Кога се сака и се може...само е потребна желба..
честитки до нашата делегација
СКАНДАЛ НА САЕМ ВО БЕРЛИН
ГРЦИ БАРАЛЕ ДА СЕ ОТСТРАНИ НАТПИСОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ШТАНД
Не сопираат грчките провокации за македонското име. Инцидент на саемот за туризам во Берлин предизвикала грчката делегација. Грчките претставници на меѓународниот саем се обиделе да го отстранат паното на кое го пишува македонското уставно име.
На штандот на македонската делегација дошле со инсистирање да го променат или отстранат натписот. Откако биле одбиени замолиле Република Македонија да биде отстранета барем во неколкуте минути во кои на саемот ќе се појави грчкиот министер за култура.
- Дојдоа на нашиот штанд и побараа да ја отстраниме таблата со името Republic of Macedonia. Откако ги одбивме не замолија истата да биде отстранета барем на неколку минути бидејќи требало да помине грчкиот министер за култура, но го одбивме и тоа - вели Александар Коневски, член на македонската делегација во Берлин.
Грците откако не успеале да го решат проблемот со македонската делегација, помош побарале и од организаторите..
- Дојдоа од организацијата и не замолија да го отстраниме натписот или да додадеме FYR пред името. Им одговоривме дека тие не се задолжени за менување на име на држава, единствено право за тоа имаат ОН - додава Коневски.
Саемот за туризам во Берлин е најголем светски саем од оваа област. Се одржува од 11 до 15 март. Нашата делегација се надева дека наредните денови ќе поминат без проблеми со колегите од Грција и организаторите на овој саем.
http://www.time.mk/?slot=831&cluster=11-r&forward=7e6ef801f00c94ceaeecd6c21cf90e88