Рецепти за машко готвење :)

Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Сега и готов помфрит има по продавнициве, за мераци, уште издробена салата да продаваат за леваци како мене :pos:
левак си? кул..и јас сум левак па сецкам ко лудак...мада мама се превртуе кога ме гледа од страв да не се исечам..иначе пријателе топло би ти препорачал супа да си праишш...или од ооноа гравон во конзерва..само го затоплуеш и метла праиш!
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
левак си? кул..и јас сум левак па сецкам ко лудак...мада мама се превртуе кога ме гледа од страв да не се исечам..иначе пријателе топло би ти препорачал супа да си праишш...или од ооноа гравон во конзерва..само го затоплуеш и метла праиш!
Исто и кај мене дома е ова, прават фаци како да гледаат хорор филм :pos: За друго се знам да си направам ама сецкање салата, зелка посебно, тапа, ако сум женско :)
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Сега и готов помфрит има по продавнициве, за мераци, уште издробена салата да продаваат за леваци како мене :pos:
Продаваат во новото Веро, зелка, морков, краставица сецкана, се' си има :)
 
П

Пепси_

Гостин
Море јас студент ко бев многу спремање и готвење немаше. Од сабајле на факултетот во бифето после правец 7-ца.

Инаку онака најлесно за спремање ми беше шпагети. Полниш тенџерето со вода го ставаш на шпорет на двојка тројка како сакаш и чекаш водата да зоврие. Додаваш зејтин и сол и на крај шпагетите. Додека се варат земаш тањирот и ставаш во него едно 100 грама сирење и почнуваш да дробиш сирењево урда да го сториш. Вадиш шпагетите и ги ставаш во тањирот. Одозгора ги преливаш со кечап и се тоа убаво ќе го измешаш. Мене најубаво со Кока Кола ми идеше

Земаш 2-3 јајца ги клацкаш(матиш) во длабока чинија. Откако ќе добиеш еднолична смеса ја истура во претходно загреана тава и оставаш да се испржи така во палачинка стил. Откако едната страна е добро испржена преврти ја на другата страна. Сега земаш 3-4 парчиња од тост кашкавал и ги редиш над испржената страна а потоа правиш преклоп да ти дојде во стил на панцерота. Убаво испрѓи ги двете страни а потоа уживај во јадењето
Брееј ваму штедеш јадеш макарони ова она а важно кока кола се пие :pos2:

да не бидам офтопик моментално сам си правам јајца,си пржам колбаси а планирам да ја терам баба ми да ме научи грав да правам.....
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Ај да си се пофалам на домаќинлукот.. Јас сум ти готвел од леќа, компир, грав, до јајца и тостови...
Сега ќе споделам со вас еден специјалитет кој секое машко може да го подготви (плус ќе излезе фраер пред женската). Дури еден студент ме убедуваше дека било вкусно и со леб ;)

Салата од Макарони Полжавчиња

Во тенџере ставаме вода и го ставаме на рингла да зоврие водата. Oд кога ќе зоврие водата ги ставаме макароните ставаме и малку сол и ги вариме на тивок оган околу 7 до 8 минути. Кога се варени ги ставаме во цедалка ги плакнеме и ги оставаме да се исцедат и изладат, ги вариме и јајцата. Додека се ладат макароните на даска за сецкање ги сецкаме краставичките, кашкавалот и шунката, а исто така и варените јајца. Потоа ги додаваме и макароните и печурките и промешуваме, а потоа го додаваме мајонезот и павлакатa, повторно промешуваме. Салатата ја оставaме да отстои околу 1 час а потоа (ќе си) ја (по)служиме.
 
T

Tetro

Гостин
Пита со макарони - рецепт за четворица
Потребни состојки:

  • 500 грама Макарони (сега ги намалија паковањата на 450 гр.)
  • 2 лажици Масло
  • малку Оригано и Босилок
  • 2 чешниња Лук
  • 2 Кромида
  • 150 грама Кашкавал
  • 1 литро Доматен сок
  • 300 грама Јунешко мелено
  • малку Сол
Подготвување: Макароните сварете ги во два литра вода во која сте додале сол по вкус и малку масло (за да не се залепат), исцедете, измијте со ладна вода и оставете да се исцеди.

За филот: на масло пропржете ги кромидот и меленото месо додека не омекнат. Зачинете со сол, црн пипер, динстајте додека не испари целата течност, па зачинете со оригано и босилок. Намачкајте со масло правоаголна тава и во неа ставете една третина од макароните. Убаво распоредете ја за да добиете рамномерен слој. Ставете половина од смесата со месо, полијте со сос од домати и ставете рендан кашкавал. Постапката повторете ја уште два пати. Завршете со сос од домати и рендан кашкавал. Паста питата печете ја во рерна загреана на 200 степени, на ефтина струја, додека не испари сета течност, а питата не добие убава црвена кора.
 
H

HITCH

Гостин
Макароните сварете ги во два литра вода во која сте додале сол по вкус и малку масло (за да не се залепат)
Во тенџерето пред да турите вода се става масло, а не откако ќе ставиш вода. Значи прво масло, па вода, па сол и кога ќе зоврие водата тогаш се ставаат тестенините да се варат. :smir: Инаку ако сум женско ќе го направам денес овој машки рецепт, не сум јадела тестенини одамна.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Во тенџерето пред да турите вода се става масло, а не откако ќе ставиш вода. Значи прво масло, па вода, па сол и кога ќе зоврие водата тогаш се ставаат тестенините да се варат. :smir: Инаку ако сум женско ќе го направам денес овој машки рецепт, не сум јадела тестенини одамна.
хахахахахаахахах :pos2::pos::pos: ееееееееее ова е КРАЈ - mettalhammer- кај си бе????????:pos:препукв од смеа
 
фала на корекција. Инаку, јас секога ставам прво вода, после масло,...
Пријатен ручек. :)

--- надополнето ---

хахахахахаахахах :pos2::pos::pos: ееееееееее ова е КРАЈ - mettalhammer- кај си бе????????:pos:препукв од смеа
Во право е HITCH. :kesa:
 
Член од
19 декември 2010
Мислења
523
Поени од реакции
23
Ќе скапете 2 јајца во чинија со лажица ќе ги замешате па ќе ставете тава на рингла со зејтин и по 3 мин. ставаш јајцата али пред да ѓи стаеш исецкаш малку сирење и малку мартадела на коцки ( или чајна ) и коа ќе с еиспржат јајцата ставаш врз нив ( како палачинка они доат ) и по 2 мин. преклопуваш јајцата и за мерак омлет. Коа ептен ми се јаде а нејкам да го јадам она шо е приготвено ова си го подготвувам :D.
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Во тенџерето пред да турите вода се става масло, а не откако ќе ставиш вода. Значи прво масло, па вода, па сол и кога ќе зоврие водата тогаш се ставаат тестенините да се варат. :smir: Инаку ако сум женско ќе го направам денес овој машки рецепт, не сум јадела тестенини одамна.

Страшно сум љубопитна за логиката на прво ставеното. Вода или масло. Каде е разликата? :)
 
H

HITCH

Гостин
Страшно сум љубопитна за логиката на прво ставеното. Вода или масло. Каде е разликата? :)
Ако прво ставиш масло нема да ти се лепат долу на тенџерето и нема да мораш многу да ги мешеш. Инаку се` друго си е исто! :smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom