Facebook, најмоќната разузнавачка алатка на CIA?

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Тоа е муабетот. Можеби за вас и не е некоја голема работа ова, но како би се чувствувал доколку дознаеш дека некој македонски сајт на пример, на кој ти го имаш објавено твојот цел живот (телефони, контакти, ставови, дневни белешки) е финансиран од (онака, брз врска лупам) луѓе блиски на македонската агенција за разузнавање?
Типичен американски филм. Така е тоа. Студент, плаќа програмер по 20 долари на час и го прави Facebook, најпопуларниот и најскапиот сервис во светот. И тоа, се за помалку од 4 години. Приказната лета со брзина на светлината. И така одеднаш, преда да се освестиш, нема некој на светов што не чул за Facebook. Не заебавајте. Сигурно на Зукерберг му дошол некој чичко во црно одело и му рекол: "Мали, сакаш да го имаш најпопуларниот сајт во светот и да бидеш многу богат? Слушај ваму...". :)
Платформата за првичната форма на фејсбук не ја смислил некој тинејџер во америка туку е земен од платформата на StudiVZ.de кој бил првично проект на неколку германски студенти а денес е најголемата база на профили на студенти од германија и пошироко. Ако не се лажам имаше и судски спор па фејсбук бешеш приморан да направи значителни промени, затоа во последниве година дена фејсбук доби нов изглед и се збогати со еден куп нови апликации.
Како и да е тоа е како настанал фејсбук.
Што се однесува до злоупотреба на лични податоци, па во основа ако смао таму ги оставаме името и презимето, дата на раѓање и место на живеење/работење/студирање со една слика и не е толку трагично, бидејќи тоа се информации за кои и без фејсбук на некој со логистика како ЦИА му требаат максимум 2 дена да ги добие. Освен тоа сите знаете дека треба ради да ни ги тргнат визите треба да се неправи интегрираниот центар за контрола на границите и тој да се поврзе со другите европски, па преку нив и интерпол и циа може да дознае во истиот момент кога ќе поминете граница да бидат свесни за тоа.
Така да криењето на основните лични податоци во доста сфери од живото каде сме присутни подолгорочно нема никаква смисла.
Проблемот јас пре би го идентификувал при преголемата слобода што си ја земаат луѓето на базите како фејсбук и пишуваат буквално премногу лични информации кои во основа не терба да ги знаат повеќе од неколку пријатели или фамилија. А таквите информации се тие кои ако не ги ставите на интернет во вид на информации на профил или на некој блог тогаш ЦИА и сите слични ќе теба ептен да си го испотат газот за да дојдат до дадената информација и во основа најверојатно нема ни да дојдат до таа информација без вие лично да дознаете дека некој се интересира за дадената информација.
Така да нема потреба од толку голема параноја според мене, само треба да се пази, да не се изнесува се и сешто на таквите бази како feacebook, hi5, MySpace.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248
Добивале и тогаш, ама преку далеку посложени и поскапи операции.
Се крати буџетот, а работите мораа да станат по практични и поефтини :)))

Тука инвестираат 12.7 милиони долари, и имаат информации за хм, колку милиони луѓе на дланка?

А при класична разузнавачка работа, може да потрошат XXXX долари, XXXX агенти и XXXX време за да дознаат се што можат за еден човек, и на крај можеби пак нема да дознаат нешто што ти на Facebook сам ќе го откриеш и ќе им биде од корист.
Е да така си е, Сепак треба да се пази какви информации се оставаат. а обични информации според мене нема гајле.

Да де, знам, јасно ми е, знам дека свучи крајно глупо, ко шо кажа бујна фантазија..
Ама, еве, на ПРИМЕР, да стане густо..ти на сите тие работи си се согласил пријателе..неможеш да превземеш ништо околу тоа..
Епа тоа ти е кога некој решил мајтап да прави, ќе направи на секој начин. Тоа е што да правиме, бараме да ни е поинтересно по нетов, и да комуницираме со пријателите.
 
ANTIPATER

of Macedon
Член од
8 јуни 2008
Мислења
1.181
Поени од реакции
44
Гледам има многу форумџии на кои им се чини дека е прмногу глупо ЦИА да се замара со Фејсбук.Размислете поубаво!?
Тие се занимаваат со сешто,со работи кои на нас ни се гледаат како сосема бизарни.Мене оваа прикаска со фејсбукот ми изгледа како сосема реална и возможна.Од полицијата тие можат да добијат лични податоци,име и презиме адреса,но овде тие на послужавник имаат цел еден профил за тебе....расмислувања,ставови и други работи кои во полиција ги нема.
 
Член од
13 декември 2008
Мислења
449
Поени од реакции
16
Глупости како прво ако циа сака да знае нешто за некој не верувам дека ке има којзнае какви пречки да дознае, а друга работа е што податоците кои ти се на фејсбук секој може да ги дознае без потешкотии (како што е така трачарска Македонија). А овие клипчиња со "морничава" музика и содржина мислам дека се глупости и ги напраил некој кој нема што да прави со себе, или е мрднат по ствари од типот на conspiracy theory
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248
Абе ние обични смртници на кој би му требало нашиот профил или информации. :helou:
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.134
Поени од реакции
83.775
Не користам ни фејсбук, ни мејсбук, ни скајп, ни емесен.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Па јас го знам тоа :icon_lol:. Дури и сум член на група која што сигурно ЦИА ја следи (не е Кајгана :icon_lol:). Па си имам два профили (ми го украдоа едниот и не можам да пристапам до него :icon_lol:, па си отворив друг) и пробувам сам на себеси да си станам пријател, досега неуспешно.
Инаку сериозно Фејсбук со 200 000 000 корисници е добра база на податоци не само на ЦИА туку и на другите тајни служби. Уствари на ЦИА не и треба никаква дозвола бе брат, знаеш какви закони има? Можи да изчезне човек преку ноќ и да го нема.
Интернетов е направен од армијата на САД и сигурно имаат механизми како да украдат туѓи податоци, не им треба дозвола од Фејсбук.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
во врска со фејсбук: една жена на англиски бизнисмен кои живеат овде ми кажа дека ако аплицираш за работа во Лондон (на пример)...сите работодавачи имаат фејсбук профили (нормално со лажни податоци)... и утреденда ќе си видиш френд риквест од некој тетка... и ондак муабети за секс, драгс анд рок ен рол. И ти џабе ќе се претставуваш како стручна, исполнителна и не знам каква особа. џабе.

а знаејќи какви се забегани Американците, ништо чудно да светка некое сијаличе некаде на секој збор како: ал каеда, осама, обама, бомба, терористи итн...

еј еве го... светка...:nesum::bip::bip:
 
Па имаше случај да избркаат една од работа зошто на својот фејсбук профил кажал дека во момнетот и била досадна работата.
 
Член од
13 декември 2008
Мислења
449
Поени од реакции
16
И еден совет не пишувајте што праите и слични информации во драга кајгана зошто интерпол постојани надгледуваат:helou:
 
Б

Бат Елохим

Гостин
И еден совет не пишувајте што праите и слични информации во драга кајгана зошто интерпол постојани надгледуваат:helou:
хахахаха баш сабајле напишав дека ќе убијам најмалку петорица ако не ми купат ништо за 8 ми март!!:pos::pos:

ќе имаат работа. ама до вечерва листата е намалена за 3. за двајцата останувам на зборот! :pos:
 
RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Не само со фејзбук, ами и со гугл-ерт. Тие на нас само малку ни покажуваат од нивните снимки со сателит, тие сигурно можат да видат и многу повеке од ние шо може да видиме и замислиме.:smir:
 
BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Абе ајде... Живи глупости! Никогаш нема да поверувам во ова (освен ако не дојдат они да ми потврдат :icon_lol:)... Ако е така, зашто Acid уште си го имаш профилот? :)
Цел живот ми зборат за ваквиве страни дека се штетни и незнам што... Абе, ако некој сака да ми наштети, ќе ми наштети и ако ги немам... Се' се ова глупости :) Непотребно замарање... А и јас не сум глупа да оставам телефонски броеви или броеви на кредитни картички (кој идиот го прави тоа anyways :uvo:)....
 
Член од
8 август 2008
Мислења
2.680
Поени од реакции
512
Јас имам ставено само име, надимак (во делот со презиме) и дата на раѓање -> што се однесува до личните податоци
А имам ставено и 7-8 слики

Ајде ЦИА најдете ме сеа, уХапсете ме :baeh::bip:
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Но што ке прават со име и презиме и една фенси слика? Тоа е кражба на идентитет? Зашто најмногу така им изгледаат профилите и немаат нешто повеќе.
ОК, така изгледаат профилите но што е со оние апликации, игрици, фан на овој на оној и триста други тракатанции? Со тоа само се добива еден психолошки профил за личноста и буквално се може да се дознае за одреден човек.

Добивале и тогаш, ама преку далеку посложени и поскапи операции.
Се крати буџетот, а работите мораа да станат по практични и поефтини :)))

Тука инвестираат 12.7 милиони долари, и имаат информации за хм, колку милиони луѓе на дланка?

А при класична разузнавачка работа, може да потрошат XXXX долари, XXXX агенти и XXXX време за да дознаат се што можат за еден човек, и на крај можеби пак нема да дознаат нешто што ти на Facebook сам ќе го откриеш и ќе им биде од корист.
Баш така, се е објаснето и одговорено на оние што пред фејсбук, што кога немало интернет?

Па јас го знам тоа :icon_lol:. Дури и сум член на група која што сигурно ЦИА ја следи (не е Кајгана :icon_lol:). Па си имам два профили (ми го украдоа едниот и не можам да пристапам до него :icon_lol:, па си отворив друг) и пробувам сам на себеси да си станам пријател, досега неуспешно.
Инаку сериозно Фејсбук со 200 000 000 корисници е добра база на податоци не само на ЦИА туку и на другите тајни служби. Уствари на ЦИА не и треба никаква дозвола бе брат, знаеш какви закони има? Можи да изчезне човек преку ноќ и да го нема.
Интернетов е направен од армијата на САД и сигурно имаат механизми како да украдат туѓи податоци, не им треба дозвола од Фејсбук.
Ај кажи кога ќе успееш да си станеш пријател. Интернетот не е направен од армијата на САД од каде па сега ова?:pos2::pos2:

Не само со фејзбук, ами и со гугл-ерт. Тие на нас само малку ни покажуваат од нивните снимки со сателит, тие сигурно можат да видат и многу повеке од ние шо може да видиме и замислиме.:smir:
Убаво што ти текнало за google-earth, уште еден пример за интернет апликација преку која може да се видат многу работи.

едит:
Било што било, може е така може и не е во секој случај не би дознале како и за многу други работи кои секојдневно од агенции слични на ЦИА се одвиваат низ светов. Од ова со Америка и сите срања поврзани со неа може да се заклучи дека на еден начин сакаат да го имаат светот на дланка и се да контролираат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom