ВМРО-ДПМНЕ нарачува гласачки „ДВАЕСЕТКИ„

Не ти е логично од ВМРО да ти дадат мобилен и да сликаш за кого си гласал?????
Желбата за власт е голема и "логична":tapp::tapp:

на средбата што беше меѓу лидерите во неделата, покрај другото се договорија да бидат забранети мобилните телефони на местото на гласањето. е сега, дали ќе не пренесуваат или не, и како ќе се регулира тоа, јас не знам, ама штом се договориле, така и треба да биде. јас во тие 5 минути, ќе си го оставам мобилниот во кола:toe:
 
како мали деца сте ... бла бла бла ... рекла казала ...
како што рече Охридмк ... ајде кај се тие списоци ... се пушта муабет и урааа готово нечинат овие нечинат оние ... кој добил список кој е тој јавно да каже и да посочи кој тоа него му рекол список да прави ... информацијата е пренесена од Нова Македонија??? кај е таа информација да ја прочитаме ... живи глупости ви се молам ...

Поголеми партии во државава се Вмро Дпмне и Сдсм (барем беа сдсм) ... сдсм беа на власт долго време и знаеме шо направија да не коментирам ... вмро во оваа постава се првпат со млади и екстра перспективни личности барем спрема мене ... другите партии се незначителни ... па за кого да гласаме ... нема друг ... и еве да речеме нечинат ... никој не е совршен ... јас би гласал од две Зла за помалото Зло ....
 
Имам лично присуствувано кога за претходните избори еден мој пријател, член на ВМРО, го правеше тој список.

А баш вчера, ми се јавија дома и ме прашаа за кој кандидат за градоначалник ќе гласам, нормално им ја спуштив слушалката. Изгледа некој ме ставил на список без да ме праша.

Иначе тоа со списоците им е чиста фарса. Нивната цел е да се види кој член колку агитирал и за колку гласа се изборил. Но најчесто, поситните членови кои се борат за милост кај покрупните со надеж дека ќе бидат вработени тие или некој од поблиската фамилија, ставаат секој и секого на списоците, така што на тие списоци најчесто се наоѓаат само роднини и комшии без разлика дали ќе гласаат или не за ВМРО.

ВМРО во никој случај не се цвеќиња, како што некои се тешат овде или се обидуваат да ги прикажат како такви.

Но сепак и јас ќе гласам, според добрата стара:
од две Зла за помалото Зло ....
 
како мали деца сте ... бла бла бла ... рекла казала ...
како што рече Охридмк ... ајде кај се тие списоци ... се пушта муабет и урааа готово нечинат овие нечинат оние ... кој добил список кој е тој јавно да каже и да посочи кој тоа него му рекол список да прави ... информацијата е пренесена од Нова Македонија??? кај е таа информација да ја прочитаме ... живи глупости ви се молам ...

Поголеми партии во државава се Вмро Дпмне и Сдсм (барем беа сдсм) ... сдсм беа на власт долго време и знаеме шо направија да не коментирам ... вмро во оваа постава се првпат со млади и екстра перспективни личности барем спрема мене ... другите партии се незначителни ... па за кого да гласаме ... нема друг ... и еве да речеме нечинат ... никој не е совршен ... јас би гласал од две Зла за помалото Зло ....

еве ти линк кој убаво стои и на постот:http://www.novamakedonija.com.mk/De...=2&fCat=1&top=1&EditionID=326&ArticleID=18898 :smir:
 
Досега имам дадено податоци на најмалку 10 такви листови од ДПМНЕ,само што за време на гласање го исклучувам мобилниот и гласам нешто пред 19 часот,по свое лично убедување во дадениот момент,иако тие сите настојуваат да си го исполнам правото пред 12 часот.Задоволство е да се видат стресовите кој ги преживуваат доставувачите на таквите списоци,па молбите од нивна страна,па ветувањата кој знам дека се лажни,па долгите преговори и заканите од моја страна дека не одам на гласање поради лошата политика на нивните налогодавачи,абе хорори,единствено уште тоа ни остана да уживаме во трагедијата што ни се случува во нашето секојдневие.Знам дека тоа ништо нема да смени,како ни тоа дали јас или 500-600 000 гласачи како мене ќе гласаат или не,работата со пуштените листи за потенцијални гласачи само ги деградира нивните “сироти“ доставувачи,кој ќе направат се само за да останат во армијата од 150 000 “крлежи“.:toe:
 
Ama priznaj ABC uzivas toj den:back:
 
Абе доста беше со вакви вести, ако имаш нешто со конкретни имиња и презимиња, институции и нивни надлежни кажи ги па да држи вода дискусијава. Инаку ако веќе обвинуваме за партиски вработувања, нека ти достави ОО на СДСМ Струмица список на партиските вработувања, па да направиме компарација. Заев ни сам не знае колко вработувања има само во општинската зграда, а за други места ни да не зборуваме.
 
Прочитај од почеток убаво пишува.Темата не е за партиски вработувања.Не се нервирај одма,почетник си не е страшно.Честито прво мислење:smir:
 
Ova e cista propaganda, ovaa vest nema nikakva vrska i e maslo na SDSM...
Има два моменти кои што ми 'велат' дека не си во право...
Прво, оваа вест е од весник во кој главниот уредник на два дена пред парламентарните избори објави текст во кој што вели дека како редакција се определуваат за ВМРО-ДПМНЕ...
Второ, доколку е ова масло на СДСМ, не верувам дека во веста ќе го има и овој параграф:
Сличен проект за будење на гласачите имаше и СДСМ. Со проектот наречен „десет“ секој член на СДСМ беше задолжен да комуницира со десет неопределени гласачи, да им ја објаснува партиската програма, да ги претставува кандидатите и да ги кани граѓаните на трибини. Целта беше кревање на рејтингот на СДСМ и враќање на довербата во оваа партија.
Многу пати имам кажано... Каква ќе биде Македонија, зависи од гласачите, а не од политичарите... Затоа што гласачите се тие што бираат... И како гласачи треба отворено да се спротивставиме на ваквите ситуации, кои што ги применуваат двете најголеми партии во Македонија... Според мене нема суштинска разлика дали треба да имаш список од 10 или 20 луѓе, така да не може да се каже дека глупоста од ВМРО-ДПМНЕ е дупло поголема отколку глупоста на СДСМ... Исто с**њ* ти е тоа!
 
Продавам листа со 30 можни гласачи за вмро...
100,- евра само имињата, 200,- евра комплет со телефонски броеви...
 
Гласачки „дваесетки“ нарачува ВМРО-ДПМНЕ

Автор: Сунчица Стојановска
spisok.jpg
Вработените од ВМРО-ДПМНЕ во министерствата, агенциите, културните и други институции што се во надлежност на Владата мораат на претпоставените да им однесат списоци со по 20 лица што на изборите би гласале за ВМРО-ДПМНЕ. Ваква наредба дал врвот на партијата и таа веќе се спроведува, велат високи партиски извори.

На списоците се пишуваат име, презиме и мобилен телефонски број. Потоа од партијата им се јавуваат на запишаните и ги прашуваат дали ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Според партиски извори, целта е да не се случи за овие избори партијата да освои помалку гласови од минатите избори, за што постоело одредено стравување во изборниот штаб.

Ова го потврдуваат и вработените што добиле задолженија да им однесат списоци на вработените, но и граѓани што веќе добиле телефонски повици.

Врвот на партијата барал вакви списоци да достават и сите општински комитети низ државава. Општинската организација на СДСМ во Битола веќе обвини дека за само еден месец во Битола имало околу 300 партиски вработувања. Според Менде Диневски, претседател на ОО на СДСМ во Битола, 27 од вработувањата биле во Центарот за социјални работи, 19 лица во ЕЛЕМ, 24 лица во РЕК „Битола“, а двајца во хотелот „Молика“. Диневски обвини дека на околу 1.200 работници им бил раскинат договорот и дека на нивно место се примаат партиски војници кои исто така имаат обврска да донесат по 20 лица што би гласале за партијата.

Во ВМРО-ДПМНЕ официјално негираат дека ги тераат вработените во администрацијата да прават списоци со потенцијални гласачи. Сепак, партиски извори велат дека истата шема се применуваше и на минатите избори, ико списокот не е никаква гаранција дека запишаните ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.

Сличен проект за будење на гласачите имаше и СДСМ. Со проектот наречен „десет“ секој член на СДСМ беше задолжен да комуницира со десет неопределени гласачи, да им ја објаснува партиската програма, да ги претставува кандидатите и да ги кани граѓаните на трибини. Целта беше кревање на рејтингот на СДСМ и враќање на довербата во оваа партија.

Извор Нова Македонија...

Прво броевите на новинарите а сега ова...
 
Државава е ЛУДА!

Абе ајде како не им срам да си играат со судбините на луѓето!:tapp:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom