Читајки ги во последно време анализите на повеќето политички аналитичари, човек просто да се збуни од толку многу поделеност.Додека едните гледаат на Обама како на месија, други и предвидуваат колапс на американската економија и опшеството воопшто. Не е многу различен и ставот околу Европа. Секој ден циркулираат шпекулации за колапс на еврото како валута и воопшто на Европа. Што се однесува до доларот, едни стојат на ставот дека ќе се зајакне како валута во однос на останатите конвертабилни валути(што се покажува како точно последнава година!?), додека останатите шпекулираат околу укинување на доларот и воведување на нова валута на американското тло. Англиската фунта мислам дека никогаш не била поочајна па е скоро на исто ниво со еврото. Денарот не би го коментирал прибидејки неговата иднина е исто неизвесна, а најверојатно ќе доживее девалвација после изборите...Во сите овие услови моето прашање до Вас е што мислите која валута (инвестиција- недвижнини,акции,обврзници)е најпогодна за чување на заштедата????