Не заспивај сега 2

  • Креатор на темата Креатор на темата Lincoln Burrows
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Не ми се верува кое „шоу“ се вратило на телевизија. :nesvest:
Иван С. Мирчевски, на Канал 5, секој понеделник околу полноќ се враќа со своето „ултрапопуларно шоу“ НЗС, своевремено единствена „забавна“ емисија на МТВ.
Не ми е јасно само едно: зошто Канал 5 го собира ѓубрето од другите телевизии?
 
Какво шоу е ова??
 
Какво шоу е ова??

„Шоу“ со најантипатичниот водител ever.
%7B83A905F0-869D-47B1-A166-F1D131E75C3C%7D_mircevski-2.jpg

Во ист кош ми е со Зоран Василевски и Александар Блажевски. :nerv:

Инаку вечерва му беа гости Џафер и овој од Рок Агресори (Зоки мислам се викаше)
 
Е зашо ѓубре? Ја го глеав нон стоп порано на МТВ. И баш ќе видам како ќе биде двојката. Водителов не ми е меѓу омилените, ама добар е. Супер ја водеше емисијата порано.
 
Oh noo. Not again.
Човеков изгледа сака да се шегува во иронија и затоа си ја нарекол емисијата Не заспивај сега. Не, нема да го гледам. Повторно.
 
Јас ја гледав супер емисја беше и дечкото е супер водител и морам да ја критикувам владата как оодговорна за МТВ од која тв сите си отидоја и новинари и спортсдки коемнтатори и буквално се што вредеше си отиде од националната тв. јас не знам што и ме целта н осигурно не сакаат мтв да ја модернизираат.
 
Па што знам интересна ми беше емисијата порано кога немаше емисии од таков тип, а со кои сега сме пеплавени, исто и Антонио Димитриески праеше добри емисии на времето.
Ама дали и сега ќе биде интересна емисијава, не знам:toe:, сепак ги ценам дечкиве, не за друго, туку заради што беа првите во Македонија кои направија музички емисии
 
МирЧеШки е добар само што изговорот на критичните гласови малце му е спеЧифиЧен...ради проблем со забите...па напраи ги бе чоек:tapp:
А иначе глеам уште од прва емисија изиграва некој партиски војник...прв гостин Конески (кандидат за градоначалник на општина Аеродром)
И канал 5 не ги собира кич водителите него од мтв сите идат кај што даваат пари нема врска дали е А1 сител Канал 5...освен за некој ко боки шо се појави со г-ѓа министерка и го снама веднаш
 
Е зашо ѓубре? Ја го глеав нон стоп порано на МТВ. И баш ќе видам како ќе биде двојката. Водителов не ми е меѓу омилените, ама добар е. Супер ја водеше емисијата порано.

Повеќе водителот ми е ѓубре отколку емисијата, ама и таа не вреди ич.

За Мирчевски:
1. Во периодот на Стошичка комплетно ја уништи забавната програма на МТВ, оставајќи да се забавуваме само со него.
2. Како шеф на делегација, го одржа најскандалозниот и најбедниот Евроизиски избор, што резултираше и со доста лош пласман таа година. (17. место)
3. Кога зборува човекот ко за себе да збори, па не може ни самиот да се слушне и почнува иритирачко да 6у6ка.

За НЗС:
Не знам како ќе тера оваа сезона, ама таа последната на МТВ беше baad. Ставил тројца во студио да стојат и да зборат на одредени (најчесто глупави) теми, а 20 километри позади нив, ко мулиња седат луѓе кои најчесто доаѓаа до збор еднаш низ сите тие 2 саати.

btw, ова е само мое мислење и не мора да го сфаќаш сериозно, ако тебе ти се допаѓа емисијата тогаш ок. :)
 
„Шоу“ со најантипатичниот водител ever.
%7B83A905F0-869D-47B1-A166-F1D131E75C3C%7D_mircevski-2.jpg

Во ист кош ми е со Зоран Василевски и Александар Блажевски. :nerv:

Инаку вечерва му беа гости Џафер и овој од Рок Агресори (Зоки мислам се викаше)

хех не зезај за овој дегенов нема конкуренција!:tapp:
 
Маестро, ова шоу е на Томато, а отсега Томато се со канал 5 ,, така да се од Томато во главно очекувајте на канал 5, како што минатата сезона беа на А1 емисиите
 
Ко мала го гледав ова на МТВ1 и ми преставуваше синоним за колку касно сум останала будна, мераци беа тоа..а коа ќе размислам не беше нешто интересно, доста ниско буџетна емисија, се разбира што може да се очекува од МТВ..
сепак конкуренцијата тогаш па и не беше голема, и немаше многу емисии од овој тип, па затоа беше доста гледана.
 
Или ти си смешала нешто или јас..
пошто ова идеше у петок у 20 и 30 ако не се лажам..
и идеше пред 2-3 години максимум ако не се лажам.. :)
 
Или ти си смешала нешто или јас..
пошто ова идеше у петок у 20 и 30 ако не се лажам..
и идеше пред 2-3 години максимум ако не се лажам.. :)
ни едниот ни другиот. времето кога гледав МТВ1 беше уште кога не ја даваа Касандра, а неа ја даваа кога имав 7 години...така да може си у право, може ја давале сега до пред некоја година..
 
Или ти си смешала нешто или јас..
пошто ова идеше у петок у 20 и 30 ако не се лажам..
и идеше пред 2-3 години максимум ако не се лажам.. :)

последната сезона беше некаде 2006-2007 и одеше во прајмтајм.
А, првите сезони од кај 2001-2002 мислам одеа касно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom