Економскиот аналитичар Сем Вакнин, кој беше близок соработник на премиерот Никола Груевски кога тој беше министер за финансии, смета дека плановите за инвестирање на 8 милјарди евра за 7 години е чиста фантазија на владата.
Тој смета дека во услови на светска криза не постои начин како да се обезбедат овие пари, бидејќи банките на даваат кредити, а големите фирми не инвестираат за да земаат под концесија објекти.
„Фантазија која не може да се реализира“ е оценката на економскиот аналитичар Сем Вакнин на инвестиционата програма тешка 8 милијарда евра што вчера ја презентираше премиерот Груевски. Вакнин вели дека инвестициите на Владата во енергетиката, инфраструктурата, образованието и културата се добар чекор, но висината на сумата која беше објавена не може да се реализира.
„Таканаречената иницијатива е уште еден пример за фантазија, а реално гледано ниту една десетина од тоа не е возможно. Владата вели дека ќе инвестира 150 отсто од БДП – то на Македонија во текот на следните седум години. Во меѓувреме другите земји како на пример Германија, инвестира повеќе од 10 отсто од БДП – то, а и САД која е една од најразвиените земји инвестира помалку од 50 отсто, така што сигурен сум дека мала земја како што е Македонија не може да инвестира тројно повеќе од земја како што е САД“ изјави Вакнин.
Вакнин истакнува дека ниту една светска банка во услови на криза нема да ја кредитира Македонија во висина од милијарда евра, така што не треба многу да се смета на кредитите. Од друга страна пак најголемите концесионери се соочуваат со големи порази предизвикувани од кризата и нема да инвестираат во Македонија, така што единствен начин за да се реализираат овие проекти е собирање на даноците.
„Собирањето на даноците според сите показатели ќе претрпе видлив пад. Експортите постојано паѓаат, луѓето ги губат нивните работни места, значи сите извори за собирање на даноците се намалуваат. Исто така не може да се верува дека со собраната сума од даноците можат да се покријат овие иницијатива. Буџетот и без ова е со дефицит “ вели аналитичарот.
Вакнин рече дека место оваа фантазија која премиерот Груевски ја соопшти пред изборите, тој можел да најави инвестиционен план во вредност од 1 милијарда евра за период од 3 години, кој би бил реален за спроведување.
Извор АЛСАТ-М
Еве го моето мислење , кое предходно го изнесов на темата , презентирано од ЕКОНОМСКИ аналитичар...
Сепак зошто да се биде РЕАЛЕН кога Македонецот е познат по тоа дека ги обожава прикаските и живото во сништа...