Ако пред избори и имав дилеми дали амнестираниот Заев е ретко видена лажовчина, сега дилеми веќе немам. Тежок лажов е!
И тоа изборите биднаа. Имавме шанса, пак, да им покажеме што мислиме за едните, а што за другите. Дека не сме стока што се води низ поле, туку човеци кои даваат власт, и пари за владеење, на оној што најдобро ќе им ја заврши работата. Ако не го бива, па и брат да ми е, ќе гласам за другиот што работата ќе ми ја врши. А со братот ќе си останам - брат.
Јас, секако, отпорано знаев за кои ќе гласам. И гласав за нив.
Не ме преубедија плашењата мали деца дека ако не се тие, сме наебале. Нема да бидат тие. А не само што не наебуваме, него работите одат на подобро. И тоа поприлично подобро. Барем за повеќето во државава. На сите никој не им угодил. Ни Здравко Чолиќ и Горан Бреговиќ, со се Панчев и Дражен Петровиќ во најубавите денови, не им беа по ќеф на сите, а камоли некој политичар.
Ако имав некои дилеми до денес, од денес сум раат. Дилеми немам.
Ако барем еден посто ме копкаше дали навистина е основана истрагата и прогонот на Зоран Заев за тежок криминал, сега дилема веќе немам. Човекот е тешка лажовчина. Дури и за македонски услови ретко видена. Лаже ладно, како рутински криминалец. Лаже у очи, а него око не му трепнува.
Пред избори почна да вергла како Груевски покачил плати и пензии, ама демек ги лаже дека ќе бидат покачени и во иднина. Немала Владата пари на сметка за тоа. После изборите одма ќе настапела тешка криза, девалвација и нема да има пари ни за пензии, ни за плати на администрација.
Лажовчина тешка е Заев. Ретко видена.
Прво, пензиите не ги дава Владата. Има јавни и банкарски фондови за тоа. Второ, инфлација не стартува Влада, него Народна банка. А пред месец дена и меѓународно ни беше потрведно дека Македонија нема причина за девалвација. И, најпосле, Владата на сметка не ни смее да има заштедени пари. Напротив. Касата се полни секој ден, секој месец од царини и даноци, и секој ден, секој месец, касата мора да се празни. Ако остане заштедено, тоа значи дека Владата земала од граѓаните повеќе од што е потребно. Што е фалинка за Владата.
Го знае ова Заев. И неговата градоначалничка каса функционира на ист начин. Ама лаже. Затоа што е таков. Има нагон, има потреба да те гледа во очи, и да лаже. Несомнено, од мал е таков. Тоа не се учи преку ноќ.
Го знае ова амнестираниот Заев, а ладно лаже. Во очи. Тешко. Бар сто иљади народ исплаши, го држеше во неизвесност: што ќе биде со пензиите и платите утре. Свесно лажеше толку многу народ, само за да ќари некој глас од прелажаните пензионери. Умеат неговите од СеДеСето. Ги лажеле и порано.
Не е сам. Таков му е тимот. Затоа неговата партија губи и на овие избори. Губи тешко. Он може да ги гледа во очи струмичани, и по струмички да ги прелаже. Ама, штом излезе од Струмица, политички, е мртов човек. Како селска, локална фукара, која со ефтин парфем, и селско кокетирање, сака да помине на господски бал. Уште од врата е снимена, и исшутирана. Назад во Струмица.
А таму, на партиски митинг, лажовот беше во свој елемент. На партиски митинг, за прв пат во Македонија, се појави и еден претседател на државата. Бранко, лично. Јебеш Устав што го забранува тоа, и тој тип заебанции... Макрото дојде на гости кај амнестираната селска ороспија. Заедно славеа.
И, шо ќе праи сеа масермангата Зоран Заев. Изборите поминаа, пензиите ќе си се платат. Повисоките плати на јавната администрација исто така... девалвација нема да има... даноците и царините ќе си се плаќаат, а владината каса ќе се полни, и пак ќе се празни, па пак ќе се полни... и, пиле мое амнестирано, каде сега?! Лажењето ти го запамтивме. И запишавме.
Лажовот ќе ќари функција градоначалник за себе. А тоа што со лажењето ја заеба цела партија... тоа нема везе. Која партија? Таа и онака е разбуцана.
Ако имав дилеми за Најчевска, бившата шефица на Хелсиншки, која се кандидираше за скопски градоначалник, немам веќе. Нејзината наци појава не била само визулена слабост. Карактер е. Таа, како политичар-кандидат, јавно го опомена Уставниот суд - зошто не пресудил контра Владата околу црквата на плоштад. А како не го опомена Уставниот суд што му ќути на Црвенковски кој мимо Устав, со државни пари, си тера партиски работи. И партиски митинзи. Која си ти бе госпоѓо, политичару во обид, да му судиш јавно на Уставниот суд?!
За Фрчето дилеми немам. Шугата е онаму каде што треба да биде. На лузерското ѓубриште. Сега Бранко нека му мисли, кога со капиталот на неговите партиски гласови Шугата ќе му соли памет што да прави понатаму. Е мој Бане, каде беше, а на Фрче спадна. Од коњ, на магаре. И тоа навистина - на магаре!
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=4944C49A4565044B95A68D7E5A5200F6
Браво за Латас .. :pos2::pos2:
ова ти е нешто контра фрчко стилл
:pos2: