Иванов и Селмани во вториот круг, ВМРО-ДПМНЕ 30,9%, СДСМ 19,7%

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
1) Претседателот не преговара за име. Тој само лобира.

2) Космополитанство? Па нели тоа го бараме и кај нашите соседи? Да бидат признаени малцинствата (македонските) да бидат еднакви граѓани? Епа сеа ако го сакаме тоа ќе мора и ние да го применуваме. Проблемот е во тоа што јас немам против албанците ( и другите заедници ) да си ги добијат правата, па и повеќе права од овие околу нас, само ме нервира кога сакаат да ми ја уништат државата со „Голема Албанија“, не истакнуваат македонско знаме, „Тетово е во срцето на Илирида“ и сл. испади.

3) Националното чувство е секогаш во нас, во секој од нас. Нема човек во Македонија што не си ја сака државата колку сака нека зборува. Тој можеби ги мрази политичарите што ја направија јок државата, но е и државата и сопствената историја.

А
Ние бараме да се признае македонско малцинство во сеседните држави ама не негираме никого и не се обидуваме да му ја уништиме државата на никој, за разлика од нашите комшии. И веќе кога се зборува за космополитизам, нека почне еднаш од Албанија или Бугарија да речеме. Нека стават тие претседател Македонец за да покажат што е демократска држава, па после може и ќе размислам дали би гласал за претседател од друга националност. И не, немаше да гласам за Керим ако го предложеа ДПМНЕ.
 

GRUNGE

Cobain со цигарче!
Член од
25 февруари 2008
Мислења
677
Поени од реакции
28
Добро де, демократија е ова, твое мислење. Мене искрено ми е скурчено од она „нека направи тој така па после јас“. Мислам Македонија треба да се изолира (народот) од менталитетот на земјите околу нас.

Ама то е то, ќе си го играме балканското уште многу векови.
 

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
А што ако се случи да нема втор круг. Кругот е малечок а во него сме сите .......К-15
Ако нема втор круг, ништо страшно, ќе заштедиме барем пари.

Инаку со вакви соодноси, ако има втор круг ќе гласам за Селмани. Па ако стане престедател и почне да се занесува со некои неприфатливи идеи, па си има импичмент.

Инаку за Селмани на анкетиве не гласаат само Албанците, гласаат и Турци, а и Македонци и ако досега претседателите Македонци (освен Борис) не успеаја да ја обединат нацијата, можеби тој ќе биде обединувачот.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
ВМРО сами си го спопикаа

Забрана за плукање - Ги изгубија гласовите од казнетите
Абортус не - Ги изгубија гласовите од жените
Бруто плати - Ги изгубија гласовите од оние на кои им задоцнија платите
Сведмилк - Ги изгубија гласовите од сточарите
Споменици - Ги изгубија гласовите од скопјаните итн итн

И што им остана...:drk:

А за Слемани нема да гласам. Треба малку Албанците да си го сменат менталитетот и да почнат на пример да ставаат македонски знамиња, да не се дистанцираат од останатите етникуми па нешто да се лутат дека не биле они Македонци ако некој нешто такво им спомне па после да има шанси за Албанец претседател на Македонија. Абсурдно е инаку Албанец за претседател на Македонија. Не го мешајте примерот со Обама тој си е Американец
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
Ubavo ni pravat grcite opravdano e, koga makedonci glasat Selmani za pretsedatel.:nenene:
Ne veruvam deka ne-Dpmnovcite bi go glasale Selmani, ama ubeden sum deaka koga vo vtor krugbi bile Selmani i Frcko, Dpmne kje glasa protiv SDSM. 102,5%

Иако мислам дека СДСМ не го заслужија ова приближување толку, колку што Груевски самиот почна да си дава автоголови... Ептен се крена во облаци!
Zosto ?

frcko nema still za presedatel:pipi:
HA, a Ivanov ima :pos2::pos2: " demokratijata vo Makedonija e kako kosmodisk" :pos2::pos2:


Ebati toa Grujoto, sega pred izbori kje podnesuvaat amandmani za prodazba na alkohol do 21:00.
Kolku pati ucvika i gi povlece potezite sto gi vlece.
Neli nu stana targetna grupa i onaa LUTATA za alkohol posle 19, mu se gleda stravot od ocigledniot pad na rejtingot.
 

delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
Ebati toa Grujoto, sega pred izbori kje podnesuvaat amandmani za prodazba na alkohol do 21:00.
Kolku pati ucvika i gi povlece potezite sto gi vlece.
Neli nu stana targetna grupa i onaa LUTATA za alkohol posle 19, mu se gleda stravot od ocigledniot pad na rejtingot.

Во целиот случај ВАЖНО е кој го поднесува амандманот,ако не е ова со амандманот, како ќе се изрекламира Горан Петров како кандидат за градоначалник на Велес?:toe:
 

Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Сигурно дека Имер Селмани нема да не остави нас Македонците на цедило и за името и за сите работи бидејки и во официјалната веб страна неговата партија www.demokraciaere.org преведена на (Албански,Македонски,Англиски) јазици.. значи самото негово дело докажува дека сака да биди добар прецедател.
И зошто нема македонско знаме на неговата страница?
Туку ај да почекаме и да видиме дали ќе има македонски знамиња на неговите митинзи... А ќе видиме и на кој јазик ќе зборува на митинзите... Без македонски јазик и без македонски знамиња, 'тури му таквото'!
 
Член од
23 февруари 2009
Мислења
83
Поени од реакции
6
И зошто нема македонско знаме на неговата страница?
Туку ај да почекаме и да видиме дали ќе има македонски знамиња на неговите митинзи... А ќе видиме и на кој јазик ќе зборува на митинзите... Без македонски јазик и без македонски знамиња, 'тури му таквото'!
Е баш ме интересира тоа и мене.. Да не знае некој каде е првиот митинг?
Треба да се види програмата што носи/ рано е за гласање.:smir:
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
Во целиот случај ВАЖНО е кој го поднесува амандманот,ако не е ова со амандманот, како ќе се изрекламира Горан Петров како кандидат за градоначалник на Велес?:toe:
Abe si rabotat lugeto. Trebase da im tekne na SDSM na vakvi amandmani tokmu sega. No, da bea tie prvi togas Bicikliski na pres kje kazese " ete, sdsm e protiv evropskite zakoni i ja koci vlasta, a koj e zasegnat so toa dali moze da se kupi alkohol posle 19 casot ? se znae, clenstvoto na sdsm koe sto e zavisno od alkohol kako nivniot lider BC." zavrsen citat.:pipi::pipi:
 
G

grande-juve

Гостин
Лесно му било на свети Климент без Рада и Макрадули

Автор: Мирка Велиновска

Кога се обидувам да повлечам паралела помеѓу времето на ентузијастите просветители Кирил и Методиј, Климент и Наум, кои се нафатиле со тешка задача да ги описменат и образуваат Словените и нашава сегашност, увидувам дека тие биле вистински среќници. Да имале случајно таква песја среќа да бидат наши современици, гарант ќе баталеле и глаголица и кирилица, а за формирање на Охридскиот универзитет и да не правиме муабет! Среќа е и за Европа, што во Климентово време не постоел овој нов ултрамодерен и западњачки СДСМ, инаку Чесите, Полјаците, Русите, Словаците, Бугарите, Хрватите и Србите ќе беа баш онакви какви што сме денес ние, Македонците, а по долгогодишна мисионерска работа на нашите црвени кмери - талибанска насока.

Минатата недела ја слушавме расправата во Собранието во врска со промените на законот за формирање на Универзитет за информатичка технологија. Во фокусот на интересирањето на ударната петорка на СДСМ беше како да го спасат тендерот на кој нивните универзитетски коминтенти со партиски книшки веќе си ги поделиле тезгите.

Од целата „аргументација“ што ја изнесуваа Макрадули, Бендевска и Гркова - Лошковска разбрав дека им пречат таму некакви си „анонимуси“ од Америка кои работеле на елаборатот и наставната програма и, проф др Благоја Самаковски кој имал конфликт на интереси, што е индиција дека оној евроизолатор Никола пак им ги поматил плановите за добивка од брзи пари. Е сега, што се однесува до првиот „факт“ за анонимусите, а го сподели со нас младиот научник Макрадули, колку што јас можев да видам, секој од нив има работна биографија побогата од сите предци на Јани, со се него заедно, и тоа од палеолитот до денес и обратно. А, пак, што се однесува до информацијата дека тој за нив не чул - па, не ни има каде да слушне кога е специјализиран за поинакви информатички технологии, ама од нив ниту една држава не се офајдила.

Инаку, нема никаква, дури ни талибанска логика во сдсмовска смисла на зборот, зошто некој од „левиве“ Славјани (моја географска додавка за нивниот идентитет) би имал против Универзитетот наместо во Скопје да биде во Охрид, седиштето на Свети Климентовиот универзитет, најстар во Европа. А кој па да ја разбере црвената кмерка Весна Бендевска и нејзината тага по времето кога Универзитетот си беше дом само за нашите професори. Пак ли ќе трошиме народни пари за скапи странски професори кога си имаме домашни кои за малку пари сè си знаат!? И сега, ве молам, во светло на кампањата на СДСМ против „изолационизмот“ на Груевски, како човек да ја систематизира таа идеолошка папазјанија во софтверот на оваа глобализаторка што нејќе да биде изолирана, но се залага за протекционизам во високото образование.

Единствено совршено добро ја разбрав Радмила Шеќеринска. Можеби зошто од нејзината дискусија ми стана јасно зошто на СДСМ, таман уште утре да рокне ве-ме-ре-то, нема да му тргне. Женава, која ни до полнолетството не научила дека варењето е невозможно без течност, реши да го разнесе идниот охридски универзитет така што, единствената македонска фирма која се занимава со производство на памет и високи технологии, ја прогласи за терористичка. И бидејќи е идеолошки на линија, јавно го праша Собранието дали го информирало Обама, ЦИА, Пентагон или макар Филип Рикер, дека проф. Д-р Благоја Самаковски, бил познат меѓународен пролифератор на опасни технологии и непријател на нашиот стратегиски партнер!? Вие изберете си дали ќе ве јаде срам заради нејзиниот талибански порив да руши со динамит ретки центри на знаење и памет во оваа осакатена земја само зошто самата е интелектуално инфериорна или ќе ве совлада нагонот да и затнете неталентирана муцка. Јас на Радмила притиснав дилит. Толку треба!

Крајно време е Македонија и формално-правно да ги регулира своите односи со опскурната СДСМ. Како промотор на хард кор левичарска травестија која се движи во распон идеолошки полпотизам до културен талибанизам, досега беше против изградба на спортски сали, против компјутеризацијата на училиштата, против воведување задолжително средно образование. Им најде маана на репликите на Народниот театар и Офицерскиот дом. Го урна уште неизграден Музејот на восочни фигури. Не го бендиса изложувањето на античките скулптури пред ултрамодерната зграда на бившата Це-ка. Се муртеше и на поставувањето на скулптури на младите македонски скулптори. А не го бендисува ни Јани ни Гоце на коњ. Не било во тренд. За Александар веќе и очи вади. Беше против воведување на нови награди за индивидуални остварувања. Има против дисперзијата на високото образование во повеќе градови во Македонија. Одлучно е против преименување на објекти од јавен интерес со антички имиња. Бара да се вратат безидентитетните и невознемирувачки имиња како што е градски стадион, автопат, еј ти. Го нервира тоа постојано археолошко копање насекаде низ Македонија, му најде маана и на иритирачкиот рекламен спот „Македонија е вечна“. Но, тоа не е сè. Со нашиве талибанци може секогаш и повеќе и поглупо. Другариве го искритикуваа и поставувањето на државни знамиња на јавни места. Нивната новородена експертска ѕвезда Жарко Трајановски веќе констатираше дека симболот на државата, провоцира!!!

Уште ли некому не му е јасно која е нивната политичка платформа?
 

Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
off topic:
Abe si rabotat lugeto. Trebase da im tekne na SDSM na vakvi amandmani tokmu sega. No, da bea tie prvi togas Bicikliski na pres kje kazese " ete, sdsm e protiv evropskite zakoni i ja koci vlasta, a koj e zasegnat so toa dali moze da se kupi alkohol posle 19 casot ? se znae, clenstvoto na sdsm koe sto e zavisno od alkohol kako nivniot lider BC." zavrsen citat.:pipi::pipi:
Па и имало таков амандман... иако не од СДСМ, туку од ЛДП...
Пред само неколку дена измени на Законот побара и пратеничката на ЛДП Роза Топузовска Каревска, но нејзиниот предлог не помина во парламентот.
Дали некој може да ми објасни зошто СИТЕ ПРАТЕНИЦИ од ВМРО-ДПМНЕ гласале против амандманот на пратеник од ЛДП, а само неколку дена подоцна СИТЕ ПРАТЕНИЦИ од ВМРО-ДПМНЕ гласале за ист амандман на пратеник од ВМРО-ДПМНЕ?

end off topic!

Воопшто не ме чуди големиот пад на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ...
Очигледно власта не научила ништо од грешките на претходните влади!
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Spored najnovata ankieta, SDSM se priblizi na samo 5% od rejtingot na VMRO.

:vozbud:
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Јебеш рејтинзи. се е килаво.

П.С. органски не можам да ја сварам Мирка кравата. Ах мамата зошто ја објавуваат.

Лута на синчето, е па Мирке, свиркај додека те ебат.
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
Pozajmeno :


,vcera mi se javija od istiot institut i sugestivno me prasaa "dali mislite deka Vladimir Todorovic ne e podobar kandidat od Tito Petkovski" kandidatot na SDSM.
Jas im vikam "ne mislam,mislam deka e mnogu polos".
Oni povtorno,"dali mislite deka kandidatite na VMRO so pomos od centralnata vlast mozat da napravat poveke za lokalnite problemi"!Jas pak im vikam "ne mislam tuku znam deka ne gi biva za nisto osven za kriminal.
I toj mockoto sto se javi za anketata mi vika "vie sigurno ste za SDSM".
Jas mu vikam "od kade izvlece takov zaklucok".I on mi vika prijatno i mi go zatvori telefonot.
E pa sega vidite vie kako VMRO gi naracuva anketite i kako go obrabotuva javnoto mislenje.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom