Дали вреди да се биде добар?

затоа Неутралистот ТИТО викаше: Туѓото не го сакаме -- Своето не го даваме <=> неможе зделката меѓу двајца да е исплатлива за едниот акко истата не е погубна за другиот освен во случај на запазена неутралност. неутралноста е синоним за вечното орбитирање на земјата на (што би рекол Бране Наш) еквидистанца (јас би додал еквисиловита еквидистанца) од сонцето.

П.С.: А да нурнеш во Адот (концептот „точка“) е истокако да го надраснеш Космосот (концептот „вселена“)!

Јас тоа го сфаќам како прави најдобро што можеш и за другите но и за себе, и секако имај на ум дека не си совршен.
 
At the end of the ends, nothing really matters?

Kako je lepo biti glup. - Bora Čorba.



Стварно е така. Озбилно. Најискрено фала, деда ное. :)
Ослободи се од пресметките, лет ит гоу.
 
Да се ослободи човек од пресметките, да немаат влијание на неговата лична среќа, да не се мисли и секира премногу зошто овака или онака со некого, а не да се отфрлат па во буквална смисла да се биде будала.
Се разбираме.
 
срцето ќе плака ќе страда ,ќе се нема доверба во никого за тоа да се отвори... тоа се случува кога си добар и не знаеш да чуствуваш омраза... Денес сите гледаат да ја искористат добрината на другиот, газат на неа и накрај онај што е добар ќе остани со скрстени раце = никој не ја цени добрината на другиот
 
срцето ќе плака ќе страда ,ќе се нема доверба во никого за тоа да се отвори... тоа се случува кога си добар и не знаеш да чуствуваш омраза... Денес сите гледаат да ја искористат добрината на другиот, газат на неа и накрај онај што е добар ќе остани со скрстени раце = никој не ја цени добрината на другиот
Па не е баш така секаде околу мене гледам добри луѓе кои што си помагаат.
Еве еден пример на бенч во теретана ако стави човек тежина која што не е сигурен дека ќе можи да ја крени последниот или претпоследниот пат, секогаш над него е негов пријател кој што со малото прсте му помага да се исцеди последниот пат. Ако нема човек над тебе можиш да си замислиш што ќе се случи.
 
Кај кого како... Има и такви кои знаат да ценат и враќаат со добро, ама се многу ретки. Многу се добро замаскирани и знаат да направат лице, ама кога човек ке открие дека цело време бил нечија марионета веќе касно е.
Лично за мене, не знаев да речам не, со сите добро, дури и некој да ми згрешил си викав - ајде луѓе сме грешиме, и не наоѓаш никаква замерка.. и што?? На крај онај што секогаш гледал само засебе, што се однесувал оштро кон сите испаѓа пред тебе и сите повеќе го ценат, а ти само трпиш разочарувања ама нема на кого да се отвориш оти довербата веќе е изгубена.
Биди си добар, ама со мера...
 
А што значи да си добар?
Океј сфатив да се прави добро на другите да се простува да се биде трпелив итд.
Ако не постои Господ како врховен креатор и законодавател а со тоа и не постои вечниот живот која е поентата да се биде добар?
Оној што живее аскетски и цел живот внимава на мравка да не згази како корист има од своите дела кога е мртов?
Која е поентата да се биде грижлив,толерантен,понизен???
Нема никаква поента сето тоа е превара.
Ако не постои вечен живот тоест со смртта се завршува приказната ќе земам калашот и ќе си убивам рандом луѓе на улица едноставно ќе се релеаскирам.
Финтата е што за тоа ќе бидам осуден демек сум направил злостор???
Каков злостор е тоа кога луѓето за 50 години ќе умрат дали живееле плус 50 години не прави и некоја разлика тие луѓе кога ќе умрат нема да постојат засекогаш.
 
Па за кој како:) за некој вреди да бидеш добар, ама не премногу.
 
Во последно време НЕ. Денешното време се се гледа нешто да се искористи, нема другарство, нема помош. Снајди се па живеј е денешното време. Ако си добар некој од друга страна ке гледа да те искористи и после си викај ''ех што народ има'' е има, затоа гледај си за себе!
 
Во последно време НЕ. Денешното време се се гледа нешто да се искористи, нема другарство, нема помош. Снајди се па живеј е денешното време. Ако си добар некој од друга страна ке гледа да те искористи и после си викај ''ех што народ има'' е има, затоа гледај си за себе!
Но ајде да тргнеме од фактот дека ако сите така почнат да размислуваат дека не вреди, тогаш никој од нас никогаш не би можел да ја осети поволноста од тоа некој да биде добар према него, иако можеби сме го залужиле тоа.
Тебе некој ќе те искористи само ако ти дозволиш тоа да се случи. Не за џабе се вика дека вистинските пријатели се малку.
Едноставно, како што имам кажано во првиот пост... Треба да почнеме да го гледаме сите околу нас, за да сфатиме дека тоа добро некому навистина ќе му помогне. Точно дека не секој ја заслужува таа наша добрина, но тоа не значи дека како човекова особина треба потполно да ја заборавиме и тргнеме на страна.
 
Vo deneshno vreme vo nikoj slucaj, zash site (99.9%) se licemeri, koristoljubivi, i nema nikakov prijatelski odnos. ( Ke kazesh za nekoj nesto, trca da te iskleveti ). Ima luge koj sto se brojat na prsti, na koi ushte im veruvas i vredi prema niv da bides dobri, se razbira dokolku i tie se okay prema tebe. Zatoa sprema drugite bidi losh, za da te cenat. Denesno vreme, nikoj ne cene dobrina, ako sakash i mravka ne gazi.
 
Сеуште вреди да се биде добар, но кон луѓе кои го поштуваат и ценат трудот на човекот. Но за жал бројот на тие луѓе е мал и не оди кон добар пат.
 
Што фали да се биде добар?

Луд ќе испаднеш во туѓи очи? Другите ќе те користат?

Јас сум за тоа да се прави добро колку што се може и каде што се може!
 
Луѓето никогаш нема да ти простат за тоа што си бил добар кон нив.
Сите кога-тогаш ќе ја злоупотребат добрината, ова не е генерализација, ја не ги познавам сите, ама јебига тоа е у човековата природа. Нема шо светци да глумиме, некој ќе наебе опасно некој помалце, тоа е.
 
Факат е дека НИЕ луѓето сме расипани и спремни сме да СЕ и СЕКОГО искористиме до крај за СВОЈА потреба.

И што? Душата ќе ми ја земе тој некој?
Од друга страна, Господ ни дал УМ да мислиме и да не дозволуваме да не ЈАВАТ наваму натаму.
Пак ќе напишам: прави добро кога можеш и во време и во невреме!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom