Се работи за стереотипи, кои морам да признам дека кај нас силно се потврдуваат, дека политичарот е синоним за нечесност и ароганција.
Дека македонскиот политичар е човек кој додека е во опозиција работи за да дојде на власт, а откако ќе дојде на власт работи само за да остане на власт и ништо повеќе.
Но, не се согласувам дека политиката како наука е нечесна, бидејќи пред се' таа е потребна за функционирање на било која земја.
Нечесните политичари неможат да се земаат како репер за тоа што ни нуди политичката определба и последиците да бидеме нивна реплика.
Интересирањето со политиката, во рамка на изучување на факултети и онака влегува рано во нашите животи (18-19 год.), за оние кои се определиле за таа професија.
Значи исто како и со секоја друга професија и интерес.
Она на кое повеќето реагирате јас би го поделил на потенцијални политички амбиции и подоцна зрели политичари.
Младиот човек кој се определил да студира политички науки, го сторил тоа од истите причини поради кои некој друг се определил за економија или право и сл.
Но, далеку од тоа дека на таа возраст можат и би требало да бидат титулирани како “политичари“ или “советници“.
А колку ќе бидат успешни и дали ќе се истакнат вон сите негативни стереотипи, зависи само од нив.
Никој нема право да им суди пред време.
Затоа вината не треба да се бараа во нечии лични сфери на интересирање, туку во оние кои ја искривуваат перцепцијата и продуцираат стереотипи, кои подоцна стануваат аргумент на манијачно-депресивните критичари да го напаѓаат секој облик на нечиј личен ангажман.