За да не отварам нова тема.
http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=48428&mid=1500&tabId=1&tabindex=0
Дебата во Софија: „Има ли македонско малцинство во Бугарија или не?“
Предмалку тука во Софија започна дебатата организирана од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Бугарија на тема„Има ли македонско малцинство во Бугарија или не?“
Дебатата е испровоцирана од статија објавена во месечното списание на Хелсиншкиот комитет Објектив, каде авторот на текстот, Михаил Иванов, ја признава македонската нација но тврди дека во Бугарија не пости македонско малцинство. Својата теза Иванов ја објаснува со тоа што Бугарите и Македонците имале иста религија, иста националност и зборувале на ист јазик.
На дебатата учествуваат претседателот на Хелсишкиот комитет Красимир Канев, претседателот на ОМО Илинден Пирин Стојко Стојков и главниот уредник на месечното списание на комитетот- Објектив Јан Пирински. Иако поканет, авторот на статијата, кој своевремено бил и советник на бугарскиот претседател Жељу Желев не се појави.
Претседателот на Хелсиншки Канев, рече дека во Бугарија има многу тези за македонската нација и малцинство во Бугарија.
Ако илјадници луѓе тука се определиле како Македонци неможеме да кажеме дека станува збор за масовна илузија. Македонци има и не се малку, рече Канев.
Според Стојков, тезите се неосновани, а позициите на авторот се позиции на официјална Бугарија. Македонско малцинство има во Бугарија кое сака да се образува на свој јазик за да го задржи културната врска со државата од каде што потекнуваат, рече Стојков.
(18.03.2009)
Автор: Ненад Мирчевски