Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Захир од Пауло Коелјо

Доста интересна книга...
 
Катедралата на морето-Илдефонсо Фалконес ја дочитав пред малце,иако темава е што читаме во моментов но морав да пренесам тука импресии дека е една од најубавите книги што сум ги читала.
Инаку ја почнав Никаде без ќерка ми-Бети Махмуди и очекувам добра приказна.

Во еден викенд прочитав две книги, сега се префрлив на трета. Не знам што ми стана, ама најверојатно беше до книгите, толку интересни, буквално ги голтав страниците..:pipi:
Првата е псоледниот дел од трилогијата за принцезата Султана, т.е. "Прстенот на принцезата Султана". Совршено раскажена вистинска животна приказна, како црешка на шлагот односно крајот на трилогијата. Значи ја обожавам Џин Сасон, навистина преубаво напишани книги:pipi:

Втората е "Моќта на соблекувањето" од Стефани Леман. Интересна книга, ама навистина не би сакала да имам живот ко таа девојка(не, не е курва, туку мајка и е стриптизерка:)) Сепак, многу интересна книга

Сега ја читам "Црно семе" од Горан Стефановски. Мрзам да читам за мачење на македонците, иако тоа е вистина, ама за матура ми е така да немам избор..:nesum:
Ги замразив грците многу,многу многууу откако ја прочитав таа тема,не сум националист али кога ќе ми текне што им правеле на нашите луѓе не сакам ни да слушнам за нив.Има и филм мислам... ама кажи колку е гнасно кога ќе го затворат во вреќа со мачка и во вода кога ќе го пикнат.Бљљљљљљљљљљљљљаааааааааааккккккккк

Кодот на Да Винчи конечно почнав да ја читам :je:
Сигурна сум дека досега ти е прочитана т.е досега 10 пати ќе ја прочиташе.Ден Браун,ќе му ги обожаваш трилерите.
 
Вчера ја дочитав „Страдањата на младиот Вертер“ од Гете.

Книгава се чита доколку сте во некое романтичарско расположение доколку сакате да ја доживеете на вистинскиот начин инаку ќе ви се чини како тупење и ќе почнете да го пцуете главниот лик. Изобилува со емоции, описи на природата и љубовни копнежи. Завршува типично за едно романтичарско дело, нема да откријам како... :)
 
Вчера ја дочитав „Страдањата на младиот Вертер“ од Гете.

Книгава се чита доколку сте во некое романтичарско расположение доколку сакате да ја доживеете на вистинскиот начин инаку ќе ви се чини како тупење и ќе почнете да го пцуете главниот лик. Изобилува со емоции, описи на природата и љубовни копнежи. Завршува типично за едно романтичарско дело, нема да откријам како... :)


Јас ке додадам, пред Божиќ се самоубива :)
 
Ја читам Гол Човек од Игор Џамбазов. Кул книга и вреди да се прочита, мене ми е доста интересна.
 
Агонија и Екстаза - Ирвинг Стоун
..али застанав пред некое време.. Немав кога да седнам да читам.. Али треба да продолжам да си ја дочитам книгата бар..
Прекрасна книга за животот на Микеланџело.. Кој ја нема читано трк у библиотека.. :pipi:
 
Само што ја дочитав Никаде без ќерка ми-Бети Махмуди.Книгава ме остави без зборови,го симнав и филмот и него го гледав.Едноставно..книгата е нешто што мора секој еден да го прочита.
Сега ќе ја читам Тајни од Даниела Стил.
Јас и мојата константна книгоманија.
 
Се за детето на Ник Хорнби.
На моменти често здодевен роман, кој изобилува со 15 страни описи на небитни ствари (ај хејт дет), но кога се решив да се откажам од читање и да се префрлам на нешто друго, се деси добар пресврт во книгата, па сега за сега ми е читлива.Сепак, нат ту мач:toe:
 
Во моментов читам една книга за Тито :toe:
 
Дигитална тврдина - Ден Браун. Лесна литература, одлична за одмарање на сиви ќелии, полна со динамика.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom