Јас немаше да гласам и да бев во Македонија, ама ќе се потрудам да ти објаснам зошто би претпочитала да ми биде Фрчковски претседател:
-Пред се поради тоа што е бистар. Јас не знам каков е Иванов на предавања (иако цврсто стојам на тоа дека не може да е на предавања генијален и енергичен, а на другите места да е муле што не знае да гукне), ама мене ми треба претседател кој знам дека ќе има интелигенција, брза мисла, енергичност. Фрчковски е ѓубре, ама е паметен човек. Жалам, ама Иванов ни оддалеку не ме убеди дека е таков.
-Следно, поради тоа што никако не можам да си се идентификувам со Иванов, таква безлична, бледа фигура како него не сакам да биде некој кој ќе ја води Македонија. Фрчковски е речит (вулгарен и нападен, но страшно речит), претставителен, убедлив. Иванов покрај него е... Dude на кој од жал сакаш да му купиш спрајт и чунга лунга
-Патетичната кампања на Иванов! Делења лабела, чадори и мантили против дожд? Следно очекував да ме известат дека почнале по митинзи хигиенски влошки да делат, жими се! Не знам од каде на ВМРО пари за ваква испаничена и ретардирана кампања... И тоа што е претсавен како фин семеен човек, во домашна атмосфера кај што жена му меси пита прави да ми се повраќа!
-Ќе го цитирам Фрчковски „Што би рекол народот, ВМРО со нивниот рејтинг и магаре да врзеше - ќе победеше... И го врзаа...“. Добро, до толку да не се знаело да се одбрани себеси и својот образ!? После толку навреди, провокации и исмевања, кутриот Иванов не успеа да склепа ништо кое би го искористил во своја корист! Ако не може СДСМ да ги побие, замисли го тоа гревче седнато спроти некој сериозно агресивен, како Грците, да речеме... Ќе го изедат дур да отвори уста...
-И за крај, совршено лична причина - зошто не успеа да ме придобие, а не му требаше многу! По дифолт сум против СДСМ, алергија ми избива од нив и имам кажано дека побрзо раката би си ја пресекла отколку да заокружам нивен кандидат... Требаше многу малку за да Иванов ме придобие и убеди дека тој е вистинскиот човек за Македонија... Жално...