Претседателски избори втор круг: Ѓорѓе Иванов е новиот претседател на Македонија!

Кој ќе биде новиот претседател на Македонија?

  • Ѓорѓе Иванов - ВМРО ДПМНЕ

    Гласови: 207 48,3%
  • Љубомир Фрчковски - СДСМ

    Гласови: 143 33,3%
  • Нема да гласам / сеуште не определен

    Гласови: 40 9,3%
  • Ќе го поништам ливчето, не сакам да гласам за ниту еден од кандидатите.

    Гласови: 39 9,1%

  • Вкупно гласачи
    429
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880

член1став3

сеирџија
Член од
10 февруари 2009
Мислења
446
Поени од реакции
13
Што и да ти напишам ти нема да пробаш да разбереш затоа што неќеш да прифатиш ничие мислење.

Претходно имав напишано, Жан ЖАк Русо рекол, секој народ има онаква влада каков што е и самиот.
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Ама сеа ќе се вадиме со реторики или ќе дискутираме :)
Тој е одговорот. Ако сакаш дискусија, почни да одговораш на "обемната" дискусија која ја прескокна прееска.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
разговоров е на ниво на основци, само со поизбран речник.
Дефинитивно. И јас се запрепастив.

Овој Фрчко има програма ?
Да имаше, немаше да „дебатира“ врз основа на лични препирки. Нема.

Разочаран сум генерално до дуелов...ама морам да истакнам дека многу работи не му беа плеснати на Фрчко во лице, но очигледно не се спуштија доволно ниско.
 
Член од
21 февруари 2009
Мислења
1.315
Поени од реакции
47
Што и да ти напишам ти нема да пробаш да разбереш затоа што неќеш да прифатиш ничие мислење.

Претходно имав напишано, Жан ЖАк Русо рекол, секој народ има онаква влада каков што е и самиот.
A be ne kaza kade se skoluvase, na koj univerzitet ili bese nekoj koleg na koj samo plati i glumi student, vo svetot gi ima premnogu takvi bez nikavo merilo.
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Во ред, го прочита моето мислење. Објасни сега како ние ќе станеме членка на НАТО и ЕУ со зачувано име и идентитет ?
-Нема да се брза по секоја цена да се влезе во НАТО и ЕУ како некоја си северна провинција во која живеат жители на Северна Македонија кои го зборуваат јазикот на Северна Македонија!
-Ќе се стои на својот збор и нема лесно да се потпаѓа под притисоците на некои кои ама ич не им е гајле за иднината на оваа земја!
-Да се работи на меѓународна поддршка на нашите ставови!

Кога Грција според тебе под меѓународен притискок би прифатила Северна Македонија со Македонци кои зборуваат Македонски јазик зошто не би инсистирале на Република Македонија со Македонци кои зборуваат Македонски јазик, што всушност е едно исто за Грција?!?
 

член1став3

сеирџија
Член од
10 февруари 2009
Мислења
446
Поени од реакции
13
Ја жалам Македонија со ваква иднина каква што вие ја прикажувате овде на форумов.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Да имаше, немаше да „дебатира“ врз основа на лични препирки. Нема.
.
A, ако тоа шо го кажа Фрчко како вербална програма беше испечатено на лист, ќе се важеше како програма?
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Не батка толку си ногу испран што врска немаш од животот. Сакаш да збориш за историја а немаш ни фактио ни свое мислење.
Ја батка не копирам никого. Имам свое јас за разлика од тебе.
Малку да ја согледаш ситуацијата у земјата ќе ти биде јасно.
Ама ти братче ни си видел подалеку од твојот двор и нема ни да видиш додека си со вакви сваќања. Жално е како тонеме а некои тоа го одобруваат и гордо го бранат.
абе братче камо да можев дворот да си го видам носталгија понекогаш ме фаќа
а во врска со историјата онаа најблиската за нас во НАТО не влеговме заради тоа што сме Македонци
заради тоа што нашата земја е Република Македонија
идентитетот македонски
јазикот македонски
за твоја информација Грција при првата можност ја прекрши спогодбата која и никочаш и не ја потпиша дека ќе не поддржува и нема да не спречува во интеграциите
дај не кружи кажи ни што треба Грујо да направи да го смени името и идентитетот
ајде покажини го патот
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Тој е одговорот. Ако сакаш дискусија, почни да одговораш на "обемната" дискусија која ја прескокна прееска.
Па ти го кажав начинот и цената на нашето Евроатланско интегрирање.
Ти велиш не може така. Во ред.
Објасни како може, ама без трпение спасение :)

Или може или не.
Трето нема.

не бе тебе ти го позајмувам за можеш да престигниш во двата штаба и кај ЛДП и кај СДС
Мали, ај иди играј малку џамлии и не тролувај веќе.

Или уште подобро, јави се на твојот пријател и прашај го како му поминала ступидната емисија наречена касновечерни монолози, или евентулано групна мастурбација.
 

член1став3

сеирџија
Член од
10 февруари 2009
Мислења
446
Поени од реакции
13
A be ne kaza kade se skoluvase, na koj univerzitet ili bese nekoj koleg na koj samo plati i glumi student, vo svetot gi ima premnogu takvi bez nikavo merilo.
Учев средно во Белгија, ако толку те интересира, а сеа студирам на Универзитет Кирил и Методиј, и тоа кај двата кандидата, веќе ако толку те интересира. Друго.

Бај д веј, морам да кажам дека како професори и двајцата се страшно одлични предавачи од мене 10-ки за двајцата и дека кој и да стане претседател ќе изгубиме ние студентите на правниот факултет.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
707
http://www.ivanov.com.mk/images/Brosura.pdf

конкретна програма како што доликува на еден кандидат, ане три празни реченици
во врска со името идентитетот ги имаш првите 7 страници
druze ova eden srednoskolec moze da go napise za edna vecer (prazna retorika) ajde pronajdi mi nacin i konkreten predlog za resenie ..inaku citajki ja programa vo vrska so nadvoresnata politika covek ke si pomisli deka nie nemame nikakov problem so Grcija i deka sme na pragot na NATO i EU :pos2:


МАКЕДОНИЈА: ОДГОВОРНА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА
Република Македонија мора да води одговорна надворешна политика со која ќе се искористат предностите на глобализацијата, а при тоа ќе се зачува македонскиот културен и духовен идентитет. Приоритетите на надворешната политика на Република Македонија ги следат виталните интереси на државата. Во оваа круцијална фаза од нашиот развој, македонската дипломатија има историска можност, но и обврска, да ја интегрира Република Македонија во европското семејство на држави и да помогне во градењето нова иднина за сите македонски граѓани. Во денешни услови внатрешната и надворешната политика се меѓусебно поврзани и без нивна координација не може да има успешно решение на значајните прашања, без разлика дали тие се од политички, економски, научен, образовен или друг карактер. Стратешките определеби на Република Македонија во надворешната политика во континуитет се:
 Европските и евро-атланските интеграции;
 Добрососедски односи врз рамноправна основа;
 Активно учество во регионалните и меѓународните институции и процеси;
 Националната безбедност;
 Политичката стабилност и економскиот развој на Државата.
Надворешната политика е значајна за вклучување на Република Македонија во процесите на глобализација. Македонија мора да води политика со која ќесе искористат благодетите на глобализацијата, а при тоа ќе се зачува во целост и македонскиот културен и духовен идентитет.



МАКЕДОНИЈА: ДЕЛ ОД ЕВРОПСКОТО СЕМЕЈСТВО НА ДРЖАВИ И НАЦИИ
Сега е време за натамошно засилување на евроинтегративниот процес на Македонија. Конечната проценка за успешноста на тој грандиозен потфат не може да биде позитивна доколку во заедницата на демократски и економски просперитетни држави не бидат целосно интегрирани и земјите од нашиот регион. Местото на Република Македонија е во Европската унија. Македонија ја ситуира својата идна позиција во отворена Европа. Наша трајна заложба остануваат европските интеграции. Географската положба, историјата и културата ја чинат Република Македонија составен дел на европската цивилизација. Нашата држава е дел од европскиот простор кон кој припаѓаме културно, цивилизациски и политички. Европската унија е нашата цел. Македонија е дел од Европа и ги негува вредностите на демократија, човекови права и владеење на правото. Македонија е подготвена да го преземе својот дел од обврската за иднината на Европа според вредностите на европската заедница.
Проширувањето на Унијата започна со падот на железната завеса и веруваме дека тоа нема да запре се додека земјите од Балканот не станат дел од европското семејство. Меѓутоа, клучните прашања се, како целиот тој процес рапидно да биде забрзан и на кој начин тоа да биде направено. Забрзаната македонска интеграција во европските структури ќе резултира со наш севкупен политички, економски и социјален развој. Посветеноста на Унијата во остварувањето на таквата цел, пак, е најсилниот придонес за стабилноста и просперитетот на регионот и на целиот европски континент. Силно сме определени да учествуваме во големиот проект на градење на целосна и слободна Европа. Конечната проценка за успешноста на тој грандиозен потфат не може да биде позитивна доколку во заедницата на демократски и економски просперитетни држави не бидат целосно интегрирани и земјите од нашиот регион. Сега е време за интегрирачки пристап кон западниот Балкан. Сега е време за засилување на евроинтегративниот процес на Македонија. Сега е врема за создавање заедничка и единствена политика кон Балканот. Идеите на Крушевскиот Манифест ја имаат истата визионерска нишка како и ставовите на творците на модерна Европа. На патот од Илинден до Европа, во визиите и делата на македонските преродбеници и дејци, Македонија беше замислена како дом за сите - место чиј што дел се сите оние што сонуваат за светот како поле за културен натпревар меѓу народите.Европскиот идентитет произлегува од идентитетот на секоја од европските нации испреплетени со заеднички културни вредности. Македонскиот идентитет е претпоставка за нашиот европски идентитет. Затоа, името не е споредно прашање. Тоа е темел и столб на нашата европска припадност

Учев средно во Белгија, ако толку те интересира, а сеа студирам на Универзитет Кирил и Методиј, и тоа кај двата кандидата, веќе ако толку те интересира. Друго.

Бај д веј, морам да кажам дека како професори и двајцата се страшно одлични предавачи од мене 10-ки за двајцата и дека кој и да стане претседател ќе изгубиме ние студентите на правниот факултет.
abe aj pa ti sredno u Belgija ...jas osnovno u Solun imam zavrseno :pos2:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom