Претседателски избори втор круг: Ѓорѓе Иванов е новиот претседател на Македонија!

Кој ќе биде новиот претседател на Македонија?

  • Ѓорѓе Иванов - ВМРО ДПМНЕ

    Гласови: 207 48,3%
  • Љубомир Фрчковски - СДСМ

    Гласови: 143 33,3%
  • Нема да гласам / сеуште не определен

    Гласови: 40 9,3%
  • Ќе го поништам ливчето, не сакам да гласам за ниту еден од кандидатите.

    Гласови: 39 9,1%

  • Вкупно гласачи
    429
Статус
Затворена за нови мислења.

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Jok, za realno resenie so dvojna formula ili vlez pod referencata, nikako za potkleknuvanje i menuvanje za treti zemji, za cepkanje vo identite,t jazik i tn. ne kako Frch ili negoviot Prch Branko.
Па не би рекол баш така, бидејќи неколку поранешни предлози на Нимиц беа прифатливи од негова страна....но не сум сигурен.

За секој случај ќе прочачкам малку по неговите ставови :smir:
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Хммм.
Чудно.

Чашуле не го пратам редовно , но чинам дека пред Букурешт беше во групата на поборници за компромис со грците.
Поради тоа беше и на оние црни списоци кои се правеа, заедно со Геро Фрчко и остали.

Во секој случај ме изненади со текстов.
а ова го имаш ли прочитано.
http://forum.com.mk/#_tools/article/399/view

Лаже!

Пишува: Слободан ЧАШУЛЕ

Не, господине Љубомир Данаилов Фрчкоски, не можете да го решите грчкиот проблем со нашето име за три-четири месеци.

Слободан Чашуле
Не можете ниту да обезбедите прием во НАТО, уште помалку преговори за членство во ЕУ!

Колку и да се напрегате, не можете. Настрана од тоа што не Ве бива, па нема да бидете избрани, но ако евентуално ни се случи таков кошмар, како претседател ќе немате уставна надлежност.
Името не се решава со Rolex-и, со грчки амфори или куферчиња пари. Сепак, ќе мора да ги вратите!

Престанете да лажете, за доброто на сите, пред сè на нашата демократија.
Токму поради таквите како Вас, кои со лаги создаваат делби, загриженост, па и страв, ние сега ќе мораме повторно на “матурски испит”.
Успеавте да ги контаминирате и овие избори, како оние од 2000 година, за да создадете криза, а не решение!
Наметнувате прашања кои немаат никаква врска со изборот на градоначалници. Инсистирате на прашања за кои е надлежна извршната власт, која веќе двапати по ред во три години доби мандат да ги решава.
За неа, професоре, не гласаме сега!
Нудите решенија, кои се во основа лажни, бидејќи Уставот не му дава такви надлежности на претседателот.

Пострашна од вистинската глупост на врвот од власта е онаа фингираната, кога човек што знае силом се прави глупав и незнајко!
Дури и да Ви се даде можност да прифатите предавнички договор со Грција - за кој толку се залагате сега, а до вчера бевте против и гоневте вмровци како предавници и продавачи на името - таквиот “договор”, всушност историска капитулација, ќе треба да го ратификува Собранието! Тоа, барем додека е ова мнозинство, нема да ратификува капитулација. Таа е, патем речено, и забранета со Уставот!

Според тоа, која Ви е намерата, господине претседателски кандидату?! Малку луѓе можете да лажете многу време, многу луѓе малку време, а никако не можете многу луѓе да лажете многу време!

Македонскиот народ и сите други содружници во оваа наша држава созреаја, господине Фрчкоски. Знаат дека ги лажете со ветувањата дека со магично стапче ќе нè куртулисате од грчкото премреже. Знаат, врз основа на искуството со Вас како министер без ресор на СДСМ, министер за внатрешни работи, министер за надворешни работи, атентатор, продавач на имиња и идентитети, дека во ракавот криете нешто. Знаат, исто така, дека самобендисаноста не Ви дава мира, па онака фројдовски направивте проекција и најавивте реприза на 2000 и 2001 година!?

Кажете, господине претседателски кандидату на СДСМ и НСДП, со пуч ли, со институционална криза ли, со социјални немири и безредија ли ќе ја преземате власта и ќе го остварите и ќе го ратификувате предавството?!
Поинаку не може.

Гледаме, сакате и сега како и во 2000 година да ја урнисате државата, ВМРО-ДПМНЕ и неговите коалициони партнери, сега како и тогаш да ја креваат од бездната на прелевањето од Косово! Вие и Вашите стратези, разни “бербери”, пишувачи на мировни планови за војната која ја создадовте, иако лажна, му дадовте политичка подлога и оправдување на прелевањето на косовската криза во Македонија. Иако имаше Албанци кои тврдеа и тогаш, а тврдат и денеска, дека беше дело на криминалци и шверцери.

Таквата ваша дијалектика за освојување на власта нè уназади, а БЕВМЕ “апсолвенти” и пример, вистинска суццесс сторѕ на ЕУ и НАТО кога ВМРО-ДПМНЕ и неговите коалициони партнери ги менаџираа последиците од кризата. Кога спасуваа сè што може да се спаси од штетата што СДСМ и Вашите ì ги нанесоа на државата со барањето локалните избори 2000 година, како и сегашните, да бидат плебисцитарни – наместо да се избираат градоначалници, да се урива власта!
Тоа, господине Фрчкоски, нè бутуриса во парламентарна криза, слабеење на избраната власт, нè доведе до ситуација да ја спасуваме државата со концесии што на долги патеки ја ништат токму неа.

Баталете ја прикаската за Вашата семоќ, престанете да лажете. Пуштете го народот да гласа на мира. Избираме церемонијален шеф на државата, а не семоќен Цар. Избираме градоначалници, а не парламент.

Ако нешто ни го слабее позициите со Грција, ако нешто нè уназадува, ако нешто нè блокира, тоа е вашата жед за власт.
Ама изгледа жежат и куферчето, и Ролеџ-от, и амфората...
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Како изгледа една вемеровца

Идеме во победа со Фрчко
Се измори постирајќи помеѓу двата круга еј! Веројатно во фабриката ќе те унапредат во бригадирка!:smir::helou:
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Па не би рекол баш така, бидејќи неколку поранешни предлози на Нимиц беа прифатливи од негова страна....но не сум сигурен.

За секој случај ќе прочачкам малку по неговите ставови :smir:
Samo vo eden i toa vo eden del od predlogot. Ne vo nekolku.

isto taka, prifatliv bese predlogot za goegrafska odrednica, za upotreba za grcija, so distinkcija vo ON za pridavkite, makedonski a koi se odnesuvaat na jazikot, kultutrata, identitetot itn.

Cepkaj.

Vazno go kaza javno, na kulturen nacin se ona sto site normalni lica go mislat za keleshot LJDF.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Куртул!



Пишува: Слободан ЧАШУЛЕ Победивме сите.



Загуби рецидивот од она време, остатокот загадувачи на нашата демократија, иднина и успех: загуби ароганцијата и мангуплакот; до нозе се поразени кодошите, пучистите, атентаторите, осудените криминалци, шверцерите и арамиите што ни го украдоа заедничкиот имот и ни ги посеаја градовите со стечајни работници!

Проектот на безалтернативноста; заговорот против иднината на Македонија израз на нивната глад по власт, тврдењето само СДСМ може да владее, сè друго е пропаст, загуби убедливо, како никогаш досега.
Впрочем, нивниот проект за мафијашка држава, затскриена зад шминката на прислужен протекторат, уште на првите избори го отфрлија граѓаните на нашата држава Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци и сите други.
Кога веќе сакаат споредби, не треба да се оди подалеку, нивната горешта желба вечно да нè тормозат со едноумие е поразена на сите избори досега, освен тие во 2002 г., кога државата се тетеравеше, жртва на пуч што тие го инспирираа, оркестрираа и изведоа!

Предлагам Емилијан Станковиќ да го вратат во основно, да научи аритметика; Љубомир Фрчкоски да го расчинат од докторлакот и од професорлакот и да го вратат назад на студии кај проф. Д-р Светомир Шкариќ да научи што е Устав!
Штета што не можеме да ги вратиме дома за да научат што е пристојност, што е добро воспитание. Но, она што најмногу треба да го научат е да не лажат.

Уште во прво одделение, таму некаде пред 54 години, во Гоце Делчев, покојна Даница Баевска нè учеше и нè научи: баби и жаби не се собираат. Така е Емилијанчо?! Не чуди се. Дури ни современата аритметика, таа на нашите деца, твојата, не ти дава за право, бидејќи ниту теоријата на множества не дозволува да ги мешаш бројките од претседателски со локални избори и да ги собираш!
Не може, не глупирај се!

Ако веќе треба да се изврши политички премер на довербата на граѓаните во власта и опозицијата, а богами со вакви математичарчиња и професорчиња, треба, тогаш единствената мерка се гласовите дадени за советничките листи. Власта убедливо ја бие опозицијата, освојувајќи мнозинство во безмалку сите општини!
Не е тајна, граѓаните сакаат нивните општини да бидат блиску до централната власт, на која на парламентарните избори двапати во две години ì дадоа мандат да управува и сè уште имаат верба во неа!

Синко Емилијан, не учи се од Фрчко. Нему нозете му се одамна куси колку и лагите што постојано ги сее. Не гледај го него, нему уште во првиот круг му ја затворија политичката книга за сите времиња. Најпрвин, тој што го кандидираше, а потоа и граѓаните!
Вториот круг ќе го прати на ропотарница!

Чекам толку време и, еве, ќе се стрпам до вториот круг гласање. Пак ќе прашам: Фрчко, кодошу низаеден, кога ќе им објасниш на граѓаните како мислиш да го решиш грчкиот проблем со нашето историско име?! Престани да лажеш безочно криејќи ја твојата улога во фиромизацијата на Македонија, добро платена со куферчиња долари, ролекси, амфори, пури, пенкала, уметнички слики, реј-бан очила... одбранета со атентат!

Не дај Боже и да победиш, не можеш да ја отстраниш грчката блокада. За да капитулираш и да го смениш нашето историско име, треба да го смениш Уставот (провери кај д-р Шкариќ!). За да го смениш Уставот, ти требаат две третини гласови во Собранието и, евентуално, референдум. Такво мнозинство немаш, а според гласовите што ги имаш на изборите, референдум во твоја полза е мислена именка за тебе!

Ако е така, а така е, тогаш тебе и на сите твои содружници, кодоши, прогонувачи на неистомисленици, атентатори, осуденици, криминалци и аболиранци не ви останува ништо друго, туку да изведете пуч против овој народ и овие граѓани, пред да појде Бучко на робија и да дојде правдата по тебе и својтата! Ни свети Бранко нема да ви помогне, тој не е ништо друго туку водачот на глутницата стрвини што сакаат власт и само власт!

Само така ќе успеете да го осуетите мнозинството, веќе премалени граѓани кои не ве сакаат и катадневно се прашуваат уште колкупати на избори овој народ треба да ви каже марш!

Белки со овие избори конечно ќе куртулиме!




ORATIO NULLI SECUNDUS!


AVE!

Ауу јбт какво отварање!

Е ова се вика КОЛУМНА!!!

Ме интересира реакцијата на Фрчколина и дувлото му :))
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
kakva, bedna ili nikakva, ne se nivo za da mu vratat.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
707
preagresivna kolumna od SLobodan Casule ....me iznenadi i toa bas pred vtoriot krug , mozebi nekoj se plasi od poraz u nedela? :)
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Poprecizno kazano nekoj se prestrojuva pred vtoriot i pred pobedata na Ivanov.
Докажан кариериста си е човекот, не е будала да се става во ист кош со Героски и Милчин.

А ќе видиш, голем дел од лабилниве “новинарски“ карактери ќе се престројува после избориве.
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
Nisto novo, mislam na prestrojuvanjeto. Ne vi se daleku arhivite od maj 2008 koga Bratot i kompanija go besea i rascerecuvaa covekov.
 
M

marsovka

Гостин
добро шо кур се расправате ?

Се знае кој ќе победи ,иванов ќе победи иако не знае да збори а фрчко не е ништо подобар од него ама барем кога е пред камери се однеусва како што треба а не како исплашено мало дете ,у пм нека идат двајцата под рака и у голи оток или на слични такви одморалишта

ебати партиските овци имаше асални кандидати кои немаа дамки а они гласаа за партиски избраници не за себе и државава ебати глупаците :гласам за партијата ,
Како можат бре да гласат за двајца ебани полуретардирани алапачи кои немаат ни три чисти во животот?

После тонеме ко држава па тонеме ебате ,кога сме глупи кога не знаеме да се спротиставиме ...
Вратете се турцииии барем ќе вас не ни беше криво бидјеќи не ебеше асален турчин а не полуспособно малцинство кое не знае три збора да каже,со просечно iq од 60 поени...
 

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
На многу теми се провлекува ова, ама тука ми е најсоодветно да кажам.
Доста е со тие плашења кои порано ги ширеше сдс (а и уште), сега почнаа и други. Ако не сме избереле претседател ќе кажела европа не не бивало и немало да има визна либерализација. Тоа може да се случи ако се спукаме на изборите. Ако мирно не избереме, никому ништо, тоа си е сосема демократски. И државата си има начини како да функционира во тој период и пишани се во уставот.

Сакам да кажам ништо трагично. Напротив за земја како нашата тоа може да има позитивен ефект, па да сфатат партиите дека не може да му протурат што било на народот.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
707
На многу теми се провлекува ова, ама тука ми е најсоодветно да кажам.
Доста е со тие плашења кои порано ги ширеше сдс (а и уште), сега почнаа и други. Ако не сме избереле претседател ќе кажела европа не не бивало и немало да има визна либерализација. Тоа може да се случи ако се спукаме на изборите. Ако мирно не избереме, никому ништо, тоа си е сосема демократски. И државата си има начини како да функционира во тој период и пишани се во уставот.

Сакам да кажам ништо трагично. Напротив за земја како нашата тоа може да има позитивен ефект, па да сфатат партиите дека не може да му протурат што било на народот.
abe se vo red toa ..ama glupavo e da se matkame i da ne izbereme predsedatel koj ima tolku mali ingerencii
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Комедија се овие претседателските избори...
ДПМНЕ и СДСМ заедно имаат нешто околу една третина од вкупното гласачко тело, значи на партијата со поголема гласачка машина и требаат уште 3-4 посто било какви гласачи кои ќе гласаат и на кому иде само за да би се исполнил цензусот на излезеност....:toe:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Nisto novo, mislam na prestrojuvanjeto. Ne vi se daleku arhivite od maj 2008 koga Bratot i kompanija go besea i rascerecuvaa covekov.
Ма не сум ја твојот проблем туку Чашуле :)) т.е. она што го напишал.

А јас ќе черечам секого и секогаш кога ќе ми се истопори со предавнички ставови, затоа секој заслужено ќе си го добие.

Така иди прошетај малце, излуфтирај се од тоа Воденицата, ти го спурила мозокот јбт, премногу Стрелци и Месии и сл. творови пздат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom