Претседателски избори втор круг: Ѓорѓе Иванов е новиот претседател на Македонија!

Кој ќе биде новиот претседател на Македонија?

  • Ѓорѓе Иванов - ВМРО ДПМНЕ

    Гласови: 207 48,3%
  • Љубомир Фрчковски - СДСМ

    Гласови: 143 33,3%
  • Нема да гласам / сеуште не определен

    Гласови: 40 9,3%
  • Ќе го поништам ливчето, не сакам да гласам за ниту еден од кандидатите.

    Гласови: 39 9,1%

  • Вкупно гласачи
    429
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 октомври 2007
Мислења
1.482
Поени од реакции
22
Опиши ми како би изгледал денот и што би се сменило на есен кога Северна Македонија би влегла во НАТО?!?
Епа ако толку те интересира прочити малку од програмата на Џолето, како би било кога "ќе" влеземе во НАТО.
Па види ги другите на запад и се ќе ти стане јасно.
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
баш затоа никој нема да не почитува и ќе си имаме проблеми со преговорите, зашто таквите како тебе остапуваат од ставовите и не се почитуваат самите себе
Абе сеа се утепаа од почитување....остај.

Коленици им се тресат коа некој ќе им спомне за нас.
 
G

grande-juve

Гостин
инаку има 3 кандидати за претседател, третиот е Чак Норис
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Епа ако толку те интересира прочити малку од програмата на Џолето, како би било кога "ќе" влеземе во НАТО.
Па види ги другите на запад и се ќе ти стане јасно.
Него го интересира Северна Македонија каква ќе биде кога ќе влезе во НАТО, Ѓоргето за Македонија зборува каква ќе биде кога ќе влезе во НАТО.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Леле овие на Наша ТВ кај Јанко сите го напаѓаат Фрчковски.Изгледа не го разбираат зборот.Искусен и мудар политичар.Ама како го начека да каже дека и тој бил Комунист.:pos2::pos2:
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
707
na ovoj duel Frcko jasno kaza :

megunarodno ime za edna upotreba ,nema promena na ustavno ime , garancii za idenditet

jasno i glasno ....(ne mora da znaci deka jas go opravduvam ovoj predlog)

Gorgi Ivanov kaza : dopolnete :toe:
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Него го интересира Северна Македонија каква ќе биде кога ќе влезе во НАТО, Ѓоргето за Македонија зборува каква ќе биде кога ќе влезе во НАТО.
Ма дааај. Нас не лажеш или сам себе ?

Ај долови ми го моментот кога Ѓоле рекол дека ќе го зачува уставното име ?
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Имаш две опции- НАТО на есен, НАТО не се знае кога, а навидум се водат преговори.
Па, ако е така нека ги прекинат преговорите и да не не лажат сите. Ни Нато ни ништо, да се изолираме ама најозбилно го мислам. Лошото е во тоа што прават некои илузии за преговори.
Фрчко , го менувал ставот. Па нормално,општеството е циклично, се менуваат работите.
Јас бев прв против промена на името и се друго, ама веќе станува повеќе од јасно оти нема бегање од географска одредница. Тоа е.:vozbud:
Не е проблемот географската одредница.
Ако се сеќаваш на последниот предлог од Нимиц, таму стануваше збор не само за промена на името туку и за придавката македонски, која нема да смееме да ја користиме нити за домашна употреба, ревидирање на нашите (не грчките) историските учебници, понатамошни преговори за доутврдување на идентитетот наш :tapp: итн итн.

Грците рекоа дека тоа е нивната црвена линија, а ставот на Фрчко е дека ќе прифати се за да не сме "изолирани".
Значи де факто стануваме нација измислена во 2009 г. ако го прифатиме тој предлог.

Со ваква констелација на нештата, јас би се одлучил за втората твоја опција: НАТО не се знае кога, а навидум се водат преговори.
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Ма дааај. Нас не лажеш или сам себе ?

Ај долови ми го моментот кога Ѓоле рекол дека ќе го зачува уставното име ?
Прочитај му ја програмата. :smir:

Патем да се надоврзам на твоето прашање во потписот. Ќе одговорам со прашање исто така. Ти магистар по психологија си, писател на скај-фај или аналитичар (како сите во Македонија). :)

Со какви аналитички податоци и истражувања дојде за тоа што се врти во умот на Груевски, каков е, дали е лидер или манипулатор, која е иднината на Македонија со различните сценарија?...
 

Акаша

Hydra
Член од
28 мај 2006
Мислења
1.684
Поени од реакции
128
Прилично прости беа и двајцата кандидати, едниот во уста му беше само муабетот... Ја гледам нервозата во против кандидатот, а другиов пак со восочната фигура, по асални дискусии има и во Чек Дис Аут. Пеза се и двајцата. Гласам за Чак Норис.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Баш она што го кажа Иванов ...
Фрчко трча напред со Северна Македонија, на старт им вика на грците ако станам јас претседател сум согласен да биде Северна Македонија, патем ако стане претседател има подршка значи од мнозинство народ ...
е сега шо се дешава ...
грција после избориве продолжуваат преговорите ... и веќе е во предност со името ... веќе знае дека ние сме согласни за северна Македонија ...

НО
каде е ПАКЕТОТ?
фрчко гаранции ќе барал?
од кого?
грција бара промена на се што е македонски (јазик, институции, пасоши итн.) НЕ Е САМО Името до кога да се повторуваме ...


Фрчко манипулира на начин - го залажува народот дека сето ова ќе се решело за некој месец ... ?!?!? не е можно тоа ... - факт, само придобива гласови кои сакале ЕУ НАто како Зоне и мартинбт и кои ќе зимале 1500евра плата од тој момент. ...

имаше една тема НАТО и ЕУ или Името ...
јас би ја поставил
НАТО и ЕУ / Се што е Македонија (Каледонија, Каледонски Јазик, Каледонски Институции, Каледонец)

значи да не се залажуваме дека за некој месец ќе сме влегле нато еу без да се одкажеме од се Македонско, да ја согледаме реалноста и дипломатски да ги заебеме грците, или пак ако нема Македонци веќе во Македонија тогаш да даеме газ ... друг избор нема ...

за да ги заебеме грците дипломатски треба обединето да истапиме со политика без многу инат (иако морам да признаам ми прави кеиф инатот на Груевски и неговите контрирања), јас незнам и се пражувам каде е МАНУ ... пази Академици еј ... каде се они да завземат став ... Историчарите кај се?? голема грешка правиме шо сами меѓу себе се делиме околу Македохнското прашање и идентитетот наместо да бидеме обединети околу тоа. зошто јавно пред медиуми и светска јавност некои „политичари“ и експерти на секој можен начин ја оцрнуваат Македонија тоа не ми е јасно.

некој спомна било кој да е ќе го смени името.
прво не е само Името у прашање (ќе се повторам)
второ: велите едните подоцна другите порано.
јас велам едните се борат за интересите на Македонија.
а другите кои побрзо би го направиле тоа веќе се предале.(бело знаменце)
:smir:

едит: Околу гаранциите кои фрчко ги бара за идентитетот?
зар заборавивме дека грција даде гаранција, потпиша документ, во кој се обврзува дека нема да не кочи при влевање во било која организација меѓународна?
дали таа гаранција се испоштува?
дали некоја друга држава од ЕУ им даде забелешка и и рече нешто на грција?
одговорот сите го знаеме нели.


се извинувам ама ќе се повторам за тие шо не ме прочитале и повторно името името ...
не е само ИМЕТО.
 
Член од
27 октомври 2008
Мислења
1.680
Поени од реакции
266
Мој фаворит беше Нано Ружин, но за жал очекувано испадна во првиот круг.

Со оглед дека претседателот и нема којзнае кои ингеренции а апсолутизмот е опасна работа, својата подршка му ја давам на како што вмровци милуваат да кажат, помалото зло.
ostaj sea vmrovci....vo vrska so recnikot na omalovazuvanje de ...frle se izbruka na pet ses pati vo duelot so negoviot odnos ko gole...iskreno mislam deka ni edniot ni drugiot gi biva ama na duelov frle go dobre dnoto so svojot recnik
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Грците рекоа дека тоа е нивната црвена линија, а ставот на Фрчко е дека ќе прифати се за да не сме "изолирани".
Трагично е што ниту владата ниту нивниот кандидат немаат никаква линија.

Која е нивната линија ?
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Трагично е што ниту владата ниту нивниот кандидат немаат никаква линија.

Која е нивната линија ?
Која е линијата на Фрчко и СДС? Постои или е хипотетична. Можеби пак вертикална, што звучи рационално бидејќи константно потпаѓаат под границите на почит, став и лидерство кои оваа Влада ги поставува и ги зголемува со својата работа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom