Велес 1863 година-пазарот и старата градска чаршија покрај реката вардар.
Верувале или не ова е делот каде што навистина се наоѓа старата чаршија на градот велес.
овдека граѓаните на тогашна Македонија се собирале за еден од најголемите пазари на балканот за да ги разменат своите стоки и да соберат некој денар за да ја прехранат својата фамилија.
велешките панаѓури и велешката чаршија со своите карактеристики ги пленела луѓето кои поминувале низ тогашната отоманска империја и ги привлекувала да останат барем на еден ден и да ги запознаат којничанки(најубавите моми) или барем да присуствуваат на прочуениот панаѓур кој проследен со тапан и зурла бил најинтересна дестинација за сите странци.
Денес откако Македонија успеа да се осамостои и кога дојде времето луѓето печалот од парите да го стават во својот џеб, овој пазар остана непроменет.
луѓето сеуште продаваат под отворено небо навикнати на ладното време и студениот дожд придружени од миризбата на дервенскиот поток кој поминува на дваесеттина метри од пазарот.хигиената е на многу ниско ниво а поради поголемиот број на пазарџии отколку тезги некои се приморани да продаваат на туристички креветчиња надвор од пазарот или да продаваат во пазарот но
на земја,како и да е овие пазарџии кои не ги користат тезгите се сепак приморани на ЈПК Дервен да му платат такса за тоа што се дел од најголемиот пазар во градот.
и додека другите градови веќе ги изградија затворените градски пазари, почнаа да го применуваат Хасап системот за поквалитетна храна нашиот пазар тапка во место каде што бил и пред 100 години во отоманската империја.
Сведоци сме како скопјани и охриѓани жестоко се борат за зачувување на занаетите и старата чаршија, а ние велешани сме приморани да се соочиме со фактот дека аце коцевски ги урна бараките во кои се наоѓаа последните занаетчии а старата чаршија ја претвори во паркинг кој сеуште е изграден само од земја и за време на дождови кал.