Магазини и списанија за автомобили на македонски

  • Креатор на темата Креатор на темата JeepMkd
  • Време на започнување Време на започнување
Списанија со коли

кое списание со коли го земате и дали сте задоволни од содржините

јас земав хрватски Ауто Клуб од 1998 или 1999 г. дури до вчера и имам само неколку броеви пропуштено

од Македонските не земам а сакам да ве прашам кое би ми го препорачале

и зошто Ауто Клуб нема повеќе???
знам дека идеше со каснење кај нас ама многу добро списание е

порано и Ауто Блиц земав се додека го носеа кај нас

дали и Ауто Клуб-от го снајде истата судбина? оти еве веќе 2 недели не можам да најдам број

п.с. имам и мак. списанија купено ама неколку броја (Топ Спид)
 
Ауто Клуб можда е прекинато зарати тоа што Ауто Плус сега е во иста групација со Ауто Клуб. Италијанска фирма ги има купено, па само еден производ пуштаат на пазар.

Мене ми недостига Ауто Билд (онака салам списание со тврди корици). Имам цела колекција од македонските списанија од 2003,2004,2005,2006 година. Ниту едно пропуштено списание. Баш беше по мој вкус.

Иначе јас тие што ги сакам се релативно скапи. VW Speed - 350 денари има други по 500-600 денари.
 
Нема више Ауто Билд??? И јас имам колекција од истото од 2008, 2009 и само неколку од 2010. Може преку 100 списанија имам дома. Ама моиве не се со тврди корици.
 
Епа то е...твоите се додатоци во Дневник. До кај 2007 година беа со тврди корици како независно списание. И добри текстови имаше. Беше лидер во продажба. Не знам зошто пропаднаа и ги направија како додаток во Дневник :(
 
Ваква тема има веќе па ќе ги спојам.
Инаку и мене ми недостига АутоБилд, ги имам сите броеви откога почна да излегува со Утрински и Дневник, од 10 март 2007.
Друго одлично списание кое го спомнав веќе е Современ Возач, ги имам броевите од 2009 и 2010 до јуни месец. Понуда на списанија имаме, само што поголем дел од нив се српски а за сите важи дека се скапи.

Ќе заборавев да спомнам, имам еден број (ако може така да се нарече) Авто Експрес, додаток во Утрински и Дневник од четврток 22 Јули 2010. Најверојатно соработка со Ауто+.
 
Ауто Клуб можда е прекинато зарати тоа што Ауто Плус сега е во иста групација со Ауто Клуб. Италијанска фирма ги има купено, па само еден производ пуштаат на пазар.

Мене ми недостига Ауто Билд (онака салам списание со тврди корици). Имам цела колекција од македонските списанија од 2003,2004,2005,2006 година. Ниту едно пропуштено списание. Баш беше по мој вкус.

Иначе јас тие што ги сакам се релативно скапи. VW Speed - 350 денари има други по 500-600 денари.

да да и Аутo билд имав неколку бројчиња сега ми текна па после земав и со дневник или утрински ама глупости беше тоа исто така земав од кај 2000 год негде и Tutto Motto i Gente Motori 15-20 броја имам а кошташе само 100 ден замислете од 300-400 стр е тоа беше списание ама на италијански ебаго па имам 1 или 2 броја VW WOB а сега од Македонските мислам да земам Auto Focus а за Ауто Плус не знам можи и тоа ќе го земам.....

па на времето земав едно макед. списание за тунинг Max Power 10 - на броја и после го укинаа

најомилено списание ми беше тоа

ШТЕТА за Max Power
 
Ауто+ и тоа само кога има репортажа за нашите трки доста опширно е пишано а и гратис ми го даваат :pos2:
 
Ете видиш... иако ми е огромно хоби, кога и да ми потреба нешто го барам во електронска форма, форуми или се консултирам со мајстор и продавач на авто-делови. Додека имав повеќе слободно време дури и пишував статии кои беа објавувани на насловната страна на кајгана. Никогаш не сум собирал ниту купувал автомобилски списанија, иако имам дома од таткоми стари 30 години.

Е таму да видиш новитети, Застава 101 медитеран, Застава го представи моделот на Фичо 850, моторцикли од 70-тите години на минатиот век, репортажи за Кени Робертс (постариот) слики од футуристички концепти...

Едит: Џип ке ти ја преименувам темата, бидеки овие списанија сите се на македонски но се преведувани од странските. Никое не е оригинал целосно македонско издание.

Па дај скенирај некоја страна ко ќе можиш и аплоудирај ги да видиме нешто :)
Јас имав еден куп списанија од 90-тите низ дома ми се расфрлаа, ама сега појма немам кај ми се зафрлени. Баш би сакал да ги најдам кај ми се. И ќе заборавев, повеќето на српски беа...
 
A и моите се српски... во тоа време на македонски јазик само Нова Македонија излегуваше :). Ајде кога ќе одам битола ќе избуричкам да ископам нешто па ќе фрлам некоја слика.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom