„Охрид за главен град на Македонија“

  • Креатор на темата Креатор на темата Македон91
  • Време на започнување Време на започнување

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
121
Нудистички плажи, јавни куќи, Охрид за главен град на Македонија се само едни од многуте работи кои деновиве им се нудат на охриѓани од кандидатите за градоначалници. Градоначалничката фотелја во Охрид е повеке од атрактивна поради фактот дека Охрид е главен туристички центар во Македонија.

Дури шестмина кандидати влегуваат во трката по гласови. Актуелниот градоначалник Александар Петревски и кандидат за уште еден мандат на големо ја поддржува идејата за нудистички плажи и јавни куќи низ Охрид.

„Јас на тоа прашање кажав дека секој еден туристички град секој еден град кој тежнее да има елитен туризам, да има туризам како што има Дубровник и другите градови и нормално е такви работи да дојдат во Охрид. Такви работи какви што се нудистички плажи и јавни куќи."

Главен град

Покрај голите плажи и анимир дамите, кандидатот за градоначалник од НСДП Ацо Попоски, вели дека Охрид треба да биде главен град на Македонија „За мене Охрид е главен град во вистинска смисла на зборот. Таа порака сакам да им ја всадам на охриѓани во нивните души, срца, да можеме Охрид да го издигниме во вистинска смисла со параметри на еден модерен и трансформиран град.“

Актерот Жанко "з'ш" Голабоски има серија препораки за идниот градски татко. „Нека се направи за странските туристи на пример како се ловело на времето пастрмка. Нема тој да уловит еден тон ке улови една пастрмка.
Имаме Билјанини извори а немаме Билјана. Не мора постојано, може во одреден период од денот едно играорно друштво од десет девојки во народна носија на странците да им се покажит како платно се бели.“

За Сузана Вренцоска, новинар во локалниот весник Амак и Соња Рилкоска, новинар во Независна телевизија, она што како приказна за Охрид го продаваме во светот ни приближно не е со она што туристите можат да го видат овде . „Со еден збор може да се каже дека ние лутаме во туризмот немаме правец каде се движи нашиот туризам во Охрид.“

„Јас сметам дека на Охрид му фали анимација, премногу е мртво во зимскиот период.“ За граѓаните со кои разговаравме болна точка за Охрид е инфраструктурата. Ако сликата во центарот е една периферијата на градот е тотално запоставена, велат охриѓани. „Се копа преку асфалтот па не се завршуваат работите и се оставаат така дупки“.

„Нас ни фали во Охрид да дојдат Германци да се направат плажите и да се направи вистинско туристичко место“. „Во Грашница и во Воска не е направено, од турско е така оставено.Реката смрди, а туристички град сме.“

Коефициенти

Низ обложувалниците во градот деновиве се фрла и по некоја пара. Се типува на кандидатите. Излегува дека надежите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Кирил Трендафилов-Нанче и Петрески се пата-пата. Коефициентот за нив е ист, односно 1,8. За другите кандидати коефициентот се движи од 10 па до 50. Од почетокот на кампањата повеке од 3000 охригани се обложиле за својот фаворит.

Извор: BBCMacedonian.com

-------------------------------------------------------------------------------------------

Што мислите, кои се најважните работи кои му фалат на Охрид? Кои работи се недовршени, кои воопшто не се почнати, што ви недостасува во Охрид?

Според мене, најважниот приоритет за еден модерен туристички град е инфраструктурната мрежа и поврзаноста на градот со останатиот дел од Македонија. Постојната инфраструктура (посебно патниот правец Охрид-Св. Наум) е на катастрофално ниво.

Град кој сака да се развива и да придобива туристи од целиот свет треба првин тоа да им го овозможи преку градење на современ (авто)пат (проектот стар веќе 30 години), преку поправка на стариот пат од св. Стефан до св. Наум кој има безброј дупки, особено потегот кај нас. Лагадин кој летно време претставува црна точка и место каде што се случуваат многубројни несреќи.
Уредувањето на плажите ни е на незавидно ниво. Оние плажи кои се дадени под концесии се колку-толку уредени, меѓутоа останатите се претворени во депонии за отпад и паркиралишта. Нема доволно канти за отпадоци, тоалети, простор за рекреација и спортски активности и сл.
Oва се само мал дел од работите кои му фалат на Охрид за поагресивна туристичка промоција, за можност да привлече повеќе туристи.

Ветувањата на кандидатите за градоначалник се амбициозни и оптимистички, меѓутоа прашање е колку тие се остварливи на дело. Дали духовниот центар на Македонија и срцето на словенската писменост на Балканот ќе добие нешто од предизборните ветувања?
 
ццц Каков главен град бе со 30 000 народ :jaj: Поарно Струмица( ама нема аеродром :( )да е неголи Охрид ...
 
ццц Каков главен град бе со 30 000 народ :jaj: Поарно Струмица( ама нема аеродром :( )да е неголи Охрид ...

Прочитај ја темата пред да лупнеш нешто. Се мисли на значењето на Охрид како културен, духовен, туристички и историски центар. Инаку градот има околу 50.000 жители.
 
Ако треба да бираме нов главен град тогаш секако тоа би била БИТОЛА...
Поради нејзината конзулска историја...
 
За да не одиме многу надвор од темата, ви предлагам да се осврнете на болдираното.
 
Македон одлична тема, само сите некако се под импресија на насловот и затоа така одговараат
побарај да ти го променат насловот за да не дојде до оф-топици понатаму

Да многу работи му фалат на Охрид за да се досреди и за да добие епитет на познат туристички и културен центар во Европа, но да не заборавиме дека е потребна пред се агресивна маркетинг кампања по странските медиуми за сето тоа да дојде до израз:smir:
 
Јас мислам дека Охрид треба да стане главен град и се да се префрли таму и конечно раат во Скопјево.
 
Македон одлична тема, само сите некако се под импресија на насловот и затоа така одговараат
побарај да ти го променат насловот за да не дојде до оф-топици понатаму

Да многу работи му фалат на Охрид за да се досреди и за да добие епитет на познат туристички и културен центар во Европа, но да не заборавиме дека е потребна пред се агресивна маркетинг кампања по странските медиуми за сето тоа да дојде до израз:smir:

Да, се сложувам ќе направиме реклама, но кога ќе дојдат туристите што ќе видат? Раскопани улици и булевари, дупки и шахти насекаде, отворена канализација, питачи во централното јадро на градот, сето тоа е грда слика за Охрид, за градот кој сака да биде не само македонски туку и балкански Ерусалим, балканска "мека" за сите туристи.
 
Ако треба да бираме нов главен град тогаш секако тоа би била БИТОЛА...
Поради нејзината конзулска историја...
И поради инфраструктурата и аеродромот. Сарказам :nesum:
Македонија нема никогаш да има друг главен град освен Скопје. ;)

Охрид нека остане туристички и културен град, но не и главен. И секако, нека поработи на развивање на туризмот.
 
Тоа е јасно, меѓутоа насловот е изваден од цитат на еден кандидат за градоначалник, односно не ја отсликува цела тема. Охрид треба да стане нешто како што е Истанбул за Турција на пример, не е главен град, но е поважен и од главниот град, има поголема историска, културна, духовна, туристичка димензија од Анкара.
И уште еднаш ќе повторам, фокусирајте се на целата тема, посебно на болдираниот дел (прашањата), а не само на насловот.
 
toa ne e mozno...ohrid nikogas ne moze da bide glaven grad
 
Точно, Скопје не треба да е главен град.
Главен град треба да си биди, оној град кој и Султанот го користел како главен во тогашните освоени Балкански држави.

БИТОЛА, Охрид Че почека, се уште не е дораснат како философија да по улиците негови чекорат благородни нозе.
 
За да не одиме многу надвор од темата, ви предлагам да се осврнете на болдираното.

Ми фали едно лето да го видам Охрид без да биде градилиште...
Ми фали хигиена на плажите, ми фали инфраструктура, ми фалат патеки за точаци...Ми фалат многу нешто....
Туризмот во Охрид се одвива сам по себе , од природата што господ ни ја дал, инаку ако се остави на спосбноста на туристичките работници веднаш ке пропаднеме...
Како и да е фалат многу работи...
А слушам градоначалникот сакал да прави некој модерни објекти во стариот дел, што ќе го закопа Охрид...
 
Ова сеуште е како предлог за ДУП, меѓутоа наиде на жестоки критики од граѓаните и од експертите, така да не верувам да се донесе новиот ДУП со кој ќе им се овозможи на локалните моќници да ја нарушат автохтоната архитектура на стариот Охрид.
 
Да, се сложувам ќе направиме реклама, но кога ќе дојдат туристите што ќе видат? Раскопани улици и булевари, дупки и шахти насекаде, отворена канализација, питачи во централното јадро на градот, сето тоа е грда слика за Охрид, за градот кој сака да биде не само македонски туку и балкански Ерусалим, балканска "мека" за сите туристи.

Тоа е реалноста за жал не само во Охрид, туку во сите останати општини во Македонија
Се надевам дека идниот градоначалник кој и да биде ќе се заложи за тие работи да се средат.
сепак мислам дека за разлика од другите градови, Охрид оди напред, сети се каков беше пред 10 год на пример, а каков е сега- чаршијата што се вика е нова, за Плаошник и анфитеатар да не правиме муабет. Значи се создадоа атрактивни места кои се привлечни за туристите.
Центарот е според мене е добар, и имаме со што да се гордееме, а тоа со другите делови од Охрид е навистина жално, на пример Железничка, кога ќе дојде време конечно да се дотера таа улица, не знам

Како и да е, сепак мислам дека пред се е потребна една сериозна стратегија со конкретни чекори и насоки како да го промовираме Охрид во светските очи, и да се надеваме дека конечно ќе се преземат поконкретни мерки за "поправање на дупките и недостатоците" и на останатиот дел од градот
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom