Балкански менталитет!
Платен стан, храна и цигари
Ни за 1.000 евра никој не сака да биде овчар!
Минатата година Македонците не сакаа да работат како овчари во Црна Гора, за плата слична на онаа што ја нудат Хрватите. Се чини луѓето се срамат да бидат овчари, но не се срамат да питаат, крадат и да работат на црно
Сточарите во местото Промина во Хрватска со години бараат луѓе кои би работеле како овчари. И покрај високата плата од 1.000 евра, платената станарина, храна и кутија цигари дневно, за оваа работа нема интерес. Поради недостигот на овчари, Хрватска дозволила "увоз" на десетици овчари. Сточарите велат дека со ваквата одлука на државата им помогнала, бидејќи претходно биле во ситуација да нема кој да ги однесе овците на пасење.
- Еден проблем ни се реши. Со години мака мачиме поради недостигот на овчари. Тоа беше и причината поради која Здружениети на овчари и козари минатата година од ресорното министерство побара увоз на работна сила - вели сточарот Мирко Валиџиќ од Слободна Далмација.
Тој тврди дека на Хрватите им нудел плата од илјада евра под услов да потпишат договор дека ќе му чуваат 600 грла барем една година.
- За жал, никој не се јави на таквиот повик. Еднаш се јави еден брачен пар кој останал без работа, но потоа се премисли. Рекоа: "Што ако некој не види дека чуваме овци" - додава Валиџиќ.
Но она што не сакаат да го работат Хрватите, сакаат да го работат Романците и Босанците. Последните неколку години во околните села најценетите овчари биле од Романија. Тие во тој крај биле најбројна увозна работна сила. Работеле и како овчари и како градежни работници.
- Сега на привремена работа во дрнишкиот крај има најмалкуу 50 Романци. Кога видов дека бадијала ги молам домашните работници да работат како овчари, отидов до Романија. Бев во крајот каде што живеат Хрвати и така привремено го решив проблемот. Проминските сточари во овој момент имаат повеќе од седум илјади овци и исто толку јагниња - вели Валиџиќ.
Тој овчари барал и преку Заводот за вработување, сметајќи дека барем некој од седум илјади незапослени во Жупанија за плата од 1.000 евра радо би работел и како овчар.
- Речиси бев исмеан. Иако покрај платата давам и сместување, храна, кутија цигари дневно и ваучер за мобилен, мојата понуда беше смешна - раскажува Валиџиќ.
Освен како овчари, Хрватите не сакаат да работат ни како работници во полјоделство. Минатата година во Далмација немало доволни работници за берба на грозје.
И Македонците со ист став како Хрватите. Минатата година Македонците не сакаа да работат како овчари во Црна Гора, за плата слична на онаа што ја нудат Хрватите. Се чини луѓето се срамат да бидат овчари, но не се срамат да питаат, крадат и да работат на црно.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=F6297FFDC6BA9440AA658443944C2494