Одговорна - зависи, удобна - исто така, но привлечна и престижна - сигурно. Кој од двајцата професори од понеделник ќе седне во претседателската фотелја и во наредните пет години ќе ја има улогата на татко на нацијата.
Двајца професори имаат силна желба во овој кабинет да ги носат одлуките важни за државата но и во многу протоколарни поводи да се сликаат за јавноста.
Сличноста им е само во желбата, во универзитетските титули и во ветувањето дека токму тој е вистинскиот избор кој ќе го изнесе вагонот Македонија на вистинскиот колосек. И толку.
По се што се изнаслушавме и видовме се работи за комплетно различни личности и концепти.
Влезени во партиски филмови и сценарија ја прокрстарија Македонија, беа на места за кои и не чуле, се среќаваа и ветуваа нешта за кои претседателот нема ингеренции.
Од самиот почеток бисери, гафови, обвинувања.
„Нашата демократија е како космодиск демократија. На некого може шашаво му изгледа, но Македонија функционира“, изјави Иванов.
„Ако на некому му е потребен космодиск, тоа е на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ да си ја поткрене кичмата од сервилноста кон својот партиски шеф“, изјави Фрчкоски.
„И за да користиш космодиск треба да имаш кичма, а сами признаа дека немаат кичма, мора да ја свиткаме кичмата“, изјави Иванов.
„Тој е политика табула раза. Кај него е лесно, отворате страна - бела, отворате друга - пак бела, трета - бела, него нема што да му кажете“, возврати Фрчкоски.
Тука се клетвите и потписите кои ги собирале студентите на Иванов. Бисерите се редеа, а меѓу нив по нешто и за претседателските ингеренции, пример - прашањето за името.
„Очекуваме да се пројават нови иницијативи, бидејќи ќе доаѓаат нови луѓе по изборите, и кај нас и во Грција“, рече Иванов.
„Решавање на спорот со името напролет, влез во НАТО наесен и отворање за инвестициите, тоа би било една реална перспектива, за која можам одговорно да стојам. Се друго би било шпекулација“, рече Фрчкоски.
Во тајност сите се договараа. Каков е пазарот на Груевски и Ахмети за поддршка на Иванов, не дознавме. Но, дали нешто Ахмети и Заев се пазареа?
„Јас ви кажав, тоа е работа на партиите. Партиите што се во коалиција си имаат свои меѓусебни договори, меѓусебна соработка“, изјави Иванов.
„Тоа е големо потценување на албанските гласачи, ако мислат дека треба да гласаат сега за нешто кое е спротивно на она што го потпишаа при Охридскиот договор.
И дојде време за соочувањето.
Иванов се определи или во негово име се определија на дуел пред молкот на телевизијата со највисок рејтинг нема да дојде.
И по се кажаното и ветеното во изборната кампања, но и според партиската послушност, големата одлука е во рацете на граѓаните. Тие на 5 април ќе покажат во чија програма поверувале и кому во наредните пет години му ја доверуваат иднината на Македонија.
Извор
Го болдирав само делот дека Иванов денес нема да дојде на дуел, бидејќи како 2 различни вести можеме да ги сметаме во ист пост :smir: