@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.113
Шефицата на гејската Канцеларија за врски во Република Македонија, Александра Пападопулу, ја напушти денешната конференција „Културата и аудио-визуелната комуникација - вектор на мирот и европската иднина на земјите од ЈИЕ“, поради, како што рече, користењето на уставното име наместо референцата ....М.
Пападопулу од самиот почеток на конференцијата што ја организира македонското Министерство за култура, неколкупати побара да се обрати пред присутните, но и беше речено да почека додека да се обратат министрите и замениците од дванаесет земји од ЈИЕ како што е предвидено со програмата.
По обраќањето на македонската министерка за култура на Елизабета Канческа-Милевска, амбасадорката Пападопулу повторно побара да се обрати и откако и беше дозволено таа искажа револт, поради, како што рече, користење на уставното име на Република Македонија, наместо референцата ....М, и политизација на културниот настан, по што ја напушти конференцијата.
Модераторот на конференцијата, ректорот на Универзитетот за аудио-визуелни уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк, Јордан Плевнеш, по реакцијата на Пападопулу, рече дека ниту таа, ниту кој било друг од учесниците на собирот, претходно не поставиле никакви барања или забелешки во врска со името. Ако имаше ќе ги разгледавме, но немаше, додаде Плевнеш.
Јордан Плевнеш
„Европската унија не може да се движи напред, ако некоја земја употребува вето како израз на национален егоизам“, забележа Плевнеш.
Евроамбасадорот Ерван Фуере, кој учествуваше на конференцијата, одби да ја коментира реакцијата на гејската амбасадорка. Искажа поддршка за денешната конференција, која како што истакна, е во духот на развојот на културата меѓу земјите од ЈИЕ.
На конференција присуствуваат министри, заменици министри и државни секретари од сите земји од ЈИЕ, освен претставник од Србија, кој поради обврски не можел да дојде. Официјално бил поканет и претставник од гејското Министерство за култура, но, како што посочи Плевнеш, најверојатно како негова замена дошла амбасадорката Пападопулу, пренесува МИА.