Претседателски избори втор круг: Ѓорѓе Иванов е новиот претседател на Македонија!

Кој ќе биде новиот претседател на Македонија?

  • Ѓорѓе Иванов - ВМРО ДПМНЕ

    Гласови: 207 48,3%
  • Љубомир Фрчковски - СДСМ

    Гласови: 143 33,3%
  • Нема да гласам / сеуште не определен

    Гласови: 40 9,3%
  • Ќе го поништам ливчето, не сакам да гласам за ниту еден од кандидатите.

    Гласови: 39 9,1%

  • Вкупно гласачи
    429
Статус
Затворена за нови мислења.

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Па јас не сакам да влезам во ЕУ. Бев во Романија пред 2 години и тие се многу посиромашни од нас. И никој не е среќен со тоа што се во ЕУ.
Проблемот е во тоа што некој ветува и зачувано име и НАТО и ЕУ, само заради зачувување на неговиот личен рејтинг.
Мислиш дека ја зборува вистината ?
 
Mangavadu

пролетер
Член од
23 март 2009
Мислења
695
Поени од реакции
42
Проблемот е во тоа што некој ветува и зачувано име и НАТО и ЕУ, само заради зачувување на неговиот личен рејтинг.
Мислиш дека ја зборува вистината ?
Знам дека не ја зборува вистината. Ама јас не ја сакам ни хомо-ЕУ ни па НАТО.
 
Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
СДСМ на овие локални избори освои околу 300 илјади гласови
Победивме во неколку града во првиот круг, водиме во многу општини, а има уште многу места каде ќе биеме изденачена битка во вториот круг, изјави попладнево на прес-конференција лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Тој им честиташе на граѓаните зашто, како што рече, најмногу придонеле за Македонија да покаже дека има демократски капацитет, а изборната победа им ја честиташе на сите градоначалници и советници кои победиле во првиот круг, и од власта и од опозицијата. Гласовите за нивните кандидати, според Заев, е знак дека се враќа довербата во СДСМ.
- Уверени сме дека во останатите 15 дена од кампањата овој резултат можеме да го подобриме, рече Заев.
Според претседателскиот кандидат од СДСМ Љубомир Фрчкоски, во вториот круг ќе ги реорганизираат гласовите од останатите кандидати.
- За вториот круг ќе се обидеме да ги реорганизираме гласовите на сите останати кандидати кои имаат програма за брз влез во НАТО – во еден единствен блок, наспроти владиниот кандидат кој останува сам на анти-НАТО позиција. Сметаме дека тоа е основата за победата во вториот круг гласање на 5 април, рече Фрчкоски.
Според него, наспроти гласовите за Иванов, во првиот круг има околу 560.000 гласови за другите кандидати кои, како што рече, сите биле на иста позиција - брз влез во НАТО. - Сметаме дека ќе добиеме најголем дел од тие гласови. Успешноста на таа акција ќе се види во вториот круг, додаде Фрчкоски.
Во одговор на новинарско прашање, лидерот Заев рече дека денеска се договара како СДСМ ќе ја води изборната кампања за вториот круг на изборите. - Нема да одиме со масовни митинзи како за првиот круг, но сигурно ќе ги посетиме населените места, сите градови и села во Македонија за да бараме дополнителна поддршка за победа на изборите, рече Заев.

извор

Зш мислам дека премногу се надеваат на гласови од другиве? :tv:
 
Mangavadu

пролетер
Член од
23 март 2009
Мислења
695
Поени од реакции
42
СДСМ на овие локални избори освои околу 300 илјади гласови
Не знам зошто ама не им верувам. Вчера рекоа дека воделе во Карпош Центар и Аеродром, а водат само во Карпош, а Аеродром изгуија уште во прв круг. Можеби имаат 220 000 гласа па заокружиле на 300 000. Не е лесно да признаеш дека губиш!
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Проблемот е во тоа што некој ветува и зачувано име и НАТО и ЕУ, само заради зачувување на неговиот личен рејтинг.
Мислиш дека ја зборува вистината ?
1. Сите ветуваат влез у ЕУ и НАТО
2. Сите кажуваат компромис со името

разликата е во ставот околу државните интереси и зачувување на идентитетот Македонски ...
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Во опозицијата моментално не постои таква нова личност која е спремна да ја демаскира ова погубна политика.

Груевски (свесно или несвесно) му го расчисти патот до тронот на Бранко.
Не е точно, јас знам најмалку еден до двајца со голем капацитет, проблемот е што треба малку да прочепкатае во подолните ешалони во општините и ќе почнете помеѓу помладите да наоѓате и те како способни луѓе. Наместо тоа тие се деградирани и нивниот елан и енергија се исцрпува во борбата за да стигнат во повисоките ешалони каде што ќе можат да бидат видени од моменталната сива еминенција.

Проблемот е во тоа што некој ветува и зачувано име и НАТО и ЕУ, само заради зачувување на неговиот личен рејтинг.
Мислиш дека ја зборува вистината ?
Исто така има некој што ветува дека со променето име за надворешна употреба а зачувано иставно и зачуван идентитет ќе влеземе и во ЕУ и во НАТО, дали ти мислиш дека и тој ја зборува вистината?

Пивце во центар води тодоровиќ (тинекс) предложен од дпмне со 10499 гласови пред Мирослав Вујиќ од сдс со 9423 гласови. Официјални првични резултати според ДИК до 13:00 часот на 23.03.1009
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
544
Од овие двајца би гласал за Фрчко доколку би имал право на глас.
Иванов во никој слулај не е за претседател, својата работа си ја врши добро, ама за претседател тешко, па не знае две реченици да склопи бе.
И Фрчко е далеку од идеален за претседател, ама многу подобар избор е во однос на Иванов, човекот има 10 пати поголема интелигенција од Ѓорге.
Штета што Иванов ќе победи, ама па и Боки 13 да беше кандидат на ВМРО ќе победеше.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248

Па гласајте и вие од СДС за Фрчко и нека добие, што да правиме кога се побројни и ќе го изберат Иванов.
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
1. Сите ветуваат влез у ЕУ и НАТО
2. Сите кажуваат компромис со името

разликата е во ставот околу државните интереси и зачувување на идентитетот Македонски ...
За идентитетот и јазикот нема компромис.

И ај молим те доливи ми ја таа разлика во ставовите на претседателските кандидати.

Не е точно, јас знам најмалку еден до двајца со голем капацитет, проблемот е што треба малку да прочепкатае во подолните ешалони во општините и ќе почнете помеѓу помладите да наоѓате и те како способни луѓе. Наместо тоа тие се деградирани и нивниот елан и енергија се исцрпува во борбата за да стигнат во повисоките ешалони каде што ќе можат да бидат видени од моменталната сива еминенција.
Прашањето околу тоа кој може да ја демаскира и раздрма ова власт, не се сведува на лични афинитети туку на проценката кој е способен да го направи тоа.
Исто така има некој што ветува дека со променето име за надворешна употреба а зачувано иставно и зачуван идентитет ќе влеземе и во ЕУ и во НАТО, дали ти мислиш дека и тој ја зборува вистината?
Да. Истото пред осум месеци го изјави лично Ѓорѓе Иванов.
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
За идентитетот и јазикот нема компромис.

И ај молим те доливи ми ја таа разлика во ставовите на претседателските кандидати.

Прашањето околу тоа кој може да ја демаскира и раздрма ова власт, не се сведува на лични афинитети туку на проценката кој е способен да го направи тоа.
Да. Истото пред осум месеци го изјави лично Ѓорѓе Иванов.

Точно заедно со со сите останати, а јас на никој од нив не им верувам вклучително и на иванов.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
За идентитетот и јазикот нема компромис.

И ај молим те доливи ми ја таа разлика во ставовите на претседателските кандидати.

Да. Истото пред осум месеци го изјави лично Ѓорѓе Иванов.
За идентитетот и јазикот нема компромис. - точно
Тоа јасно го кажа Иванов, и да истото го изјави пред неклолку месеци ... но името во билатералните односи со грците друго ... во уставот и во комуникација со трети држави Македонија ...
фрчко не кажа јасен став ... само кажа компромис за името и влез во ЕУ НАТО ... сепак поради неговото минато и неговите минати ставови ... и неговата наклонетост кон политиката на грците и наклонетост кон пари и ролекси - едноставно не му верувам ама ИЧ.
другите кои отпаднаа за у 2круг и у кого Македонија нема доверба не ги ни коментирам ... љубе и нано беа сателити кои се избламираа .. на дебатата љубе не ни знаеше шо зборуе ...
едит: факт: се разбира гласав за Иванов поради довербата кон Груевски ...
очекувам пред 2круг дуели ... за кои и Иванов рече дека ќе ги има ... па да видиме ...
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Јас немаше да гласам и да бев во Македонија, ама ќе се потрудам да ти објаснам зошто би претпочитала да ми биде Фрчковски претседател:
-Пред се поради тоа што е бистар. Јас не знам каков е Иванов на предавања (иако цврсто стојам на тоа дека не може да е на предавања генијален и енергичен, а на другите места да е муле што не знае да гукне), ама мене ми треба претседател кој знам дека ќе има интелигенција, брза мисла, енергичност. Фрчковски е ѓубре, ама е паметен човек. Жалам, ама Иванов ни оддалеку не ме убеди дека е таков.
-Следно, поради тоа што никако не можам да си се идентификувам со Иванов, таква безлична, бледа фигура како него не сакам да биде некој кој ќе ја води Македонија. Фрчковски е речит (вулгарен и нападен, но страшно речит), претставителен, убедлив. Иванов покрај него е... Dude на кој од жал сакаш да му купиш спрајт и чунга лунга:)
-Патетичната кампања на Иванов! Делења лабела, чадори и мантили против дожд? Следно очекував да ме известат дека почнале по митинзи хигиенски влошки да делат, жими се! Не знам од каде на ВМРО пари за ваква испаничена и ретардирана кампања... И тоа што е претсавен како фин семеен човек, во домашна атмосфера кај што жена му меси пита прави да ми се повраќа!
-Ќе го цитирам Фрчковски „Што би рекол народот, ВМРО со нивниот рејтинг и магаре да врзеше - ќе победеше... И го врзаа...“. Добро, до толку да не се знаело да се одбрани себеси и својот образ!? После толку навреди, провокации и исмевања, кутриот Иванов не успеа да склепа ништо кое би го искористил во своја корист! Ако не може СДСМ да ги побие, замисли го тоа гревче седнато спроти некој сериозно агресивен, како Грците, да речеме... Ќе го изедат дур да отвори уста...
-И за крај, совршено лична причина - зошто не успеа да ме придобие, а не му требаше многу! По дифолт сум против СДСМ, алергија ми избива од нив и имам кажано дека побрзо раката би си ја пресекла отколку да заокружам нивен кандидат... Требаше многу малку за да Иванов ме придобие и убеди дека тој е вистинскиот човек за Македонија... Жално...
najtocno...i sekoj koj od nadvor gleda vo toa getoto...more TRLOTO...jasno mu e sto kazuvas.....od druga strana gledam deka narod i ne e taka glup....Gjorge od Bosilegradsko, predsedatelskiov kandidat.............. i ne VODI TAKA UBEDITELNO ....kako sto bi trebelo spored vlozenoto vo nego......:)
 
Mangavadu

пролетер
Член од
23 март 2009
Мислења
695
Поени од реакции
42
Напишано од Анастазија
-Следно, поради тоа што никако не можам да си се идентификувам со Иванов, таква безлична, бледа фигура како него не сакам да биде некој кој ќе ја води Македонија. Фрчковски е речит (вулгарен и нападен, но страшно речит), претставителен, убедлив. Иванов покрај него е... Dude на кој од жал сакаш да му купиш спрајт и чунга лунга:)
Ако оваа девојка се идентификува со тепач на жени (говедо), тогаш има сериозен проблем со личноста. Или сака некој хард-кор секс (нека дае број да и се јавам), или па е лезбос. Јас друго објаснување неам.
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
За идентитетот и јазикот нема компромис. - точно
Тоа јасно го кажа Иванов, и да истото го изјави пред неклолку месеци ... но името во билатералните односи со грците друго ... во уставот и во комуникација со трети држави Македонија ...
А во ООН ?
фрчко не кажа јасен став ... само кажа компромис за името и влез во ЕУ НАТО ... сепак поради неговото минато и неговите минати ставови.....
Појасен став оклу името од оној на Фрчко....здравје :toe:
едит: факт: се разбира гласав за Иванов поради довербата кон Груевски ...
Уште еден факт дека Иванов само ќе биде марионета на Груевски.
очекувам пред 2круг дуели ... за кои и Иванов рече дека ќе ги има ... па да видиме ...
Бомо видели, ама чисто се сомневам.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248
200.316 гласа Освоил фрчко, значи СДС нека не се надеваат дека ќе добијат на следните парламентарни, значи уште му паѓа рејтингот, за разлика од лани освоија 230.000.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom