Дали ќе пропаднеме заедно со безбожната Европа

  • Креатор на темата Креатор на темата sardaukar
  • Време на започнување Време на започнување
А најблаго речено, глупаво е да споредуваме земја со околу 300 милони жители какви што се САД, со земја од едвај 2 милиони, како МК.

Па затоа јас, имајќи ја предвид популацијата на Америка и Македонија, зборував во проценти. 33% >> 0.1% Процентите не зависат од популацијата.

А јас сум убеден дека тие 110 милиони, не знаат ниту една друга молитва, освен „..Оче наш....„

Напротив, сите 110 милиони скоро секогаш се молат со различна молитва и никогаш папагалски не повторуваат молитви како што тоа го прават православните монаси.
Напротив, обичниот македонец не ја знае ниту "оче наш", а камо ли па некоја друга молитва.
Јас сум убеден дека и ти MIKI1, доколку ти ги земеме молитвениците (пишаните молитви) нема да знаеш како да му се помолиш на Господ :)
 
Па затоа јас, имајќи ја предвид популацијата на Америка и Македонија, зборував во проценти. 33% >> 0.1% Процентите не зависат од популацијата.

Напротив, сите 110 милиони скоро секогаш се молат со различна молитва и никогаш папагалски не повторуваат молитви како што тоа го прават православните монаси.
Напротив, обичниот македонец не ја знае ниту "оче наш", а камо ли па некоја друга молитва.
Јас сум убеден дека и ти MIKI1, доколку ти ги земеме молитвениците (пишаните молитви) нема да знаеш како да му се помолиш на Господ :)

Немој бе....
- велиш, 33% од американците се верници? А јас, бедниот, го велам следното: колку војни направија, колку војски испратија, колку материјални и финански средства потрошија, колку милиони луѓе убија тие „јааааки„ верници во минативе 100 г.? И сето тоа ги чинеа со вера? Со чија и каква вера и во КОГО вера?
- велиш, се молат со различна молитва? Одлично! Значи, станале јааааако креативни, а таа креативност, сигурно ќе речеш, е ради Светиот Дух во нив!?
- велиш, обичниот македонец не ја знае основната молитва? Овде зборуваме за вера или за статистика?
- велиш, „доколку„ ми се земат молитевниците, не би знаел да се помолам? Па, факт е дека молитвениците ги имам и ги користам. А кога не би и имал, тоа би значело дека не сум верник и дека за Бога ми станало сеедно....
 
Не велам дека сите 33% се верници, но сигурно многу повеќе верници ќе најдеш од 33% кои редовно одат на богослужби, отколку во 0.1%.
Војните не ги прават тие 33%, ниту пат останатите 67%. За војните се одговорни мал процент на екстравлијателни луѓе.
Само за илустрација. После војната во Виетнам, илјадници обични Американци одлучија да посвојат виетнамчиња кои ги загубија своите родители во војната. Овие хумани американци сигурно не се едни од тие што ја подржуваа војната во Виетнам.
Кажи ми, дали ти посвои некое косоварче што ги изгуби своите родители во војната во 2001???
Па нели зборуваме за дела.

Да, Светиот Дух е Тој што не води во молитвите и да Тој не е папагал па да повторува една те иста молитва. Тој е креативен и секогаш не инспирира на нови молитви сходно со потребата за која молиме или благодариме.

Овде ја споредуваме американската со македонската "побожност", а секако тоа најдобро се прави со статистички аргументирани споредби. Иако тоа не е идеален начин, сепак како ли би можело поинаку да споредуваме?

Мило ми е што си призна дека не знаеш да гукнеш една молитва ако истата не ја прочиташ од молитвеникот.
Велиш дека кога би немал молитвеник не би бил верник? Сакаш да кажеш дека ни еден од Христовите апостоли не бил верник само затоа што не му рецитирале молитви на Бог од некакви молитвеници? :)
Па зарем Бог не може сам да си ги прочита молитвите од молитвениците (ако му стало до такви механички молитви) па сега му треба некој да му ги чита од таму?
Да не ги изгубил Бог наочарите за читање па сега му треба некој друг да му ги чита молитвите од молитвениците? :pos2:
 
Хммммм...Исмејувањето е добар знак за лично потценување на другите, засновано на безмерна гордости самодоволност.

Затоа, наспроти твојата иронија, еве ја мојата сериозност:

- да беа тие 33% „верници„, ќе имаа моќ да ги преумат оние 67% „неверници„.
-тоа што за војните само мал дел се одговорни, не значи дека толку мал дел луѓе и реално војуваат. Војуваат „останатите„ милиони, кои не дале никаков отпор и лично несогласување за неодење во војна.
- велиш, дел од американските војници посвоиле виетнмачиња? И сега, треба да падман на задник од умиление ради тој нивен јааако „хуман„ гест? Можеби, со тој гест, им го надополниле губитоткот од нивните природни родители!?
- велиш, дали „јас сум посвоил косоварче„? Еве, јас истото те прашувам, дали ти си посвоил косовачре, чии родители настрадаа од американски бомби!?
- велиш, „новите„ молитви се од Светиот Дух вдахновени? А од кој дух се вдахновени молитвите од Светиите? Па тоа го велат и квекерите, кои се убедени дека зборуваат туѓи јазици а всушност „мумлаат„ под влијание од нечестивиот дух. Ај, потруди се малку повеќе, за поубедлив одговор...
- велиш, „статистички аргументирани споредби„? Ето, јас бедниот, редовно „заборавам„“ дека на протестанскиот свет, му се поубедливи световните докази и поткрепи на нивната вера а не верата во зборот (Божји),па нека е тоа поткрепоа и од глупавата статисткиа, које нема своја суштина во реалниот свет. Се извинувам на мојата грешка....
- ништо не сум признал, Чорбаџи. Молитвите за секој ден, веќе ги знам на памет и немам потреба од непосредно читање молитви од молитвеник, освен оние молитви кои се наменети за одредени Свети тајни , а кои се прилично обемни.
 
Луѓе, бре! Сите тие неспоредливо големи војни, паѓање на царствата, земјотреси, декаденција, одпад од верата Христова, ... се нишаните кои Христос и Неговите очевидци ги наговестија дека ќе се случат пред Неговото повторно појавување!

Дури и фактот дека многу луѓе коишто се наречуваат со Името ХРИСТОВО се “касаат и јадат“ помеѓу себе на страмен начин пред очите и ушите на неверниците, е само еден понатамошен доказ за вистинитоста на Евангелиските списи! (види во известението според Матеј , глава 24)
 
Војни, промена на владеачки системи, земјотреси, декаденција отпад или припад кон некоја вера и се останато е дел од животот. Секогаш се случувало и секогаш ќе се случува.

Ништо посебно ново овдека.
 
- Зборувам и за влади и за луѓе. Власта не е „падната од Марс„, туку е производ од избори, кои ги практикува еден цел народ, во одреден временски интервал. А власта е таква каков што е и народот кој ја избира таа власт.
- Да беа американците толкави верници како што велиш, ќе имавме и поинакво дела од истите тие верници.
- форумов е одличен репер за состојбите во Македонија-погледни и сам и самиот заклучи, колку од форумџиите веруваат а колку од нив не веруваат. Споредбата е поразителна-на сметка на верните, нормално.
Како успеа форумов да го дадеш како репер. Па стварно да беше така сега СДСМ ќе беше на власт.
И власта не секогаш го одсликува народот туку неговата наивност. Колку подобро ќе го излажат толку побрзо ќе дојдат на власт. И за тоа не можеш ти да бидеш сметан за одговорен за секоја постапка на својата држава.
Дали ти се сметаш за виновник затоа што во еден од затворите пред некој месец убија осомничен без судење за кој денес се сомнева дека е невин?
Или се чуствуваш одговорен за лошата економска состојба во државата. Држава и религија ти се два различни поима.
 
Војни, промена на владеачки системи, земјотреси, декаденција отпад или припад кон некоја вера и се останато е дел од животот. Секогаш се случувало и секогаш ќе се случува.

Ништо посебно ново овдека.

Драг никола, колку и да барам и се трудам да најдам - во целата историја на човештвото такви војни како што беа светските војни, значи тотални војни во кои учествуваат (скоро) сите нации и царства, во кои војни царствата почнуваат (засекогаш) да се рушат и на царевите (скоро) потполно да им се одзема власта, - неможам така нешто нити слично да најдам!

Притоа доаѓа и една многу интересантна “коинциденција“, првата светска војна избувнува после случката Принцип на Видовден 1914!
Незнам дали си запознат со длабокот значење на овој ден и на Евангелското навестување дека првиот свет е уништен со вода а овој се чува за оган, поради неверата на Христа!

Интересна е “случајноста“ дека со глобалните војни се појавува и нуклеарната технологија која се појавува преку Ајнштајн. Човекот што се крие под името Ајнштајн (буквално преведено од германски, значи: Еденкамен) е од еврејско потекло.

После случката со холокаусот, евреите - после скоро 2000 години - повторно се враќаат на ветената земја на прататковците.

Би ти предложил како прво да не ги релативизираш гореспоменатите настани како секојдневни и да го заташкуваш нивното значение во однос на пред илјадници години најавеното Божје Царство (види Даниел 2:44 + Матеј 24 и тн.)

Како второ да не се воздигаш повеќе од очевидците ХРистови и да се потрудиш со луѓе кои вистински веруваат на Евангелието, подобро да ги запознаеш писмата!

поздрав

п.с. Што мислите: Зошто знамето на европска унија има баш 12 ѕвезди а баш во средината на истата се наоѓа неутралниот швајцарски бел крст? :helou:
 
Немој бе....
- велиш, 33% од американците се верници? А јас, бедниот, го велам следното: колку војни направија, колку војски испратија, колку материјални и финански средства потрошија, колку милиони луѓе убија тие „јааааки„ верници во минативе 100 г.? И сето тоа ги чинеа со вера? Со чија и каква вера и во КОГО вера?...
Види, види го ти „пацифистот’’ МИКИ1 кој до вчера милиони ги праќаше во пеколот и не отупе со тоа дека се е тоа само дел од големиот план на горниот кој ние не сме во состојба да го разбереме:vozbud:

Очигледно е дека САД и нивниот НЕПОКАЈАН народ се оние кои фрлаат бомби наоколу и кои извезуваат демократија, по принципот ние сме „најбољи на светов, ако сакате со нас, бидете и вие како нас...„.

Па и ти истиот принцип го користиш за православието.....
 
Драг никола, колку и да барам и се трудам да најдам - во целата историја на човештвото такви војни како што беа светските војни, значи тотални војни во кои учествуваат (скоро) сите нации и царства, во кои војни царствата почнуваат (засекогаш) да се рушат и на царевите (скоро) потполно да им се одзема власта, - неможам така нешто нити слично да најдам!

Тоа е затоа што не читаш доволно, а и тоа што го читаш како да не го разбираш.

Што се однесува до останатиот дел од постот, запознаен сум со Библијата, Коранот, Тората, Талмудот, Унипашадите, Ведите, Типитака, Сутрите, Петте Класици, Тао Те Чинг и со уште нешто што се нашло попат. И во суштина сите те учат на иста работа: „Се додека ја бараш Вистината, нема да ја најдеш.“
 
ВИСТИНАТА се отелотвори и ги најде своите на голгота!

Сакаш да кажиш дека во историјата на човештвото имало други такви војни како првата и втората светска војна?

Поради неверата и слепоста на материјално ориентираниот и гордиот човек, ќе се случи набрзо тоа што ќе се случи, за да неможе повеќе никогаш нити еден неверен (многу начитан ) книжник, веќе да се сомнева во ВИСТИНАТА!
 
Држава и религија ти се два различни поима.

треба ....треба да бидат два различни поими ........

но православието е создадено како државна религија за потребите на царот Константин

како замена за дотогашната римска Државна религија

всушност се работи за старата римска Државна религија само називот на фирмата е

сменет во ..."христијански" и "православен"..........

Константиновата Државна Религија ...тобоже "христијанска "

е само обична пародија исмевање на Христовата Самоуправна Комунистичко Анархистичка Идеологија
 
ВИСТИНАТА се отелотвори и ги најде своите на голгота!

Сакаш да кажиш дека во историјата на човештвото имало други такви војни како првата и втората светска војна?

Од постанокот на човештвото цело време има војни. Никогаш не прекинале. Човекот само им дава номенклатура (прва, втора, светска, корејска итн.)

Еве ти пример сликичка за определен период и Империја.

Mongol_Empire_map_2.gif

Поради неверата и слепоста на материјално ориентираниот и гордиот човек, ќе се случи набрзо тоа што ќе се случи, за да неможе повеќе никогаш нити еден неверен (многу начитан ) книжник, веќе да се сомнева во ВИСТИНАТА!

Неможам да се сомневам во непостоечкото.
 
Тоа е затоа што не читаш доволно, а и тоа што го читаш како да не го разбираш.

Што се однесува до останатиот дел од постот, запознаен сум со Библијата, Коранот, Тората, Талмудот, Унипашадите, Ведите, Типитака, Сутрите, Петте Класици, Тао Те Чинг и со уште нешто што се нашло попат. И во суштина сите те учат на иста работа: „Се додека ја бараш Вистината, нема да ја најдеш.“

Лелееее...
Можам само да претпоставам кој калабалак ти е во умот, од читање на сите тие можни религиски книги.
И? Ја откри ли вистината?

А и зашто би ја отркивал, па Вистината (Синот Божји) дојде доброволно да не спаси и Он самиот ни се откри, така да не ја гледам потребата од одновно откривање топла вода...

Па и ти истиот принцип го користиш за православието.....

„..Кој не е со Мене, против Мене е...Кој не собира со мене, тој растура...„ вели Господ Исус Христос.

Према томе Воне, не е битно што велам јас, туку е битно што вели Севишниот.
 
Не манипулирај и не ја врти сега работата на друга страна......добро знаеш за што се однесуваше!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom