИ шо идат уз тоа...

но да повторам ... не е ИМЕТО проблем ... ако беше така одамна ќе се решеше ...
 

Mangavadu

пролетер
Член од
23 март 2009
Мислења
695
Поени од реакции
42
Навлегувате во безполезна дебата. Грците не сакаат името Македонија да се наоѓа во нашето име. Немој дебатава да ја сведете на тоа кој ќе најде покреативно име за Македонија. Нека си остане ко што е, ни помалку ни повеќе.

Нас не признава како Македонија Русија, Кина и Индија............. кур ме боли за Луксембург и Белгија. Земји со доминантно хомосексуално население подобро да не не признаваат.
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
- има разлика од име како „АЛСКЈДФЛАСКЈДФ“ - ова било како да е, а да нема Македонија тогаш апсолутно нема дискусија

- и од име како „Северна Македонија“
кога бевме СРМ (Социјалистичка Република Македонија) СР значеше начин на уредување на државата НО држава која се вика МАКЕДОНИЈА со МАКЕДОНСКИ население ...

Северна Македонија би означувало дека ние сме МАКЕДОНЦИ кои живеат во Северниот дел од МАКЕДОНИЈА - дефакто наметнува дека постои и Јужна, Источна, што и е у наш интерес. но сепак МАКЕДОНИЈА во која живеат МАКЕДОНЦИ со сте други работи МАКЕДОНСКИ шо идат уз тоа...
Џаба објаснување пријателе. Веќе си обележан од страна на патриотиштава.
Welcome to the club :)

Коа сме веќе кај патриотите, сеуште очекувам одговор/демант/согласување/несогласување....било каков коментар на постот кој го ставам на потпис.

Однапред благодарен :)
 
S

smart ass

Гостин
Но исто така чекам одговор или демант на мојот пост и од преостанатите подржувачи на Груевски.
Овој твој пост е дбро напишан секоја чест ......но да не си ти видовит или така нешто....?????
А што ке направи твојот идол БЦ и Грчко ??????......имаш ли одговор
незнам по кој пат гвујо се покажа појак манипулатор во јавноста од било кој друг политичар толку ја разеба сдс шо ни БЦ ни тито да воскресне не ги спасува
а ти можеш да се тешиш колку сакаш........
биди еднаш свој на своето честитај им на овие вмровчиња победа биди маж не биди п......а а за натаму што дал госпо ти не си никој со никаква мок да предвидуваш брат се лажеш тоа е оптимизам ТЕШЕЊЕ:smir:


И ова по стоти пат да повторам да нема забуни не сум вмровец ни сдсовец МАКЕДОНЕЦ сум пред се.....
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
realen_07

околу ставовите на БЦ и фрчко ...
неможам да им верувам на луѓе кои ставовите ги мењаат за личните потреби у дадениот момент ...
самиот КГ во мемоарите го објаснува настанот со фрчко и грците кои давале мито и кој имал ист ролекс?!?дали лаже?? фрчко не е сериозен човек .. ги мења ставовите во зависност од парите ... БЦ исто така смени став на 2-3 пати ... со изјавата во ООН и со последната ...а пази претседател на држава ...на среде преговори кога не требаше да се мења став наметна дека треба да се прифати компромис ...

едит: сепак како ќе ми ја објасниш и нивната политика водена кога беа на власт?
факт: Додека не дојдат промени во сдсм од корен како што се деси со вмро од нив партија веќе не бидува ...
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
samo imeto,drzavata i identitetot me interesira za drugo mi e gajle:salut:
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Не не гласав на анкетата бидејќи ниту светот ниту можностите не се црно бели како што понудата на анкетата.


E sega prasanjeto e: kaj e razlikata pomegu navodnite prva i vtora struja?
Identitetot da ne se cepka. I prvite i vtorite. Isto gomno.
Vsusnost postoi edna druga mala razlika. Ovie vtorite nemaat g'z da prevzemat odgovornost za golemi igri, kelesi se, kurlinja.....:toe:
Абе Кварк, кој гз кои бакрачи, да имаа тие што кажуавш дека имаат гз до сега ќе го стореа тоа, зар малку беа на власт?
Него разликата е што едните навистина кажуваат дека појма немаат што ќе прават и дека немаат никаков план, другите се топорат дека имаат план деме се одлучни и знаат што прават, кога всушност и самите знаат дека тоа е само мачкање очи и собирање политички поени преки лажна компетентност. Многу им е јазно и на еднте и на другите дека ќе го јадат стапот на еден или на друг начин ако си дозволат да направат тоа што го направи киро 93-94.
Размисли кога се успеа со насилство помалку од петтина од население да наметне промена на устав, ради мир во куќа, јас сум повеќе од сигурен дека најмлку една четвртина од населението е спремно со насилство да наметне забрана за менување на уставно име.

И реален доста бе шириш демагогии бре. Ако се додадело северна на Македонија немало да се смени името, ти за ненормални не сметаш, за идиоти кои не знаат основи на логичко размислување?

Едноставно е, името е Република „Македонија“ секоја додавка, придавка помеѓу Република и Македонија или по Македонија е промена на името бидејќи по таа додавка нема повеќе името да биде „Македонија“ туку ќе биде „северна Македонија“.
Проста логика 1=1 односно Македонија е исто со Македонија, 1+1 не е еднакво на 1 бидејќи Северна Македонија не е исто со Македонија, односно е различно што значи името е сменето.
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
realen_07

околу ставовите на БЦ и фрчко ...
неможам да им верувам на луѓе кои ставовите ги мењаат за личните потреби у дадениот момент ...
самиот КГ во мемоарите го објаснува настанот со фрчко и грците кои давале мито и кој имал ист ролекс?!?дали лаже?? фрчко не е сериозен човек .. ги мења ставовите во зависност од парите ... БЦ исто така смени став на 2-3 пати ... со изјавата во ООН и со последната ...а пази претседател на држава ...на среде преговори кога не требаше да се мења став наметна дека треба да се прифати компромис ...
Свесен сум јас за автоцензурата која во налет на патриотите и нивните постови по автоматизам се појавува на форумов......затоа не мора понатаму да ми разјаснуваш :)
Но исто така чекам одговор или демант на мојот пост и од преостанатите подржувачи на Груевски.
Овој твој пост е дбро напишан секоја чест ......но да не си ти видовит или така нешто....?????
А што ке направи твојот идол БЦ и Грчко ??????......имаш ли одговор
незнам по кој пат гвујо се покажа појак манипулатор во јавноста од било кој друг политичар толку ја разеба сдс шо ни БЦ ни тито да воскресне не ги спасува
а ти можеш да се тешиш колку сакаш........
биди еднаш свој на своето честитај им на овие вмровчиња победа биди маж не биди п......а а за натаму што дал госпо ти не си никој со никаква мок да предвидуваш брат се лажеш тоа е оптимизам ТЕШЕЊЕ:smir:
Tоа е реално гледање на работите брат, кое Груевски пополека ќе почне да ви го соопштува после изборите:wink:

Моето прашање е:
Дали тогаш ќе биде патриот или предавник ?
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Greskata na nasite politicari e toa sto ne se aktivni i ne se direktni vo vrska so ovoj nametnat problem

se e mnogu ednostavno :

ako ne se smeni imeto NEMA NATO I EU barem vo narednite 15-20 godini !
 
S

smart ass

Гостин
Свесен сум јас за автоцензурата која во налет на патриотите и нивните постови по автоматизам се појавува на форумов......затоа не мора понатаму да ми разјаснуваш :)
Tоа е реално гледање на работите брат, коеГруевски пополека ќе почне да ви го соопштува после изборите:wink:

Моето прашање е:
Дали тогаш ќе биде патриот или предавник ?
Нормално дека ке биде предавник ако го стори тоа
Но моето прашане беше дали ти го предвиде тоа сценарио или имаш докази извори од влада и така нешто........јас реков добро ти е напишано но немора да биде така како тоа ти си толку сигурен....
Груевски пополека ќе почне да ви го соопштува после изборите:wink:.....ова се однесува и на мене и на тебе и на сите ти кај живееш????.....не си македонец??????
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Не се согласувам со реален дека се знаат ставовите на Бранко Црвенковски.
Ставот на Бранко Црвенковски кога ни го смени името беше, БЈРМ е за 3 месеци.
Ова беше преседан во светската историја.
Да прашате некој банту црнец, под кои услови би смениле име, што мислите каков одговор би добиле ?

Двојната формула, баба ми не ја измисли сигурно.
Повторно Бранко Црвенковски.
Та тој се колнеше дека подалеку од неа неможе да одиме.

Е сега име за секаква употреба со промена на устав.
Тоа име ти се врзува за идентитетот.
Промена на идентитет ти значи харикири за твоите малцинства во соседните земји.
Самата земја ќе се подели, зошто кога ниту името неможе да не сплоти, што би не сплотило?
Промена на име со промена на устав е темпирана бомба која е прашање на време кога ќе ја распарчи државата.

Јас едно имам приметено од тие “големи“ европски и американски пријатели.

Тој ти вбризгува вирус каде пациентот е сигурно мртов за 20 години.
За време на тие 20 години тој ти нуди богато мени.
Тоа е политика и живот на обична свиња.
Грубо ама вистинито.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Greskata na nasite politicari e toa sto ne se aktivni i ne se direktni vo vrska so ovoj nametnat problem

se e mnogu ednostavno :

ako ne se smeni imeto NEMA NATO I EU barem vo narednite 15-20 godini !
НАТО е само една воена организација која незнам зошто постои ...Направена со цел за одбрана од комунизнот, денес влијае ко некој застрашувачки политички фактор, голема лага е тоа што мислиме дека НАТО ќе ни ја подобри економската состојба во државата и ќе има повеќе вработувања.
Ќе има само една сигурност и чуство за безбедност кај народот но тоа не е доволно, државава не треба да го смени името но како надоместување од тоа да води напредна политика и да ја подобри земјата пред се на економски план.За одржување на нацоналната безбедност треба само да се биде ѕвер и да се прекршат договорите за претерано наорожување со зголемување на буџетот за одбрана на државата.Најглавно да се повлечат нашите војници од Ирак и Авганистан , не вреди тие таму да се чуваат и да бидат во ризик поради нечии интереси.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom