Дали вреди да се биде добар?

rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
Вреди.
Добар сум, чесен сум, помагам на луѓето секогаш кога можам.Може не ми се враќа секогаш со најдобро, ама гајле ми е.Полна ми е душата кога ке направам нешто добро, и кога знам дека сум помогнал на некој да ги избрише солзите и да се насмее.Полна ми е душата кога ке одвојам дел од мојот џепарлак и ке дадам на некој бездомник.Полна ми е душата кога на некој другар-ка ке му-и решам тестот и ке добие оценка како мене.Да не ги правев сите тие работи душата ке ми беше потполно празна , всушност не знам зашто би имал причина да живеам.
И секако, светот денес е малку изопачен и често пати на доброто се врака со лошо, ама воопшто не се загрижувам.Секогаш е тука молитвата на Мајка Тереза која гласи вака:

Човекот е неразбран нелогичен и себичен.Не е важно сакај го.
Ако правиш добро тоа ке го препишат на твојте себични цели.Не е важно прави добро.
Ако ги оствариш својте цели ке наидеш на неискрени пријатели и искрени непријатели.Не е важно, остварувај ги својте цели.
Доброто што го правиш, утре ке биде заборавено.Не е важно прави добро.
Чесноста и искреноста ке те направат ранлив.Не е важно биди чесен и искрен.
Она што го создаваше со години може да се урне за секунда.Не е важно, создавај
Ако помагаш на лугето може да поминеш лошо.Не е важно, помагај.
Му го даваш на светот најдоброто од себе, а тој возврака со тепање.Не е важно, дај го најдоброто од себе.
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Има секакви луѓе па така и важи за тоа дали вреди да си добар со еден или со друг. Мене ми е како под default да сум добар со сите зашто не ни сакам да бидам лош зашто ми е под секакво ниво за човек. Пробувам добар и со луѓето кои не заслужуваат тоа и ако ништо не успее тогаш едноставно се дистанцирам. Но сепак подобро добар отколку лош. Конечен одговор вреди.
 
Член од
10 март 2009
Мислења
1.300
Поени од реакции
1.161
Кој како си заслужи.Ако некој е лош спрема мене и јас враќам со иста мера.Доколку е фер, давам повеќе за тоа пријателство да опстои.
 
R

RAYTHEON23

Гостин
Вреди да се биде добар! Ама во посраниов свет, и да не сакаш мораш да му наштетиш на некој - кога тогаш. На туѓа несреќа не се гради среќа, ама кај нас некако оа не може и да сакаш
nikoj ne te tera da pravis sreka na tuga nesreka...gledaj ti koga si srekna i drugite da gi napravis takvi(ako mozes,ondak ako nemozes:toe:):helou:
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Дали вреди да си добар?
Ако оној што ти го поставува прашањето и бара од тебе да си добар, тогаш мораш да знаеш што според неговите норми е добрина.
Губејќи ги моралните вредности во ова модерно време, добрината ја направивме релативна категорија и со неа шпекулираме толку многу, колку што ни е потребно да си го задоволиме нашето его. Оттаму сваќањата за добрината секој ги нормира според своите можности, со тоа колку задржал од вистинските морални вредности за добрината во себе.Според тоа и го влечеме заклучокот за тоа вреди ли да си добар. И така и се правиме.:toe:
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Со добрите - добар, со лошите - лош.* Со денешново опкружување, се помалце паѓа вредноста на добрината.

*И не сум професор
 
^^Smiley^^

Broo Tal Smy Lee
Член од
25 јануари 2007
Мислења
1.045
Поени од реакции
25
Да се биде добар е најдобар начин да дознаеш кој ти е вистински пријател, а кој од корист. Често губиш, ретко добиваш. Сета добрина е само за себе, се што правиш добро е само за себе, ретко кој ќе те сфати и другарски ќе го возврати тоа. Да се биде добар е најдобриот начин да изградиш големи пријателства, ама и често да бидеш насамарен, понижен, искористен, повреден. Како и да е, секогаш си The Good Guy и тоа има предност, само затоа што си секогаш наивниот и ако си лукав ќе знаеш како да го искористиш тоа :) :devil3:
 
GothLady

Heinous
Член од
16 јуни 2008
Мислења
283
Поени од реакции
33
Не вреди, не вреди ама ич. Биди добар ќе те газат и искористуваат, не знаат сите да го ценат тоа што го правиш за нив.
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184

Ако сум добар не занчи дека сум будала:helou:

Не вреди, не вреди ама ич. Биди добар ќе те газат и искористуваат, не знаат сите да го ценат тоа што го правиш за нив.
Богами штета што нелетуваш на такви, навистина...се гледа дека околината, животот те напраил таква...
Можеби ова ќе смени нешто кај тебе и кај останатите ПЕСИМИСТИ:

# Луѓето се често неразумни, нелогични и себични. Сепак, прости им.

# Ако си ДОБАР, ќе ти префрлат дека имаш егоистични мотиви. СЕПАК БИДИ ДОБАР.

# Ако си успешен ќе се стекнеш со погрешни пријатели и вистински непријатели. Сепак, биди успешен.

# Ако си чесен и искрен, луѓето можеби ќе се обидат да те измамат. Сепак, биди чесен и искрен.

# Она што си го изградил со години може да биде уништено преку ноќ. Сепак, гради.

# Ако си ведар и среќен, некои можеби ќе станат љубоморни. Сепак, биди среќен.

# ДОБРОТО што го правиш денес, утре ќе биде заборавено. СЕПАК ПРАВИ ДОБРО.

# Дај го НАЈДОБРОТО од себе, но тоа никогаш нема да биде доволно. СЕПАК ДАЈ ГО НАЈДОБРОТО ОД СЕБЕ.

# Конечно, сето ова е меѓу тебе и Господ. Никогаш не било меѓу тебе и другите луѓе

Од богатата ризница наМаjка Тереза

*Говорот на Мајка Тереза при доделувањето на Нобеловата награда за мир

Уште нешто за добрината:

ДОБРИНАТА Е ЦВЕТ ШТО БАВНО СЕ ОТВОРА
НО ДОЛГО ЦВЕТА.

ЕДЕН МНОГУ ГОЛЕМ ЧОВЕК МИ ПОМОГНА МНОГУ ВО ЖИВОТОТ. КОГА ГО ПРАШАВ КАКО ДА МУ СЕ ОДДОЛЖАМ, САМО СЕ НАСМЕВНА И МИ РЕЧЕ „ПРАВИ ГО ЗА ЛУГЕТО ТОА ШТО ЈАС ГО НАПРАВИВ ЗА ТЕБЕ!“

АКО НЕ СИ ВО СОСТОЈБА НЕКОМУ ДА МУ ПОМОГНЕШ, НЕ СТАВАЈ СЕ ВО СОСТОЈБА ДА МУ ОДМОГНЕШ!

ДОБРИНАТА СЕ МУЛТИПЛИЦИРА. НИКОГАШ НЕ ЗНАЕШ КАДЕ, НИТУ НА КОЕ МЕСТО ЌЕ ВРОДИ ПЛОД. НО НЕКАде ќе пушти жилички, и од неа ќе се развие убаво дрво, од тоа дрво ќе никнат две други, дали од семка или од жиличка, не е важно, но ќе никнат.

ПРЕТЕРАНАТА ДОБРИНА НЕ Е ГЛУПОСТ ТУКУ МОЌНО ОРУЖЈЕ СО КОЕ И НАЈКРУТИТЕ ЛУГЕ ГИ ПОРАЗУВАШ И ГИ ДОВЕДУВАШ ВО ПОЗИЦИЈА НА КОЛЕНИЧЕЊЕ. ТОА Е ИСТО КАКО ПРОПАГАНДАТА - СТОПАТИ ПОВТОРЕНАТА ЛАГА СТАНУВА ВИСТИНА. СТОПАТИ ДЕМОНСТРИРАНА ДОБРИНА ГЕНЕРИРА НОВА ДОБРИНА.

Добрината е лудило кое го поседуваат само оние што знаат да љубат
 
^^Smiley^^

Broo Tal Smy Lee
Член од
25 јануари 2007
Мислења
1.045
Поени од реакции
25
Не вреди, не вреди ама ич. Биди добар ќе те газат и искористуваат, не знаат сите да го ценат тоа што го правиш за нив.
Познавам предобри луѓе и се прилично живи :helou: Btw она што неможе да не убие не прави посилни. :)

Ако сум добар не занчи дека сум будала:helou:

Богами штета што нелетуваш на такви, навистина...се гледа дека околината, животот те напраил таква...
Можеби ова ќе смени нешто кај тебе и кај останатите ПЕСИМИСТИ:

# Луѓето се често неразумни, нелогични и себични. Сепак, прости им.

# Ако си ДОБАР, ќе ти префрлат дека имаш егоистични мотиви. СЕПАК БИДИ ДОБАР.

# Ако си успешен ќе се стекнеш со погрешни пријатели и вистински непријатели. Сепак, биди успешен.

# Ако си чесен и искрен, луѓето можеби ќе се обидат да те измамат. Сепак, биди чесен и искрен.

# Она што си го изградил со години може да биде уништено преку ноќ. Сепак, гради.

# Ако си ведар и среќен, некои можеби ќе станат љубоморни. Сепак, биди среќен.

# ДОБРОТО што го правиш денес, утре ќе биде заборавено. СЕПАК ПРАВИ ДОБРО.

# Дај го НАЈДОБРОТО од себе, но тоа никогаш нема да биде доволно. СЕПАК ДАЈ ГО НАЈДОБРОТО ОД СЕБЕ.

# Конечно, сето ова е меѓу тебе и Господ. Никогаш не било меѓу тебе и другите луѓе

Од богатата ризница наМаjка Тереза

*Говорот на Мајка Тереза при доделувањето на Нобеловата награда за мир

Уште нешто за добрината:

ДОБРИНАТА Е ЦВЕТ ШТО БАВНО СЕ ОТВОРА
НО ДОЛГО ЦВЕТА.

ЕДЕН МНОГУ ГОЛЕМ ЧОВЕК МИ ПОМОГНА МНОГУ ВО ЖИВОТОТ. КОГА ГО ПРАШАВ КАКО ДА МУ СЕ ОДДОЛЖАМ, САМО СЕ НАСМЕВНА И МИ РЕЧЕ „ПРАВИ ГО ЗА ЛУГЕТО ТОА ШТО ЈАС ГО НАПРАВИВ ЗА ТЕБЕ!“

АКО НЕ СИ ВО СОСТОЈБА НЕКОМУ ДА МУ ПОМОГНЕШ, НЕ СТАВАЈ СЕ ВО СОСТОЈБА ДА МУ ОДМОГНЕШ!

ДОБРИНАТА СЕ МУЛТИПЛИЦИРА. НИКОГАШ НЕ ЗНАЕШ КАДЕ, НИТУ НА КОЕ МЕСТО ЌЕ ВРОДИ ПЛОД. НО НЕКАде ќе пушти жилички, и од неа ќе се развие убаво дрво, од тоа дрво ќе никнат две други, дали од семка или од жиличка, не е важно, но ќе никнат.

ПРЕТЕРАНАТА ДОБРИНА НЕ Е ГЛУПОСТ ТУКУ МОЌНО ОРУЖЈЕ СО КОЕ И НАЈКРУТИТЕ ЛУГЕ ГИ ПОРАЗУВАШ И ГИ ДОВЕДУВАШ ВО ПОЗИЦИЈА НА КОЛЕНИЧЕЊЕ. ТОА Е ИСТО КАКО ПРОПАГАНДАТА - СТОПАТИ ПОВТОРЕНАТА ЛАГА СТАНУВА ВИСТИНА. СТОПАТИ ДЕМОНСТРИРАНА ДОБРИНА ГЕНЕРИРА НОВА ДОБРИНА.

Добрината е лудило кое го поседуваат само оние што знаат да љубат
Оддамна неам видено волку добрина на едно место :) Најубав пост што да речам.
 
GothLady

Heinous
Член од
16 јуни 2008
Мислења
283
Поени од реакции
33
Во глобала и не сум некој песимист, ама моментално сум крајно изнервирана и изреволтирана од нешто, затоа постот ми бесе таков :pipi: ама сепак мислам дека сум во право :smir:
 
^^Smiley^^

Broo Tal Smy Lee
Член од
25 јануари 2007
Мислења
1.045
Поени од реакции
25
Во глобала и не сум некој песимист, ама моментално сум крајно изнервирана и изреволтирана од нешто, затоа постот ми бесе таков :pipi: ама сепак мислам дека сум во право :smir:
Ако добрината не ти се вратила со добрина не е битно, битно ти си направила добро дело :) А дали другите ќе го ценат тоа или не, стварно не треба да те интересира. Ти си направила што си сакала.
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Да,вреди...И тоа не мора заради другите,па да се жалиш,како после само те газат и искористуваат,треба малку да си егоцентричен баш и во ова,односно и да правиш добро дело да го правиш само заради себе..Затоа што не за џабе и психолозите тврдат дека правењето добри дела или помагањето,е еден чекор кон среќата...И доказот за тврдењето на психолозите можеме да си го дадеме сами,за да не останеме само на теорија,сите знаеме каква среќа и исполнетост чуствуваме,кога сме постапиле добро кон другите....
 
C

Cool Hand Luke

Токму тоа, некои ги сметаат алтруистите за големи егоцентрици, промисленици што се добро прават само за своја суета, нималку искрено, но ти напиша малку, да, мора малку тврдоглавост и во тоа. :)
А јас кога ќе постапам добро према некого чувствувам непријатност ако човекот не го чувствувам за близок, близок во смисла кога гледам дека не може да бидеме пријатели. Но, ако воопшто не помогнам се јавува едно гадно чувство на срам. Се чини дека де Мело е во право кога вели дека е невозможно некому да се направи зло а тоа да не се одрази и на оној кој го прави, исто и со доброто. Само некои како да немаат осет и немаат каење, но подсвеста си ја запишува кармата, хммм... :)
 
Б

Бат Елохим

Гостин
да! секогаш вреди да бидеш добар! Така ќе имаш мир во себе, што е премногу важно ... оти без мир нема ни живот...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom