Сакам да зготвам: ... помош!

H

HITCH

Гостин
Има доста работа во овие пирошки ама многу се вкусни. Се надевам доволно објаснив, ако не сум прашај што имам испуштено:) .
Имаше еден фил со павлака и мајонез ама не сум сигурна, не ми текнува на вкусот. За фил не ми текнува што да ставам немам идеја, сакам нешто различно, оти досега тие што си ги правев си ги правев со шунка, кашкавал, кисели краставички и со кечап, ама сакам некој друг фил. Знам дека аздисувам, ама многу сакам пирошки :smir:
значи рецепт за фил, т.е. идеи за фил ако може
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
:)

Вака, не можеш значи во филот да ставиш ниту павлака ниту мајонез од едноствна причина што и мајонезот и павлаката на таа темература кога ќе се пржат ќе бидат јогурт и зејтин. Значи во блага форма кажано:))). Можеш да ги искористиш нив со кисели краставички и зачини како прелив врз пирошките, но никако не се обидувај внатре во филот да ги ставаш.

Конкретен пример за фил за тие пирошки немам, зошто во зависност што имам во моментот или со што сакам со тоа ги имам правено. Можеш со многу печурки, кашкавал и зеленчук ( како грашок, моркови, пченка) и зачини. Знаеш одприлика во филот мораш да имаш или барем сувомесно или сирење, кашкавал за да добијат некој вкус на автентичниот.

Биди креативна и стави ги работите што најмногу си сакаш:) .
 
Абе имав јас еден рецепт, ама го загубив хах инаку фала за помошта, мислев дека се прават со павлака :kesa:
 
Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Пошто незнам кај да прашам и неможам да најдам на интернет тука ќе прашам.

Дали знај некој да кажи кој се имињата на македонски за различните “морски плодови„.

Јас знам само за Lobster - Јастог и Crawfish - Рак. Исто така Shrimp си ги викам Шкампи ама не сум сигурен колку е правилно то.

Ај некој ако знај нека наброј како се точно морските плодој со превод од англиски.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Јас незнам за имиња,но би сакала да знам како се приготвуваат ракчиња? :)
Во шпанскиот јадевш поховани и беа превкусни,па не ќе е лошо да научам за по дома. И Хитч појма немам од палачинки и сега ми направивте дупка во желудникот!Викни ме да пробам бе! :D
 
хах на шо да те викнам нема кој да направи палачинки :pos::pos::pos:
туку јас ракчињата ги пржам некои 3-4 минути и ги јадам со сос од: павлака, мајонез, многу ситно исечкан магдонос, бибер, лимон и понекогаш лукче. Не сум пробала поховани ракчиња немам поим како се прават.
п.с. и крабите ги јадам со павлака и мајонез мераци мљац, мљац

Значи ај убаво да објаснам. Пред да ги пржам ракчињата им ставам сол и бибер и да постојат 2-3 мин. за да се примат од солта и биберот. Ги пржам, ама не ставам мн. зејтин (ако немаш време можеш и на силно, ама тогаш повеќе зејтин). А сосот го правам во нешто подлабоко дека после треба убаво да го измешам за да се соедини се. Значи ставам павлака, мајонез, малку сок од лимон, и малку лукче (немам мера за сосот колку сакаш толку, ама на пример на една павлака 250 грамска ставам 50 грама мајонез, така нешто отприлика).
За мерак е!!!!!!
Друг рецепт не знам, ако зне некој бујрум нека помага :pos:
 
Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Јас незнам за имиња,но би сакала да знам како се приготвуваат ракчиња? :)
Во шпанскиот јадевш поховани и беа превкусни,па не ќе е лошо да научам за по дома. И Хитч појма немам од палачинки и сега ми направивте дупка во желудникот!Викни ме да пробам бе! :D
Јас ти препорачвам да најдиш рецепт на Youtube или па на Google напишам, одбери си тој најпојќе шо ти одговара и готово. Неколку пати имам така од рецепти праено работи промаш немаш ако имаш малку осет од готвење шо не се сомневам. :)
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ај да споделам еден рецепт,кој е превкусен :)
Земате две тиквички,ја вадите средината од нив и во сад со вода ги варите.Пилешкото месо ситно исечкано се вари во друг сад.На загреана тава пропржувате кромидче и средината (зајрето) од тиквичките.Од кога ќе се испржат додавате една павлака,доматен сос (кечап) и лажица мајонез.Го ставате и свареното пилешко во тавата.
Сварените тиквички ги редите во подмачкана тава за печење.Врз нив го истурате месото со сосот и го ставате во загреана релна на 15 мин печење.Се служи со кисело млеко (над него). Превкусно е,а лошо изгледа :))

Дајте сега јадења со зеленчук :)
 
^MooN_RideR^

Blue in HearT
Член од
20 април 2006
Мислења
853
Поени од реакции
48
Да ми даде некој рецепта за телешка чорба?
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Мене ме интересира дали некој знае како се прави топеното сирење (или што и да е) кое се става врз переците?

Исто ме интересира како се поховаат тиквички.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Ваљда темава е и за совети при избор за јадења, па сакам некој да ми предложи што да зготвам за една романтична вечера за годишнина. Значи сакам како главно јадење, десерт и се разбира некој пијалок што ќе одговара на тоа. Јас мислев за pepperoni пица, јагоди со чоколадо и некој пијалок(незнам што одговара со ова) али не ме бива баш при вакви работи па затоа барам совет.
 
H

HITCH

Гостин
Мојт некој убав рецепт за торта? (Пошто слабо го погодувам пандишпанот, ако мојт да биде со замена со бисквити)

:eek:ftopic:
Морам да научам да правам пандишпан, не иде повеќе вака :pos2:

мојт вакви...

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ваљда темава е и за совети при избор за јадења, па сакам некој да ми предложи што да зготвам за една романтична вечера за годишнина. Значи сакам како главно јадење, десерт и се разбира некој пијалок што ќе одговара на тоа. Јас мислев за pepperoni пица, јагоди со чоколадо и некој пијалок(незнам што одговара со ова) али не ме бива баш при вакви работи па затоа барам совет.
За почеток тргни од она што го јадете.Спомна годишнина и сигурно би требало да знаеш што обожава партнерот.Не е поентата убаво да изгледа,а да не го јаде јадењето кое ти сакаш да го приготвиш.
Јас секогаш приготвував она што најмногу го јадеме - месо.Значи ќе избереш големи убави чинии,во нив ќе сервираш печени компири со пилешко и некој сос.Ќе направиш салата некоја декоративна и ќеја поставиш во средината.За пиење со ова јадење оди црвено вино,но бидејќи е лето,може да земеш розе (имаш од попова кула,вила марија,тиквеш).Ќе заврзеш салфетка на виното,тапата претходно ќе ја извадиш и само ќе ја ставиш на шишето.Ќе служиш во широки со стол чаши,да има малку вино во чашата,не да ја наполниш цела.Доколку претходно пиете узо/акија,не би било лошо да имаш и мали чаши во винските.
-Салата: најдобро е свежа салата,на еден дел патлиџани,на друг краставици,на трета зелка и на четврта цвекло.Полиј ги малку со зејтин,стави сол,а на зелката и цвеклото неколку капки оцет.Декорирај ги во чинијата со магдонос.
-Компирите излупи ги и исечкај го во тава.Стави еден прст вода(зависи од количината на компирите),полиј ги со зејтинче,стави вегета и црвен пипер врз нив.Правец во релна и ќе испаднат топ :)
-Пилешкото можеш да го испржиш или поховаш.За поховање прво месото стави го сад со матени јајца,па во брашно и на крај во презла.
-Јас татар сос би ставила настрана.Лажица мајонез,лажица павлака,малку сенф,рендани кисели краставички колку да згусне смесата(значи 5/6)
Сосот можеш да го поделиш во мали садови и да го ставиш до секоја чинија.Стави свеќа на средина или за погоем простор,ако масата ти е помала,стави мали свеќи насекаде низ собата,за да добиеш светлина.Имај це де со добра музика,тивка релаксирачка.Не заборавај на поклон да купиш кој можеш да и го дадеш пред вечерата.Не би било лошо,ако сака цвеќе да и го оставиш на масата.

За десерт,јас препорачувам да одиш во слаткара и да си кушиш некое парче торта :) Има убави слатки и во Веро и насекаде,за да не се мачиш бадијала кога нема да го погодиш.

И сето ова приготвено треба да ти е во 18ч,за да можеш да оставиш промаја во станот и да се истушираш.Месото и компирите чувај ги затворени,да не изгубат од топлината,а сервирај ги 15 мин пред да дојде.

Со пицата ти оди секакво вино,иако времево влече повеќе накај бело.

Суштината на романтичната вечера е да си поминеш прекрасно во тој миг.Затоа приготви по твоја душа и немсти по свој избор,биди креативен,тоа ќе го почувствува она.Ајде убав помин.
 
H

HITCH

Гостин
Ми треба помош за сосови за несо на скара, немам никаква идеја. Месото е пилешко и свинско. Ве молам, помагајте!!!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom