Хммм.
Чудно.
Чашуле не го пратам редовно , но чинам дека пред Букурешт беше во групата на поборници за компромис со грците.
Поради тоа беше и на оние црни списоци кои се правеа, заедно со Геро Фрчко и остали.
Во секој случај ме изненади со текстов.
а ова го имаш ли прочитано.
http://forum.com.mk/#_tools/article/399/view
Лаже!
Пишува: Слободан ЧАШУЛЕ
Не, господине Љубомир Данаилов Фрчкоски, не можете да го решите грчкиот проблем со нашето име за три-четири месеци.
Слободан Чашуле
Не можете ниту да обезбедите прием во НАТО, уште помалку преговори за членство во ЕУ!
Колку и да се напрегате, не можете. Настрана од тоа што не Ве бива, па нема да бидете избрани, но ако евентуално ни се случи таков кошмар, како претседател ќе немате уставна надлежност.
Името не се решава со Rolex-и, со грчки амфори или куферчиња пари. Сепак, ќе мора да ги вратите!
Престанете да лажете, за доброто на сите, пред сè на нашата демократија.
Токму поради таквите како Вас, кои со лаги создаваат делби, загриженост, па и страв, ние сега ќе мораме повторно на “матурски испит”.
Успеавте да ги контаминирате и овие избори, како оние од 2000 година, за да создадете криза, а не решение!
Наметнувате прашања кои немаат никаква врска со изборот на градоначалници. Инсистирате на прашања за кои е надлежна извршната власт, која веќе двапати по ред во три години доби мандат да ги решава.
За неа, професоре, не гласаме сега!
Нудите решенија, кои се во основа лажни, бидејќи Уставот не му дава такви надлежности на претседателот.
Пострашна од вистинската глупост на врвот од власта е онаа фингираната, кога човек што знае силом се прави глупав и незнајко!
Дури и да Ви се даде можност да прифатите предавнички договор со Грција - за кој толку се залагате сега, а до вчера бевте против и гоневте вмровци како предавници и продавачи на името - таквиот “договор”, всушност историска капитулација, ќе треба да го ратификува Собранието! Тоа, барем додека е ова мнозинство, нема да ратификува капитулација. Таа е, патем речено, и забранета со Уставот!
Според тоа, која Ви е намерата, господине претседателски кандидату?! Малку луѓе можете да лажете многу време, многу луѓе малку време, а никако не можете многу луѓе да лажете многу време!
Македонскиот народ и сите други содружници во оваа наша држава созреаја, господине Фрчкоски. Знаат дека ги лажете со ветувањата дека со магично стапче ќе нè куртулисате од грчкото премреже. Знаат, врз основа на искуството со Вас како министер без ресор на СДСМ, министер за внатрешни работи, министер за надворешни работи, атентатор, продавач на имиња и идентитети, дека во ракавот криете нешто. Знаат, исто така, дека самобендисаноста не Ви дава мира, па онака фројдовски направивте проекција и најавивте реприза на 2000 и 2001 година!?
Кажете, господине претседателски кандидату на СДСМ и НСДП, со пуч ли, со институционална криза ли, со социјални немири и безредија ли ќе ја преземате власта и ќе го остварите и ќе го ратификувате предавството?!
Поинаку не може.
Гледаме, сакате и сега како и во 2000 година да ја урнисате државата, ВМРО-ДПМНЕ и неговите коалициони партнери, сега како и тогаш да ја креваат од бездната на прелевањето од Косово! Вие и Вашите стратези, разни “бербери”, пишувачи на мировни планови за војната која ја создадовте, иако лажна, му дадовте политичка подлога и оправдување на прелевањето на косовската криза во Македонија. Иако имаше Албанци кои тврдеа и тогаш, а тврдат и денеска, дека беше дело на криминалци и шверцери.
Таквата ваша дијалектика за освојување на власта нè уназади, а БЕВМЕ “апсолвенти” и пример, вистинска суццесс сторѕ на ЕУ и НАТО кога ВМРО-ДПМНЕ и неговите коалициони партнери ги менаџираа последиците од кризата. Кога спасуваа сè што може да се спаси од штетата што СДСМ и Вашите ì ги нанесоа на државата со барањето локалните избори 2000 година, како и сегашните, да бидат плебисцитарни – наместо да се избираат градоначалници, да се урива власта!
Тоа, господине Фрчкоски, нè бутуриса во парламентарна криза, слабеење на избраната власт, нè доведе до ситуација да ја спасуваме државата со концесии што на долги патеки ја ништат токму неа.
Баталете ја прикаската за Вашата семоќ, престанете да лажете. Пуштете го народот да гласа на мира. Избираме церемонијален шеф на државата, а не семоќен Цар. Избираме градоначалници, а не парламент.
Ако нешто ни го слабее позициите со Грција, ако нешто нè уназадува, ако нешто нè блокира, тоа е вашата жед за власт.
Ама изгледа жежат и куферчето, и Ролеџ-от, и амфората...