^^Smiley^^
Broo Tal Smy Lee
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 1.045
- Поени од реакции
- 25
- Возраст
- 36
ООН со жестоки критики до Македонија за соработката со ЦИА
Организацијата на Обединетите Нации упатила жестоки критики до Македонија, Хрватска и до Босна и Херцеговина поради учество во контроверзната американска програма за затворање на лица осомничени за поврзаност со радикални исламисти.
Специјалниот известувач на ООН, Мартин Шенин, “останал длабоко загрижен“ поради американскиот систем на затворање на навдни исламски екстремисти, кој вклучува нелегални апсења, долготраен притвор на тајни локации, како и постапки кои се во спротивност со меѓународните норми, според кои мачењето е забрането.
Во последниот, најнов извештај на ООН за човековите права, кој е напишан на 26 страници, се наведува дека жестоко критикуваниот американски систем на затворања, со голем дел почива на меѓународната мрежа за размена на информации, воспоставена од администрацијата на поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш.
“На тој начин создаден е комплексен, недоверлив собир на информации, кои им штетат на институциите во правосудниот систем на земјите, кои ги прифатија притворениците“, се вели во дел од извештајот.
Целиот систем на тајно притворање на наводни терористи, го воспоставила американската ЦИА, по нападот на Ал Каеде на Њујорк и Вашингтон, во септември 2001 година, како дел од Бушовата “Војна против тероризмот“, кој за кратко време се најде на мета на серија критики на борците за човекови права, бидејќи притворениците неретко биле изложени на мачење.
“Постојат доверливи извештаи од кои произлегува дека одреден број држави учествувале во тоа, се’ до мај 2007 година. Земјите како Македонија, Босна и Херцеговина, Канада, Грузија, Индонезија, Кенија, Пакистан и Велика Британија, давале разузнувачки информации или пак ги апселе тие лица, кои подоцна биле префрлувани во центри во Авганистан, Египет, Етиопија, Јордан, Пакистан, Мароко, Саудиска Арабија, Јемен, Сирија, Тајланд и Узбекистан“, напишал во својот извештај Мартин Шенин.
Во голем број случаи, земјите во кои се наоѓале тајните центри за притвор, биле многу умешни во мачење на затворениците, наведуваат ООН, нагласувајќи ја улогата на разузнувачите на Велика Британија во пакистански дел од операции, вклучувајќи затворање на тајни локации и мачења.
Британија, исто така, ги испраќала своите разузнувачи во американската база “Гвантанамо“ на Куба, каде тие, рамо до рамо со Американците, учествувале во испрашувања на притворениците.
“САД само со помош мна сојузниците можеа да воспостават систем со кој осомничените за тероризам биле префрлувани од држава во држава“, пишува во извештајот кој веќе е извесно, ќе го засили притисокот врз новиот американски претседател Барак Обама, да ја запре контроверзната програма за борба против тероризмот.
Администрацијата на Обама, веќе се оградила од методот на тимот на Буш за борба против тероризмот, кој вклучува и “давење“ на притворениците, нешто што Вашингтон по неколкугодишно одбивање на крајот го призна како еден од своите методи на мачење.
Македонија апсела, Хрватска и БиХ помагале
Македонија, Босна и Херцеговина и Хрватска, се најдоа на жестоки критики во извештајот, поради учество во вакви операции. Улогата на Македонија изби во прв план пред три години, кога агенти на ЦИА, по повеќемесечен притвор, во Албанија го “исфрлиле“ германскиот државјанин, Калид ал Масри, уапсен во Скопје на барање на САД.
Босна, пак, како што било наведено во претходни извештаи на ООН, била од посебно значење за акциите на ЦИА, и тоа поради повеќе причини – во таа држава, после војната, останале неколку стотини исламски доброволци, поврзани со разни групи радикални исламисти, додека Америка можела непречено да ги користи базите на на меѓународните сили за притворање и испрашување на уапсени.
Хрватска, пак, се спомнува како место преку кое прелетувале авиони на тајни мисии на ЦИА, а неколку ммесеци во територијалните води на оваа држава се наоѓал и американски воен брод, на кој биле носени осомничени.
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=51631&kategorija=1