Македонците се бришат, Македонија станува Унија на народи

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Леле какво наравоучение ни даде неговата пресветост Бранко.

Сигурен сум дека и во Ватикан ќе го канонизираат после оваа изјава, прав светец чудотворец.

:pos2:
 
delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
Да го избришам претходниот пост со демантот на Бранета? Ако стои демантов темава ќе замре ,а и не и гине канта:toe::tv:
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Леле какво наравоучение ни даде неговата пресветост Бранко.
Можеби од Ѓорѓе (George Orwell) би можел да извлечеш подобро наравоучение:

"Извртувањето на фактите во интелектуална смисла, може да продолжи бесконечно. Eдинствената брана е што порано или подоцна лажното убедување ќе се тресне од реалноста. Затоа "е нужен постојан напор да се види она што е пред нашиот нос"
Да го избришам претходниот пост со демантот на Бранета? Ако стои демантов темава ќе замре ,а и не и гине канта:toe::tv:
Море @delboy. Што ти требаше ова работа.

А шоубо си беа у налет :)
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Не е предмет Израелецот, туку ставовите и плановите на Бранко.

Бранко со неговите дејствија ја урива позицијата на Македонија.

За да постигнеш нешто во преговори, треба да имаш крајно спротивна позиција за да дојдеш до средина.

Бранко постојано ја уриваше позицијата со тоа што јавно ја отфрли двојната формула.

Пазете !!!

1995 година беше БЈРМ за 3 месеци.
Па двојна формула.
Денеска и на таа се посраа(простете ми на вулгарноста) та заедно со Фрчко измислуваат двојна формула на идентитетот.

Бранко и Фрчко се во спрега со Грција а медијатор е медијатор тој нема решавачка улога, туку само посредничка и тој не е предмет на оваа анализа.

Ова ти е нешто слично кога октоподот велеше, ќе го фатам октоподот.
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
Sto slusam vecerva, Gruevski do sega e edinstveniot "makedonec" sto svedocel protiv Makedonija vo korist na Grcija koga Okta zaraboti 18 milioni evra i prodolzi da gi true zitelite na Miladinovci.
Brane grkomanot e kriv 108%
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Чеј, ја незнам на што се израдува Реален07???

Или демантот толку ги израдува па наликуваат на оние послушниците на Пастирот како што го нарекуваат. :)

Деца, игра на зборови и префрлање на вината.

Ама па и децата денес знаат кој и за што е заслужен Бранко, затоа немојте бе да се радувате вака патетично кога последиците од делата говорат наместо зборовите на Бранета.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Чеј, ја незнам на што се израдува Реален07???

Или демантот толку ги израдува па наликуваат на оние послушниците на Пастирот како што го нарекуваат. :)

Деца, игра на зборови и префрлање на вината.

Ама па и децата денес знаат кој и за што е заслужен Бранко, затоа немојте бе да се радувате вака патетично кога последиците од делата говорат наместо зборовите на Бранета.
Bratot, постојат два Пастира...постојат две стада...
 
delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
Не е предмет Израелецот, туку ставовите и плановите на Бранко.
Дури сега ме разочара со предметов Славјански! Ја па се мислев дека се разговара за новиот медијатор на Бранета од Охридската средба.Но ок за она другото кое го имаш напишано ќе почекам некоја нова ТОП ВЕСТ на Мирка деновиве во Нова Македонија,па може и тоа ќе се демантира, и се така во недоглед на нови и нови предмети ,а и шо ни е гајле бе, барем избориве ќе си имаме забава како и сите досегашни :tv:
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
Времето за лажење во Македонија полека но сигурно привршува

четврток, 05 март 2009

Реакција од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија во врска со текстот објавен во дневниот весник “Нова Македонија” на 4 март 2009 година, со наслов “Македонците се бришат, Македонија станува Унија на народи” од авторот Мирка Велиновска

Во изминатиот период Кабинетот на Претседателот на Република Македонија одбегнуваше да коментира различни конструкции и шпекулации пласирани во електронските и печатените медиуми кои се оденесуваа на ставовите и активностите на Претседателот на државата. Овој пристап го почитувавме уште повеќе кога се работеше за текстови објавени од автори со одамна изгубен професионален и човечки кредибилитет.

Имајќи во предвид дека овој пат делови од текстот “Македонците се бришат, Македонија станува Унија на народи” објавен во дневниот весник “Нова Македонија” се презедоа во неколку електронски и печатени медиуми (сакаме да веруваме дека се работи за чиста случајност, а не за предизборно сценарио разработено во нечиј партиски штаб), решивме да го објавиме следниот демант:

1. Целиот текст е лажна конструкција без било какви факти и аргументи и без било какви допирни точки со реалноста.

2. Ставовите на Претседателот на Републиката во однос на спорот со Грција се добро познати и во безброј наврати јавно соопштувани пред македонската јавност. Никакви тајни планови не постојат ниту пак има потреба од такво нешто.

3. Летото 2007-ма во Охрид се одржа средба со професорот Адиџес, која беше организирана не од страна на шефот на државата туку од страна на премиерот Груевски. За тоа говори фактот што средбата се одржа во премиерската, а не во претседателската резиденција, како и составот на останатите присутни: Зоран Ставревски - потпретседател на Владата, Љубиша Георгиевски - претседател на Собранието и д-р Срѓан Керим. Претседателот на Република Македонија на оваа средба учествуваше како поканет гостин од страна на премиерот Груевски.

4. Македонското државјнаство на г-динот Адиџес му го врачи премиерот Груевски, а не Претседателот на државата.

5. Претседателот на Република Македонија ниту има информации, ниту пак има покренато некаква постапка или иницијатива за доделување на академски статус на г-динот Исак Адиџес.

Инаку, претседателот Бранко Црвенковски со професорот Исак Адиџес се познава долго време, имале повеќе средби, заклучно последниот пат при неговиот престој во Скопје, пред неколку дена, кога на покана на претставници на бизнис заедницата професорот Адиџес одржа предавање. Но и на таа, како и на која било претходна средба, ниту се разговарало, ниту можело да се разговара за посредништво или за медијаторство на г-динот Адиџес во спорот околу името.

Претседателот им порачува и на нарачателите и на изведувачите на вакви сценарија дека времето за лажење во Македонија полека но сигурно привршува. Соочувањето со вистината за многумина ќе биде горчливо, но во исто време и неизбежно.

http://www.time.mk/?slot=988&cluster...3D21611&size=1

Zosto administorte dozvoluvaat ovaa tema da se povtoruva tri pati.
 
Немам јас проблем со вистината, ако се докажи ќе ја прифатам.
Нит робувам на идоли, нит верувам во идеализирање на личности, партии..

Јас кога зборам за ликот и делото на Бране тргнувам од сопствената кожа и тој став е вистинит за мене.
Неговите дејствија се апсолутно во правец кој ни го посочи Мирка.

Ќе видиме утрешниот ден што ќе донесе.
 
Член од
29 јули 2008
Мислења
247
Поени од реакции
3
makedoncite sme kako troskot taka da koj planiral ovaa tesko ke mu ostvari.sme postoele i ke postoime.tolku vojni se vodea za ova parce zemja i pak na nekoi ne im doaga pametoto u glava.
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Чеј, ја незнам на што се израдува Реален07???

Или демантот толку ги израдува па наликуваат на оние послушниците на Пастирот како што го нарекуваат. :)

Деца, игра на зборови и префрлање на вината.

Ама па и децата денес знаат кој и за што е заслужен Бранко, затоа немојте бе да се радувате вака патетично кога последиците од делата говорат наместо зборовите на Бранета.
Не е ни прва, а нема да биде ни последна конспирација која ви паднала или ќе ви падне на овој форум.

Груевски и неговите следбеници се лажат дека бедата во која тоне Македонија ќе ја исперат со едно едноставно вперување на прстот спрема опозицијата и Бранко.

Затоа и ти посочив на наравоучението кое најверојатно намерно не сакаш да го извлечеш.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Bratot, постојат два Пастира...постојат две стада...
Имаш право, но мислам дека има разлика и во волната што ја даваат.

Едните ко да им е пообилна, имаат повеќе за стрижење.

Сепак, станува тесно во трлово.
 
delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
Немам јас проблем со вистината, ако се докажи ќе ја прифатам.
Нит робувам на идоли, нит верувам во идеализирање на личности, партии..

Јас кога зборам за ликот и делото на Бране тргнувам од сопствената кожа и тој став е вистинит за мене.
Неговите дејствија се апсолутно во правец кој ни го посочи Мирка.

Ќе видиме утрешниот ден што ќе донесе.
За некој си други дејствија напишани од Мирка незнам..уствари знам по некој од порано и од сега...ама баш ни една нејзина топ сторија не виде виделина освен разбира се во весниците на кои им беше верна!
Е сега мене друго ме мачи во целата приказна..зар е можно истата таа Мирка толку аматерски да настапи со нејзините пишувања ,а да не провери кој се бил присутен во Охрид,дали некој се налутил и си заминал итн.......А сосема друго е што овакви текстови во весници испаѓаат во предизборие,(слично нешто како нејзините текстови за Бугаризација на Македонија од ВМРО ,ако дојде на власт на изборите 1998) или пак овакви текстови во последно време излегуваат скоро секогаш кога Претседателот е надвор од државата...:toe:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom