Дали вреди да се биде добар?

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Тоа е во еден добар свет, а нашиов е малку заебан. Ако некој те удри по едниот образ и без да му го свртиш ти другиот тој пак ќе те удри. А ако му свртиш повторно образ можеш и ептен лошо да си поминиш. Искрено јас ректо односно никој досега неам видено да прави толку добро како што проповедал Исус.
Те читам по форумов и едно не ми е јасно. Како си ти волк, или пак овца? Што си направил, што си преживеал? Си го истепал дечкото што нејќел да побегне од час и тоа те прави предатор?
Ти, додека не наполниш 18 години, па ни тогаш немаш никакво влијание во општеството. Во превод никој не те прашува што мислиш и што сакаш, значи не е можно да си ни едно ни друго. Твоја работа е да ќутиш, седиш и ако си малку паметен да учиш за утре некој и да те праша што мислиш.
Е сега, ако нешто научиш и оформиш констуктивен критички став ќе има и нешто паметно да кажеш кога ќе те прашаат со што ќе направиш нешто добро за другите, со што ќе се ставиш себе си во кош со другите ,,добри" луѓе, и тогаш ќе мислиш дека вреди да се биде добар. Ова хипотетички кажано нели, моментално си далеку од тоа, а прашање е дали и ќе стигнеш до таму воопшто.
 
El 'Borracho

Riot Maker
Член од
18 јули 2009
Мислења
822
Поени од реакции
238

А ти што си направила? Зборувај за себе ако ти како "дете" си била од тие на кои не им било гајле за ништо дури од дома им даваат пари за в чаршија. Ти неможиш мене така да ме напраѓш без доказ. Ти ме знајш мене?! Не! Од каде информација дека јас неам влијание врз општеството? или само оние над 18 се општество? ти си сега во стадиум кога излегуваш од пубертет и тинејџерство и сметаш дека се шо е година под тебе е со помалку интелект и искуство од тебе. Немој сеа и со тебе да се карам за истото што се скарав и со ВикторГГ
 
Не те напаѓам ни се карам. Само те прашувам, дали можеш да го потврдиш тоа што го зборуваш. Ете ако влијаеш некако врз општеството кажи како? Ако си доживеал нешто, што?
Јас не кажав дека сум направила нешто, и затоа не ни тврдам дека сум не знам ти каква животиња. Ти тврдиш дека си, а всушност цело време си некултурен одговарајќи на прашање со прашање.
 
El 'Borracho

Riot Maker
Член од
18 јули 2009
Мислења
822
Поени од реакции
238
Викторгг напиша:
Е, ама тие закони кои ти ги пишуваш не ги допишуваш. Природата/општеството се многу слични. И едните и другите ги имаат поставено речиси истите закони.
Природата се темели на едноставен закон кој вели дека сите нешта мора да бидат во совршен баланс, па така и твоето уринирање на младо пролетно кокиче ќе резултира со уништување ма обично цвеќенце, но принципот “пеперутка ефект“ никогаш не знаеш што ќе стори.
По таа основа, удирање шлаканица на мало маалско дете дека седи на твојата хауба може да не изгледа ништо страшно, но порано или подоцна тоа ќе се врати назад.
Глупав пример, сите татковци на стероиди кои тепаат од мерак, раѓаат деца кои се nerds. Кругот се комплетира порано или подоцна, тоа е законот на природата поврзан со општеството.

Така што, кога човек одбира да биде нетолерантен и себичен, односно лош (обратно од добар) треба да знае дека тоа го прави единствено за пари кои му вредат во моментот, и кои луксузот што му го носат во одреден миг, подоцна ќе доведат проблеми кои без парите не би постоеле и кои парите не можат да ги решат.
нејќам да се расправам како вчера и се согласувам со ова погоре шо си го пишал само сакам да те прашам без никаква иронија. Ако природата и општеството се многу слични и важат истите закони, сите знајме дека најважниот закон на природата е најсилниот и најснаодливиот преживува, така? Значи истото ќе биде и со општеството значи сепак е во право тој шо пишуваше над тебе. :smir:
никогаш не спомнав дека сум волкот и моето влијание врз општеството е друга тема на разговор и не за на отворен форум затоа што некој можи да се навреди а не дај боже и јас да бидам повреден. Мислам дека ме разбираш :smir:
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
http://forum.kajgana.com/showthread.php?p=3121503#post3121503
никогаш не спомнав дека сум волкот и моето влијание врз општеството е друга тема на разговор и не за на отворен форум затоа што некој можи да се навреди а не дај боже и јас да бидам повреден. Мислам дека ме разбираш :smir:
Тотално те разбирам, во ред е да не сакаш да кажеш нешто од твојот живот на форумов, па не дај боже и индентитетот.
Малку сме и офтопик, може утре да не нема на темава, али ја морам да прашам
Брат ти таен агент да не си во Интерпол МВР и сл. Ова можеш да ми го одговориш и по пп, ветувам нема на никој да кажам:smir:
 
Heartbreaker

The Real ROCKNROLLA
Член од
6 декември 2009
Мислења
276
Поени од реакции
28
Мојот став е дека треба да е биде фер и добар кон секого кој е фер и добар кон тебе.
 
Член од
7 декември 2009
Мислења
133
Поени од реакции
8
Не секој заслужува да си добар кон него, но сепак вреди да се биде добар. Ако ништо друго би биле на чисто сами пред себе.
 
Marko vojvoda

Archduke - Archangel
Член од
31 јули 2008
Мислења
70
Поени од реакции
5
Не мешајте добрина со наивност и глупавост. Најчесто одат во пакет ама не мора така да биде.

Освен тоа што е добро за еден не мора да биде за друг и не знам дали постои универзален поим што е добро.

Или пак да речеме она што не ти носи лоша карма е добро (за тебе) а тоа што ти носи лошо. Можеби е тоа најправилна поделба.

Најголема борба е да не бидеш наивен и глуп инаку тешко тебе :).
Универзален поим за добро е кога на мнозината луѓе име тоа добро.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
Генерално гледано,во денешно време посебно во оваа наша Македонија не вреди и не се Исплаќа да си добар.:kesa:
Секоја чест на исклучоци,и поединци кои дадената добрина од наша страна знаат да ја ценат и да вреднуваат,па и тие да вратат со добро од нивна страна.:bravo:
Имало многу случаеви,искуства на многу луѓе шо сум ги познавал,а и мои-кога воопшто не била возвратена ниту ценета добрината шо била укажана.
Да се биди добар е голема доблест,особина на еден човек,нешто шо го издвојува во позитивна смисла од средината во која живее и го исфрла напред пред другите како човек кој заслужува и треба да биди сакан,респектиран од луѓето.
Во Македонија според мене наместо доблест,добрината е мана и сигурно повеќе човек ќе има зијан одколку ќар од добрината шо ја укажува.
Моето ГЛАВНО мото во животот е-Биди и повеќе од добар кон сите кои ти мислат и ти ПРАВАТ добро,а кон другите-хмммм СЕКОЈ СПОРЕД ЗАСЛУГАТА:pop:
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
зависи за кои работи треба да си добар... у принцип секад гледам да сум добар према секој према се и сешто и секогаш се трудам тоа да го остварам. добар подобар најдобар... ама има една работа на која 10 пати сум се изгорел и не ми доаѓа памет или таков сум по природа незнам ни сам.. од дамна имам констатирано дека шо повеќе со некој си добар толку повеќе те е*ат у здрав мозок али таков сум шо да праам гледам на секој да му пружам добрина да кажам... абе ајде. ДОБАР СУМ :)
 
sickjoce

Ненормален
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.231
Поени од реакции
337
Дефинитивно НЕ!!!! Посебно не во оваа време каде секој гледа да те сјеба у своја корист..Поарно да бидеш мачител отколку маченик
 
A

ateist

Гостин
Дефинитивно НЕ!!!! Посебно не во оваа време каде секој гледа да те сјеба у своја корист..Поарно да бидеш мачител отколку маченик
и посебно НЕ во ова време кога под "добар" се подразбира монета за поткусурување ..овца за стрижење ...предмет за злоупотреба ...опортунист

Може не и мачител ама па никако мазохист или маченик .
 
Very Nice Girl

Нојс
Член од
25 август 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
160
Зависи со кого како, некои рекле кој како си заслужил. Па и јас викам така. :)
Постојатт луѓе кои едноставно не заслужуваат да си добар кон нив. Тие гледаат да го искористат она доброто во тебе, за на крај да испаднеш - премногу добар, дури и мутав - Кој е добар со мене, добра сум и јас. Али и да е добар али гази преку живци станувам недобра. Сепак зависи од оснесувањето.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Добар си кога си адекватен, кој е добар со тебе памти па врати со добро а кој е лош со тебе и ти памти па врати!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom