Се кандидираат во Македонија, но со албанска химна

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Се кандидираат во Македонија, но со албанска химна
E861E5D068FECE4F872EE9C730644D1C.jpg

Македонската химна не го отсликувала мултиетничкиот карактер
Завчерашната конвенција на ДУИ, на која беа претставувани кандидатите за претседател на Македонија и за градоначалници, беше започната со интонирање на химната на Албанија, а македонската државна химна повторно беше изоставена. И покрај тврдењето дека Албанците во Македонија во последно време почнале да ја чувствуваат државата како своја и дека се развило веќе чувството на припадност, сепак, албанските партии во континуитет покажуваат почит единствено кон албанската химна.

„Тоа е химна на Албанците која потекнува од поодамна, а во македонската химна во ниту еден дел не се одразени заложбите на другите етникуми, особено на Албанците, и нема елементи во кои би се идентификувале. Ние не се нарекуваме Македонци, ние сме Албанци“, вака Ермира Мехмети од ДУИ објаснува зошто на нивните манифестации не се интонира македонската химна.

И од ДПА велат дека досега ниту еднаш не ја интонирале македонската химна, затоа што и за нив химната и симболите не го отсликувале мултиетничкиот карактер на државата. Меѓутоа, како што додаваат од партијата на Тачи, досега на ниту едни избори не интонирале химна, а така ќе биде и сега.

Од Нова демократија велат дека тие започнуваат европска кампања и дека немаат намера да интонираат химни на партиските активности, но сепак, се' уште немаат изградено став околу употребата на химната, туку дека нивната заложба за мултиетничност ја искажуваат со употребата на сите знамиња.

Политичките експерти со различни гледања за употребата на химната и државните симболи на други држави. Според професорот Јове Кекеновски, ваквиот однос јасно покажува дека не се почитува државата и дека е чисто лицемерие вербалното изразување чувство на припадност кон државата. „Се' додека не се реши ова прашање, тие мора да ги почитуваат државните симболи и химна. Ова ќе го гледаме се' додека не почне да се спроведува правната држава и не се реализираат казнените одредби за непочитување на грбот и химната“, смета Кекеновски.

Неговиот колега Јетон Шасивари, пак, вели дека неприменувањето на Законот за употребата на симболите од страна на албанските партии значи дека ова прашање е отворено. „Ова прашање е многу подлабоко и е отворено, а тоа што ДУИ не ги употребува државните симболи значи дека и самите не се задоволни од сегашните решенија. Меѓутоа, не може да се каже дека се интонира химна и се употребува знаме на Албанија затоа што тие, пред се', се национални симболи, а потоа и државни“, вели Шасивари.

Извор: УТРИНСКИ
 
Нема ништо лошо тука :)
 
„Тоа е химна на Албанците која потекнува од поодамна, а во македонската химна во ниту еден дел не се одразени заложбите на другите етникуми, особено на Албанците, и нема елементи во кои би се идентификувале. Ние не се нарекуваме Македонци, ние сме Албанци“, вака Ермира Мехмети од ДУИ објаснува зошто на нивните манифестации не се интонира македонската химна.

И од ДПА велат дека досега ниту еднаш не ја интонирале македонската химна, затоа што и за нив химната и симболите не го отсликувале мултиетничкиот карактер на државата.
Pametno kazano i od ednite i od drugite. :toe:
 
Ова ќе го гледаме се' додека не почне да се спроведува правната држава и не се реализираат казнените одредби за непочитување на грбот и химната“, смета Кекеновски.

Imalo nekoj pameten.
 
Не можам да го сфатам лицемерието.Добро која држава сменила химна и знаме зошто со тоа не се отсликувале малцинствата.Германија треба да стави полумесечина и ѕвезда,американците нема да имаат место на знамето за да го отсликаат желбите на малцинсвата.Швајцарија,шведска норвешка англија треба да ги тргнат крстовите од знамето зошто ги повредуваат чуствата на некои малцинства...
 
Ни е али крив, ми смо говна. Така ке биде кога луѓето си се изборија за "права".
 
Ни е али крив, ми смо говна. Така ке биде кога луѓето си се изборија за "права".
Епа што побогу полемизирате овдека, кој зошто како, кога сите сме свесни кај ни отиде државата, чутете си сега.
 
A од Косово не ја пуштиле? Таа го отсликува мултиетничкиот карактер.
 
Da ti ebam drzava, narod , gruevski, sdsm, vmro, kurtoni makedonski, eu, nato ova go drzam kriv makedonskiot narod sto ne se bunat.
Koga ke dojdi radikalna partija, organizacija ili covek da go ocisti makedonskiot obraz.

A ovie sto idea preku granicata celite so mrsuli vo licata i lajna po alishtata mnogu najdoa da se silat..

Ова ќе го гледаме се' додека не почне да се спроведува правната држава и не се реализираат казнените одредби за непочитување на грбот и химната“, смета Кекеновски.
A ova ke go vidime? Nikogas zosto vas vie po bitno da mu izbrishite gazot na Solana i drugi zapadnjaci koga ke dojdat tuka a makedonecot e skrsheno i ponizen a nikoj nisto ne prezemuva.
 
nelipitu guli e spomnat...ainaku od vovekkoj saka da bide pretsedatel-treba da po;ituva i da brani i da se bori za se stoon zastapuva bez razlika na pripadnbost..
Pitu Guli ko albanec se priznava od makedonskata istoriografija?!

се врти тркалцето...не го осекаш
Jok.
Zar veke pocna da se vrti?!!
Ako vaka se vrti, vecno nek se vrti, nema gajle.
 
Не ми е јасно ова кај албанскиве политичари, а и кај огромен дел од албанскиот етникум во Македонија. Не го почитуваат знамето, не го почитуваат грбот, не го почитуваат Уставот, не ја почитуваат химната... Дали ова е од тоа што имаат и преголеми права како малцинство, можеби најголеми на Балканот како малцинство?
 
Ova e toa sto ne sme malcinstvo, ama nekoj toa uporno se obiduva da ne go razbere i priznae. :toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom