http://www.ivanov.com.mk/images/Brosura.pdf
конкретна програма како што доликува на еден кандидат, ане три празни реченици
во врска со името идентитетот ги имаш првите 7 страници
druze ova eden srednoskolec moze da go napise za edna vecer (prazna retorika) ajde pronajdi mi nacin i konkreten predlog za resenie ..inaku citajki ja programa vo vrska so nadvoresnata politika covek ke si pomisli deka nie nemame nikakov problem so Grcija i deka sme na pragot na NATO i EU :pos2:
МАКЕДОНИЈА: ОДГОВОРНА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА
Република Македонија мора да води одговорна надворешна политика со која ќе се искористат предностите на глобализацијата, а при тоа ќе се зачува македонскиот културен и духовен идентитет. Приоритетите на надворешната политика на Република Македонија ги следат виталните интереси на државата. Во оваа круцијална фаза од нашиот развој, македонската дипломатија има историска можност, но и обврска, да ја интегрира Република Македонија во европското семејство на држави и да помогне во градењето нова иднина за сите македонски граѓани. Во денешни услови внатрешната и надворешната политика се меѓусебно поврзани и без нивна координација не може да има успешно решение на значајните прашања, без разлика дали тие се од политички, економски, научен, образовен или друг карактер. Стратешките определеби на Република Македонија во надворешната политика во континуитет се:
Европските и евро-атланските интеграции;
Добрососедски односи врз рамноправна основа;
Активно учество во регионалните и меѓународните институции и процеси;
Националната безбедност;
Политичката стабилност и економскиот развој на Државата.
Надворешната политика е значајна за вклучување на Република Македонија во процесите на глобализација. Македонија мора да води политика со која ќесе искористат благодетите на глобализацијата, а при тоа ќе се зачува во целост и македонскиот културен и духовен идентитет.
МАКЕДОНИЈА: ДЕЛ ОД ЕВРОПСКОТО СЕМЕЈСТВО НА ДРЖАВИ И НАЦИИ
Сега е време за натамошно засилување на евроинтегративниот процес на Македонија. Конечната проценка за успешноста на тој грандиозен потфат не може да биде позитивна доколку во заедницата на демократски и економски просперитетни држави не бидат целосно интегрирани и земјите од нашиот регион. Местото на Република Македонија е во Европската унија. Македонија ја ситуира својата идна позиција во отворена Европа. Наша трајна заложба остануваат европските интеграции. Географската положба, историјата и културата ја чинат Република Македонија составен дел на европската цивилизација. Нашата држава е дел од европскиот простор кон кој припаѓаме културно, цивилизациски и политички. Европската унија е нашата цел. Македонија е дел од Европа и ги негува вредностите на демократија, човекови права и владеење на правото. Македонија е подготвена да го преземе својот дел од обврската за иднината на Европа според вредностите на европската заедница.
Проширувањето на Унијата започна со падот на железната завеса и веруваме дека тоа нема да запре се додека земјите од Балканот не станат дел од европското семејство. Меѓутоа, клучните прашања се, како целиот тој процес рапидно да биде забрзан и на кој начин тоа да биде направено. Забрзаната македонска интеграција во европските структури ќе резултира со наш севкупен политички, економски и социјален развој. Посветеноста на Унијата во остварувањето на таквата цел, пак, е најсилниот придонес за стабилноста и просперитетот на регионот и на целиот европски континент. Силно сме определени да учествуваме во големиот проект на градење на целосна и слободна Европа. Конечната проценка за успешноста на тој грандиозен потфат не може да биде позитивна доколку во заедницата на демократски и економски просперитетни држави не бидат целосно интегрирани и земјите од нашиот регион. Сега е време за интегрирачки пристап кон западниот Балкан. Сега е време за засилување на евроинтегративниот процес на Македонија. Сега е врема за создавање заедничка и единствена политика кон Балканот. Идеите на Крушевскиот Манифест ја имаат истата визионерска нишка како и ставовите на творците на модерна Европа. На патот од Илинден до Европа, во визиите и делата на македонските преродбеници и дејци, Македонија беше замислена како дом за сите - место чиј што дел се сите оние што сонуваат за светот како поле за културен натпревар меѓу народите.Европскиот идентитет произлегува од идентитетот на секоја од европските нации испреплетени со заеднички културни вредности. Македонскиот идентитет е претпоставка за нашиот европски идентитет. Затоа, името не е споредно прашање. Тоа е темел и столб на нашата европска припадност
Учев средно во Белгија, ако толку те интересира, а сеа студирам на Универзитет Кирил и Методиј, и тоа кај двата кандидата, веќе ако толку те интересира. Друго.
Бај д веј, морам да кажам дека како професори и двајцата се страшно одлични предавачи од мене 10-ки за двајцата и дека кој и да стане претседател ќе изгубиме ние студентите на правниот факултет.
abe aj pa ti sredno u Belgija ...jas osnovno u Solun imam zavrseno :pos2: