Дали вреди да се биде добар?

Z

zmej gorjanin

Гостин
Поголемиот дел од животот сите глумиме добрина само за да бидеме оценети позитивно од очите на останатите кои што не опкружуваат, кога се работи за сопствениот интерес, луѓето во поголем дел не ја практикуваат добрината, секогаш го избираат она што нив им е потребно, во голема мера тоа е и нормално затоа што се работи за инстинкт, па побогу денеска и самото општество ти налага да го земеш, макар и на неправеден начин, "она што ти припаѓа" доколку сакаш да продолжиш нормално да живееш, а за другите ич к.. да не те боли.
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.348
Поени од реакции
2.240
Но ајде да тргнеме од фактот дека ако сите така почнат да размислуваат дека не вреди, тогаш никој од нас никогаш не би можел да ја осети поволноста од тоа некој да биде добар према него, иако можеби сме го залужиле тоа.
Тебе некој ќе те искористи само ако ти дозволиш тоа да се случи. Не за џабе се вика дека вистинските пријатели се малку.
Едноставно, како што имам кажано во првиот пост... Треба да почнеме да го гледаме сите околу нас, за да сфатиме дека тоа добро некому навистина ќе му помогне. Точно дека не секој ја заслужува таа наша добрина, но тоа не значи дека како човекова особина треба потполно да ја заборавиме и тргнеме на страна.
Не мислев на тој смисол, не мислам дека не треба да си ни најмалку добар. Добар јас сум на поблиските што верувам во нив, знам дека некогаш и они ми помогнале. Јас кажувам онака како некој не многу близок пријател бидејки сум го имал тој случај сум помагал, на некои денешно време ни здраво не ми кажуваат. За некои не е, за некои вреди да бидеш добар зошто знаеш што ке те чека од негова страна.
 
Член од
25 мај 2008
Мислења
547
Поени од реакции
14
-Човекот е неразбран нелогичен и себичен, не е важно сакај го

-Ако ги остваруваш своите цели ќе најдеш лажни пријатели и искрени непријатели, не е важно остварувај ги своите цели

-Ако на светот му го даваш најдоброто од себе тој ќе ти возврати со удари, не е важно давај го најдоброто од себе

-Доброто што го правиш утре ќе биде заборавено, не е важно биди искрен

-Ако правиш добро тоа ќе им го препишат на твоите себични цели, не е важно прави добро

-Ако им помагаш на луѓето можеш лошо да поминеш не е важно помагај им
 
А

Александра Д.

Гостин
Да се биде добар е релативна работа....Повеќето веднаш помислуваат на тоа да бидеме чесни, да не лажеме, кредеме, убиваме и слично, но сепак за некого тоа може и да е спротивното.
За мене да бидеш добар кон другите вреди, но не да дозволуваш тие да те искористуваат. Се’ треба да има граница.
Исто така не си добар ако помагаш на некого кој не бара помош, туку на оној кој бара, затоа што оние кои не бараат помош не сакаат да им се помогне или пак не се решени за тоа. Според мене вреди да работиш со љубов, да комуницираш со љубов...да правиш за некој се’ со љубов...тогаш си навистина ДОБАР човек.
 
Член од
2 април 2009
Мислења
5
Поени од реакции
0
Ако не бидеме човечни, добри, хумани што ќе ни остане? Човекот кон кого се упатени спротивните емоции на претходно кажаните е субјект со свои емоции, стравови, потреби. Импликацијата е дека животот може да го направам прекрасна градина или не. Ако вистински и искрено сакам -> нема да имам потреба од повратна реакција, целта е остварена. И така ружите во мојата градина ќе бидат така прекрасни...:smir:
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Се што правиш за другите го правиш за себе. Кога - тогаш ќе се покаже дека ништо не е залудно:smir:
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
vir. def.: A as ID 69 A ID S. only donot ID5s ss A.
AIDS Neounutralized By TAO A Cure AtoRO!

the way of 1: A.N.Finity str82 I.N.Finity 69 A.I.Finity a very special 1. rides along the shortest cut.age
Абе јас ја сфатив твојата филозофија, веруваш или не. Да се најде смислата во бесмислата, а за тоа се потребно паметни будали а не глупави будали што сметаат дека само рационално може да се стигне до вистината. Во ред е тоа, твој стил е, само кој ќе го сфати овде, но во ред е. :)
Туку не те сфатив како би ја применил политиката на еквидистанца на дело, на пример некој е во смртна опасност и ти можеш да го спасиш но и ти прилично ќе настрадаш, но ќе ти биде чиста совеста. Или таа не ти е битна?
 

Eliza

EliXiR
Член од
10 ноември 2008
Мислења
129
Поени од реакции
3
Нормално дека вреди,а добар си само кога си добар спрема другите.
 
Член од
9 април 2009
Мислења
32
Поени од реакции
0
dobrite devojki ( pa i maski) ne sekogas pominuvaat najdobro vo zivotot, losite ponekogas pominuvaat i od podobroite...
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
dobrite devojki ( pa i maski) ne sekogas pominuvaat najdobro vo zivotot, losite ponekogas pominuvaat i od podobroite...
Можеби, но лошите никогаш не можат да ја согледаат вистинската вредност на животот, џабе им е се. :)
 

PhantomerX

Несопирлив
Член од
30 октомври 2008
Мислења
623
Поени од реакции
46
Можеби, но лошите никогаш не можат да ја согледаат вистинската вредност на животот, џабе им е се. :)
Или, лошите може повеќе постигнале во животот, (не сите), но она што добрите ќе го почувствуваат, нема никогаш лошите да го чувствуваат....
 
А

Аниии

Гостин
Да вреди иако у денешно време тоа е тешко... Сепак еден е животот и треба да се трудиме што подобро да го живееме:wink::salut:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom