Bacillus gagous
Biohazardous
- Член од
- 21 јануари 2006
- Мислења
- 7.380
- Поени од реакции
- 168
Платформата за првичната форма на фејсбук не ја смислил некој тинејџер во америка туку е земен од платформата на StudiVZ.de кој бил првично проект на неколку германски студенти а денес е најголемата база на профили на студенти од германија и пошироко. Ако не се лажам имаше и судски спор па фејсбук бешеш приморан да направи значителни промени, затоа во последниве година дена фејсбук доби нов изглед и се збогати со еден куп нови апликации.Тоа е муабетот. Можеби за вас и не е некоја голема работа ова, но како би се чувствувал доколку дознаеш дека некој македонски сајт на пример, на кој ти го имаш објавено твојот цел живот (телефони, контакти, ставови, дневни белешки) е финансиран од (онака, брз врска лупам) луѓе блиски на македонската агенција за разузнавање?
Типичен американски филм. Така е тоа. Студент, плаќа програмер по 20 долари на час и го прави Facebook, најпопуларниот и најскапиот сервис во светот. И тоа, се за помалку од 4 години. Приказната лета со брзина на светлината. И така одеднаш, преда да се освестиш, нема некој на светов што не чул за Facebook. Не заебавајте. Сигурно на Зукерберг му дошол некој чичко во црно одело и му рекол: "Мали, сакаш да го имаш најпопуларниот сајт во светот и да бидеш многу богат? Слушај ваму...".
Како и да е тоа е како настанал фејсбук.
Што се однесува до злоупотреба на лични податоци, па во основа ако смао таму ги оставаме името и презимето, дата на раѓање и место на живеење/работење/студирање со една слика и не е толку трагично, бидејќи тоа се информации за кои и без фејсбук на некој со логистика како ЦИА му требаат максимум 2 дена да ги добие. Освен тоа сите знаете дека треба ради да ни ги тргнат визите треба да се неправи интегрираниот центар за контрола на границите и тој да се поврзе со другите европски, па преку нив и интерпол и циа може да дознае во истиот момент кога ќе поминете граница да бидат свесни за тоа.
Така да криењето на основните лични податоци во доста сфери од живото каде сме присутни подолгорочно нема никаква смисла.
Проблемот јас пре би го идентификувал при преголемата слобода што си ја земаат луѓето на базите како фејсбук и пишуваат буквално премногу лични информации кои во основа не терба да ги знаат повеќе од неколку пријатели или фамилија. А таквите информации се тие кои ако не ги ставите на интернет во вид на информации на профил или на некој блог тогаш ЦИА и сите слични ќе теба ептен да си го испотат газот за да дојдат до дадената информација и во основа најверојатно нема ни да дојдат до таа информација без вие лично да дознаете дека некој се интересира за дадената информација.
Така да нема потреба од толку голема параноја според мене, само треба да се пази, да не се изнесува се и сешто на таквите бази како feacebook, hi5, MySpace.