Те поздравувам, егеец, за паметните ставови, коишто имав прилика да ги прочитам погоре.
Почитувајќи и прифаќајќи го правото на секој, кој сака денеска да се осеќава национално Македонец и да зборува македонски, сепак не смееме (ако сакаме да бидеме чесни) да одречуваме, дека сите речиси големи личности од нашето македонското минало беа со бугарска национална свест и беа од најголемите патриоти за бугарското дело. Кој ова го оспорува сам си ја афирмира игнорантноста.
Повикувам секоj, коj не се слага со мене да прочита некоја од издадените веќе и во Македонија книги: спомените на Иван х.Николов и Анастас Лозанчев – едни от основачите и херои на ВМРО, спомените на Никола Киров Мајски, Извештајот на Карнегиевата балканска комисија од 1913 год., предговорот кон песните на Миладиновци, издавач Култура 2000 год. и посебно темелниот труд на Христо Силјанов «Ослободителните борби на Македонија». Секако и зборникот со годишниот комплект на весникот од 1902 – 1903 год. «Le Movement Macedoine» на големиот патриот Симеон Радев од Ресен (издаден во 2002 г. од Државниот архив во Скопје) и т.н. Поголемиот дел од книгиве може да се намери во книжара «Култура» во центарот на Скопје... Дури и цените им се намалени.