Па на таквите луѓе е иднината. Не мисли премногу на минатото работи во сегашноста и креирај ја својата иднина. Не велам дека сите на 18 или 19 години се зрели или незрели за активно политичко дејствување, едноставно тоа го оставам на нивна лично приватна одлука. Секој човек си е господар на својата судбина.
Иднината е, али не може да бистри политика кога првпат гласал лани во јуни 2008 и сега има право на глас.
Код:
Но, не може личност од 20 години
која сеуште е под кров на родителите
да има искуство поголемо од оној на 40
со вакви размислувања џабе, како бе пушење марихуана го сметаш за искуство, па тоа е бе уништување на животот на еден млад, (затоа е ваква младинава) ЦЦц до кај ќе оди државава со ваква младина.
На таа возраст созревањето е индивидуално, некој ќе стави прст на глава, некој ќе извади шипката и ќе оди да се тепа за Грујо против оној со палката кој се тепа за Бранко, некој па воопшто нема да се интересира, но како и да е, ретки се тие кои можат да носат реални одлуки на таа возраст, ако воопшто ги има. Проблемот лежи малку поназад, во детството, и во неспособноста, или несакањето на родителите да го заштитат детето од политиката. Некои родители не само што не го шитат детето, туку и го трујат со политика од најмала возраст. Јас како копиљ од 5-6 години имам исчмаено по неброени штабови со татко ми, и сè уште не ми е јасно што барал да ме влече со него. Ви текнува на Гошев, со чисти раце? Си ги миев рацете пред да му одам на митинг. Дете... Среќа кога почнаа да ми вријат хормоните не собирав банда за тепање антигошевисти... Токму од таа негрижа на родителите детето од 10 години па натаму ќе бистри политика, и они ќе бидат горди на него...:uvo: