Претседателски избори втор круг: Ѓорѓе Иванов е новиот претседател на Македонија!

Кој ќе биде новиот претседател на Македонија?

  • Ѓорѓе Иванов - ВМРО ДПМНЕ

    Гласови: 207 48,3%
  • Љубомир Фрчковски - СДСМ

    Гласови: 143 33,3%
  • Нема да гласам / сеуште не определен

    Гласови: 40 9,3%
  • Ќе го поништам ливчето, не сакам да гласам за ниту еден од кандидатите.

    Гласови: 39 9,1%

  • Вкупно гласачи
    429
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Трагично е што ниту владата ниту нивниот кандидат немаат никаква линија.

Која е нивната линија ?
Се цитирам пак т.е се ре-цитирам

Ставот на Иванов е повеќе од јасен за тоа. Си кажа човекот дека НАТО може да почека, таму ќе влеземе како македонци, па макар и да не влеземе никогаш.
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Прочитај му ја програмата. :smir:
Дај ми линк каде што пишува дека Иванов со уставното име ќе не внесе во ЕУ и НАТО, па другата недела оберучке идам да гласам за него.....се разбира фактички поткрепено:smir:
Патем да се надоврзам на твоето прашање во потписот. Ќе одговорам со прашање исто така. Ти магистар по психологија си, писател на скај-фај или аналитичар (како сите во Македонија). :)
Не бе другар....гледам у кугла :)
Со какви аналитички податоци и истражувања дојде за тоа што се врти во умот на Груевски, каков е, дали е лидер или манипулатор, која е иднината на Македонија со различните сценарија?...
За ова ќе треба обемен муабет :wink: Во наредна прилика.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Груевски е кај Миленко на гости...
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Се цитирам пак т.е се ре-цитирам
Ставот на Иванов е повеќе од јасен за тоа. Си кажа човекот дека НАТО може да почека, таму ќе влеземе како македонци, па макар и да не влеземе никогаш.
А некој друг рекол дека нема да влеземе како Македонци или...? Не си ми јасен.
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Нека ви служи на честа на сите вас кои потклекнувате под притисоците на јужниве!
НАТО-то ќе постои, и ама баш ништо нема да се смени ако Македонија на есен влезе таму како Северна! Или мислите дека следниот ден откако ќе се случи тоа јужниве ќе ни станат најдобри пријатели и ќе не прифатат како милите соседи Македонци од Северна Македонија?!?!
Би го цитирал "реалниот": Ма даааај.
Толку векови наназад нашите предци без сопствена македонска држава го зачувале нашето свето име Македонија, па срамно е во 21 век во Република Македонија да се размислува за прифаќање на некои одредници наметнати од некој трет!
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Околу гаранциите кои фрчко ги бара за идентитетот?
зар заборавивме дека грција даде гаранција, потпиша документ, во кој се обврзува дека нема да не кочи при влевање во било која организација меѓународна?
дали таа гаранција се испоштува?
дали некоја друга држава од ЕУ им даде забелешка и и рече нешто на грција?
одговорот сите го знаеме нели.
дел од поголемиот пост шо го напишав шо никој не ме искоментира :wink: али нема веза :)

кои се тие гаранции за идентитет?
кој може да ми одговори?
 
Член од
21 август 2008
Мислења
376
Поени од реакции
27
Груевски е кај Миленко на гости...
Аман бе по кој пат?Тoј веќе домашен си стана на Late night show:pos2:

На тема дуел:Катастрофа,ако има уште луѓе што ќе излезат на избори и ќе гласаат за некој од овие кловнови секоја му чест!
Гледам почнаа и полтрончињава да се појавуваат со тврдење дека баш нивниот кандидат го ,,закопал,,другиот...
А МТВ пак е приказна за себе-мизерија!Слободно нека ја распуштат секако се виде дека за к. не вреди:kesa:
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
дел од поголемиот пост шо го напишав шо никој не ме искоментира :wink: али нема веза :)

кои се тие гаранции за идентитет?
кој може да ми одговори?
„Ако со печат на ООН се гарантира дека името на нашиот народ е македонски народ, името на нашиот јазик е македонски јазик, а тоа се клучните точки на кои се потпира националниот идентитет на секој народ, тогаш треба да постигнеме договор. Да го симнеме тоа прашање од дневен ред, да станеме членка на НАТО, да ја отвориме вратата на нашата земја за членство во ЕУ“, рече Црвенковски.
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
„Ако со печат на ООН се гарантира дека името на нашиот народ е македонски народ, името на нашиот јазик е македонски јазик, а тоа се клучните точки на кои се потпира националниот идентитет на секој народ, тогаш треба да постигнеме договор. Да го симнеме тоа прашање од дневен ред, да станеме членка на НАТО, да ја отвориме вратата на нашата земја за членство во ЕУ“, рече Црвенковски.
Бидејки гледам дека сметаш дека имаш некои предвидувачки способности, по потпишувањето на таков договор и со променување на името во Северна Македонија, кажи ми, дали искрено мислиш дека грците би не нарекувале Македонци и нашиот јазик би го нарекувале Македонски јазик и би немало никакви проблеми од нивна страна во патот кон нашите евро-атлантски интеграции?!?
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Бидејки гледам дека сметаш дека имаш некои предвидувачки способности, по потпишувањето на таков договор и со променување на името во Северна Македонија, кажи ми, дали искрено мислиш дека грците би не нарекувале Македонци и нашиот јазик би го нарекувале Македонски јазик и би немало никакви проблеми од нивна страна во патот кон нашите евро-атлантски интеграции?!?
Пријателе, за тоа како грците нас ќе не нарекуваат...ич не ми чуе право да ти кажам.
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Пријателе, за тоа како грците нас ќе не нарекуваат...ич не ми чуе право да ти кажам.
A што е целата поента?! Со ООН, НАТО, ЕУ ли преговараме за името или со Грција?
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
A што е целата поента?! Со ООН, НАТО, ЕУ ли преговараме за името или со Грција?
А ти мислиш дека преговараме за да грците не нарекуваат Македонија/Македонци???
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Аман бе по кој пат?Тoј веќе домашен си стана на Late night show:pos2:

На тема дуел:Катастрофа,ако има уште луѓе што ќе излезат на избори и ќе гласаат за некој од овие кловнови секоја му чест!
Гледам почнаа и полтрончињава да се појавуваат со тврдење дека баш нивниот кандидат го ,,закопал,,другиот...
А МТВ пак е приказна за себе-мизерија!Слободно нека ја распуштат секако се виде дека за к. не вреди:kesa:
темата ја имаш тука
а ако не ја гледаш емисијата секој поарно не коментирај
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom