Ако конкретно зборуваме за Мариовскиот крај,треба да знаеш дека тоа е еден од најнеразвиените и најзабателени подрачја во Македонија,што соодветно значи дека тоа е еден од факторите популацијата во Мариово постојано да опаѓа.
Тоа мене лично не ме вознемирува воопшто. Насекаде луѓето се преселуваат онаму каде што ќе најдат подобри услови за живот. И низ Америка има празни ливади па никој не се сили секоја од нив да ја наполни со по еден дом. Впрочем, колку можеш да ми гарантираш дека Мариовецот кој денес ќе се роди после 20 години нема да се пресели во Скопје? Правењето деца (самата процедура тури-вади) не е проблем во случајов. Ако некој има проблем со ерекцијата не му треба на него парична мотивација, му треба вијагра. Проблемот е како Мариовецот да се задржи во Мариово, а таа проблематика воопшто не ја планира и решава овој закон. Значи проблемот си останува.
Имаме Мариовец зачнат денес кој на 20 години ќе се пресели во Скопје поради ужасните услови на живот кои ги има во Мариово. И така во круг.
Фактот што Мариовскиот крај е во границите на македонската држава,тоа значи дека како најзаостанат регион државата е должна да помогне во неговиот развој...
ДРЖАВАТА не. Општината може. Општината се грижи за локалните граници - државата за државата односно 21.000 км2.
Сметам дека овој проблем ја засега цела Македонија.
Не.
Проблемот со наталитетот треба да се реши на државно ниво,а не на општинско како што вие велите.
Проблемот со наталитетот треба да се реши на државно ниво доколку проблемот е на државно ниво. Ако зборуваме за локални подрачја, нив треба да си ги реши само и само локалната самоуправа односно на македонски јазик - општината. Правете разлика помеѓу локалната и централната власт.
Наталитетот треба да се зголеми во подрачјата со ниска стапка на наталитет,па тогаш во тие делови како што се Гевгелија,Берово,Пехчево и сл. доколку албанците,ромите и Власите во тие подрачја не ги добијат паричните средства за трето дете,вреди да дискутираме и да ми кажуваш за дискриманација на цел еден етникум во рамките на македонската држава.
Законот е така осмислен за да не зимаат албанците, ромите и власите помош од државата за трето дете. Зошто баш 2.1? Рандом бројка? Не би рекол.
Сега кажи ми кој ја оштетува државата,и посочи ми кој Ром или албанец како тебе нема да добие парична поддршка во општините со наталитет под 2,1 промили?
Ти ја оштетуваш државата со тоа што бараш од нејзе да ти дава пари за да правиш деца. Албанците можеби прават повеќе деца, ама само они знаат како ги израснуваат. Не бараме материјална мотивација од државата. Си ги сакаме, си ги правиме и си ги растеме. Како ќе се снајдеме, така. Јас немам ниедно засега, ама едно 5 ќе испукам па мајка Јана нека е. Нема нешто послатко од полн дом деца. Образование, јадење, облека.. сето тоа ќе си дојде во свој момент и на свој начин. Ако сакаш, можеш.
Инаку имаше и еден интересен коментар на сајтот на А1. Девојка останала трудна кога го донесоа законот (и напоменува дека ради законот останала трудна). И сега се прашува што да прави со детето. И замисли, на такви треба да им помогнеш да имаат деца. Тој што не сака деца нема да ги прави. Тие што сакаат веќе си имаат по 3. Знам многу Македонци што имаат по 3. И да, многу Албанци што имаат по 2 или 1 (моите 2 браќа по толку имаат, едниот има машко и женско и не планира веќе да прави а другиот само девојче... може и машко понатаму ќе проба и ќе си го затвори патентот најверојатно).
Законов е глуп и дискриминирачки - две во едно.
На семејството Малкоски од Македонски Брод четвртото дете Кристијан им се роди на новогодишната ноќ.
Го планирале за да добиваат пари од државава во следните 15 години.
Извор
Море бизнисмени.