Квалификации за ЕП Австрија: Македонија - Исланд - впечатоци

  • Креатор на темата Креатор на темата Ddime
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
А Исланд и Норвешка два натпревара изиграа.

да :) двата натпревара што ги изигра исланд беа против норвешка, а искрено тешко е за верување дека било кој од овие два тима ќе изгуби или ќе одигра нерешено со Естонија. Како и да е нашите играчи треба да дадат 1000000% од своите можности бидејќи ќе биде исклучително тешко
 
Браќата Мојсовски откажаа за дуелите против Исланд и Белгија

Наумче ја обновил повредата на палецот, а неговиот брат од приватни причини го откажал учеството.
 
Наумче ја обновил повредата на палецот, а неговиот брат од приватни причини го откажал учеството.
Баш сакав Наумче да игра:(:(

Неможам да дочекам да дојде среда, после оној успех на СП очекувам салата да е полна и да добијат најголема поршка од нас
Јас и сестрами идеме сигурно:)

*мора пак да се сликам со Кире:pipi:
 
200 denari,se prodavaat od ponedelnik kako sto citav
 
да :) двата натпревара што ги изигра исланд беа против норвешка, а искрено тешко е за верување дека било кој од овие два тима ќе изгуби или ќе одигра нерешено со Естонија. Како и да е нашите играчи треба да дадат 1000000% од своите можности бидејќи ќе биде исклучително тешко

Не е точно Исланд изигра со Белгија и со Норвешка. Со Исланд мора да победиме барем со 1 гол разика за да ги зачуваме шансите за пласман во Австрија.
 
Исланд без шестмина од баражот за СП



В среда во Скопје ќе ги нема Стефансон, Сигурдсон, Сваварсон, Гудмундсон, Петерсон и Јонсон



Меѓу 19 ракометари што ги повика исландскиот селектор Гудмундур Гудмундсон за квалификацискиот натпревар за Европското првенство против Македонија в среда во Скопје недостигаат шестмина од минатогодишниот меѓусебен двомеч во мундијалскиот бараж. Вигнир Сваварсон доби покана, но за мечот со Естонија на 22 март во Исланд, а против Македонија нема право да игра поради црвениот картон што го доби во последната секунда од ноемврискиот дуел со Норвешка (31:31) во Драмен. Во салата „Борис Трајковски“ нема да истрчаат ни ветеранот Олафур Стефансон, кој се повлече од репрезентацијата, потоа голманот Биркир Гудмундсон, повреденото десно крило Александар Петерсон, пикерот Сигфус Сигурдсон, како и Ханес Јонсон.

Од ланскиот плеј-оф за Светскиот шампионат во Хрватска останаа голманот Хреидар Гудмундсон (Севехоф), левиот бек Арнор Атласон (Копенхаген), левото крило Гудјон Сигурдсон (Рајн Некар), средниот бек Снори Гудјонсон (Свендборг), пикерот Роберт Гунарсон (Гумерзбах), а тука се и Асгеир Халгримсон (Свендборг), Свере Јакобсон (ХК) и Стурла Асгеирсон (Диселдорф). На списокот на Гудмундсон се најдоа и голманот Бјоргвин Густавсон (Битенфелд), како и Арон Палмарсон (ФХ), Еинар Холмгеирсон (Гросвалштат), Кари Кристјансон (Хаукум), Ингимундур Ингимундарсон (Минден), Логи Геирсон (Лемго), Рагнар Оскарсон (Данкерк), Рунар Карасон (Фрам), Сигубергур Свеинсон (Хаукар) и Борир Олафсон (Либек).

Исланд и Македонија со по три бода од две средби го делат второто место на табелата во третата квалификациска група. Три бода, но од четири меча, има Естонија, води Норвешка со седум од четири натпревари, колку што одигра и Белгија, која е без бодови.
 
Исланд без шестмина од баражот за СП
В среда во Скопје ќе ги нема Стефансон, Сигурдсон, Сваварсон, Гудмундсон, Петерсон и Јонсон


Дали е овој тој што во баражто ни еба матер со контрите?
 
Добро е што некои од клучните ракометари нема да им бидат спремни за игра.
 
Кајганџии, дали ви одговара да се чекаме пред сала (ќе се договориме поточно каде) во 19:00 и да купиме заедно карти, за да седиме еден до друг? Фино би било заеднички да го проследиме натпреваров :)

Пријавени?
 
Дали е овој тој што во баражто ни еба матер со контрите?

не, овој е пикер. тоа беше крилото, ама не знам како се викаше...слично презиме имаат :pos2::pos2:
 
не, овој е пикер. тоа беше крилото, ама не знам како се викаше...слично презиме имаат :pos2::pos2:

Исто имаат мислам затоа и прашав.
Инаку ја ипак ќе зеам ден пред натпревар може и да нема пред утакмица.
 
Кајганџии, дали ви одговара да се чекаме пред сала (ќе се договориме поточно каде) во 19:00 и да купиме заедно карти, за да седиме еден до друг? Фино би било заеднички да го проследиме натпреваров :)

Пријавени?

1. Acid
2. Џену Грл
3. ?

Пријавувајте се тие што сакате да одиме групно :)
 
абе јас би за групно, само што во среда полагам вечерта, и право од факс ќе одам на утакмица. и ќе си земам понеделник карта, ем за да не снема, ем не ќе можам во 7 или колку ќе се разберете да стигнам:jaj:
 
1. Acid
2. Џену Грл
3. ?

Пријавувајте се тие што сакате да одиме групно :)
1. Acid
2. Џену Грл
3. rossonerka
4. maca_kaka'

Испадна девојкиве дека се поголеми хулигани од маживе :vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom