Рецепти за машко готвење :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Alex1828
  • Време на започнување Време на започнување
Граффф:
1. Тураш два грста грав во тенџере со вода. Го оставаш да отстои преку ноќ. Или не. Го ставаш на рингла на тивко (2-ка). Го забораваш гравот.
2. После 3-4 саати ти текнува дека имаш грав на оган. Трчаш во кујната. Гравот е готов.

Со гравот можеш да правиш различни работи. А тафче-графче ич не е страшна работа:
1. Сецкање на кромид. Најтежок чекор во подготовка на грав. Ти препорачувам да одиш со техниката Повикај пријател.
2. Пржење на кромид. Тури масло во тафче, тури сецкан кромид, на средна температура, 10 минути.
3. Тури гравче во тавчето. Тури црвен пипер и мешај. Други зачини по желба.
4. Од тука тафчето во рерна уште 10 минути колку да фати коричка. Ако сакаш ептен профи да изгледа, тури му суви пиперки одозгора.
 
Мала забелешка: Немој да го заборавиш гравот подолго време. Ќе изгори, нема да можеш 3 дена да се ослободиш од миризбата, верувај дека и гости нема да задржиш подолго, а и комшиите ќе помислат дека ти има умрено некое животно дома. :(

Да, заборави и да го посолиш малце. Солта се става по желба, некаде кога ќе почне да врие водата првиот пат.
Кромидот е подобро да го ставиш додека се вари гравчето, и тоа при крајот на варењето. За постигнување на најдобар вкус. :)
 
Замаш 2-3 јајца ги кршиш од ќошот на шпоретот(внимавајќи да не ти останат у рака со се жучка) ги ставаш у тавче полиено со зејтин,и за време на пржење со лажица земаш од зејтинот и го враќаш врз јајцата за побрзо и поквалитетно пржење.На крајот ги посолуваш или со вегета се боље.Земаш јогурт,сланинче или нешто по ваш избор и буташ :wink:
 
Кој е расположен за кајгана денес? :)

Кајгана во четири чекори

Потребно за почеток:

  • јајца, 3-4 комада (може и повеќе ако си гладен многу)
  • морков, околу 50-100 грама
  • лук, 1, или пола ако е поголемо
  • целер (или магданос), едно гранче
  • брашно, една лажица од големите
  • млеко, 50-100мл.
  • Масло, 50-100мл.

  1. Јајцата се матат со една лажица брашно, се додава малку сол во текот на мешањето, како и млекото. Смесата треба да биде течна и добро измешана.
  2. Земи една тава, во која кајганата ќе добие форма на палачинка (подебела палачинка). Стави 3-4 лажички масло и загреј го добро на најголемата рингла од ел. шпорет.
  3. Откако маслото ќе се згрее добро, се додава измешаната смеса. После некое време палачинката се обраќа да се потпржи малку и од другата страна.
  4. Изреднаниот (или ситно исецкан) морков, заедно со лукчето и целерот потпржете ги со малку масло, кајганата исечете ја на правоаголни парчиња со страна од 5-7 сантиметри и попрскајте ги одозгора со запржените зачини. Веѓета може да се додаде по желба, како и да се користи ќечап и мајонез при јадењето. Најдобро е да се консумира додека е топло.
 
Амур немам приготвувано на скара никогаш. Ама за крапчето можам да ти кажам како најлесно да го собориш на скарата:
Ова важи и за пастрмката исто. :)

за такви гурмани ко тебе брат -
Пијан крап

Потребни состојки:

  • 1.500 грама крап,
  • 4 главици лук,
  • 1 китка магдонос,
  • сок од еден лимон + кората од лимонот,
  • 2 поголеми моркови,
  • 150 - 160 мл бело вино
  • Вегета, сол, црн бибер, црвен пипер, маслиново уље,
Начин на подготовка:
Најпрво добро се чисти крапот, се засекува на раздалеченост од 2 см, се посолува, се посипува со вегета и се остава така да отстои половина час. За тоа време се сечка лукот, магдоносот, морковот.Се полева со сокот од лимунот, а внатре се премачкува со маслиново уље. Почнува да се полни најпрво со половина од подготвениот магдонос, па лукот, кората од лимунот, морковот и на крај другата половина од магдоносот. Засеците се затвораат со чачакалици. Се полева со виното и од одозгора се става црвен пипер и се покрива со фолија. Се пече 1 сат на 250 степени. Се вади фолијата и се допечува уште 15 минути.

Уз јадењето добро иде некое добро бело вино, колку да има крапот, повторно некаде да плива :)
pijan%20krap1.jpg

превземено од рибар
 
Колбаси во жар ...дефинитивно најфкусна и најлесна работа...потребни состојки ..
1.Колбаси(најдобро од оние подебели со кашкавал)
2.Алуминиумска Фолија

Начин на подготовка:
Колбасите се отвараат од паковка(ова е потешкиот дел)
Отварате фолијата и правите нешто како вид на птичјо гнездо....
Колбасите ги редите во него(не смее да е затворено...горниот дел стои отворен за мрсното да излезе)....
Е сеа..за тие што имаат шпоре на дрва(ПАМПУР) е некој 80% полесно ова ,а за тие шо нема препорачливо е да си купа,или па да појда во двор и да ја запала скарата...Значи огнот е запален и треба да се почека да нема оган,само жарот да тлее... ,, гнездото'' го ставате одозгора на жарта и буквално не пофаќате ништо,ама баш ништо...
Чекате да зацрвенат,а тие што ги сакаат попечени почекуваат уште некоја минута....А за компирите имате посебен дел глеам :)))
 
Хм. хм хм хм
Земаш еден подлабок сад и клаваш:

1 краставица(поголема):)
3 патлиџани*домати
1 кромид излупен и наочара стај кога ќе го сечкаш
1 до 2 пиперки
200 гр, сирење по вкус
све тоа измиј, изљупи, исецкај, посоли, намрси со зејтинчее, закисели со оцетче и изрендај го сирењето и не заборавај да го измакаш со парче лепче тоа червишот на крај!!!!! најбавото е тоа
бон апетит
 
Хм. хм хм хм
Земаш еден подлабок сад и клаваш:

1 краставица(поголема):)
3 патлиџани*домати
1 кромид излупен и наочара стај кога ќе го сечкаш:pos:
1 до 2 пиперки
200 гр, сирење по вкус
све тоа измиј, изљупи, исецкај, посоли, намрси со зејтинчее, закисели со оцетче и изрендај го сирењето и не заборавај да го измакаш со парче лепче тоа червишот на крај!!!!! најбавото е тоа
бон апетит

Нешто по сложено имаш за поискусни во кујна?Освен тоа што пред две години ке ја запалев два пати кујната кога заборавив зејтин во тавчето и отидов вов да играм вов па ги потпатилв висаќите и еднаш млеко ми претече и цела кујна мирисаше на млеко 2-3 дена не можеше добро да се излуфтира се друго ми успеало од рецепти.Напредувам и учам нови работи ама овие рецепти се премногу едноставни а ми треба нешто посложено за да имам мотив да го работам.Кога ја би ги имал потребните состојки за ова што го пиша би направил салата од краставиците и доматите и сиренце ке си изрендал врз нив кромидче обавезно,и ваљда некое парче мевце ке бапнам да се пржи и тоа е тоа....ракиичка обавезно
 
Хм. хм хм хм
Земаш еден подлабок сад и клаваш:

1 краставица(поголема):)
3 патлиџани*домати
1 кромид излупен и наочара стај кога ќе го сечкаш
1 до 2 пиперки
200 гр, сирење по вкус
све тоа измиј, изљупи, исецкај, посоли, намрси со зејтинчее, закисели со оцетче и изрендај го сирењето и не заборавај да го измакаш со парче лепче тоа червишот на крај!!!!! најбавото е тоа
бон апетит

Патлиџан со оцет? :nesvest:
 
Патлиџан со оцет? :nesvest:

ДА бе јас така ја правам, малце оцетче за краставичето и кромидот иначе не иде :) ако се прави салата само со патлиџан не се става оцет а ако се прави мешано со други зеленчуци неможе без оцет, шопската е мешана
 
И во моето мени
Патлиџан со оцет? :nesvest:
не го бива...

Незнам зошто, ама ако има домат во салатата, киселината ми го уништува вкусот и желбата за јадење.
 
И во моето мени

не го бива...

Незнам зошто, ама ако има домат во салатата, киселината ми го уништува вкусот и желбата за јадење.
Епа добро има пуно жени што ја прават без оцет, јас ете така ја правам, јас и ти никад не би требало да јадеме салата заедно! запомни го ова ниту во твојот најлош кошмар! :icon_lol:
 
Епа добро има пуно жени што ја прават без оцет, јас ете така ја правам, јас и ти никад не би требало да јадеме салата заедно! запомни го ова ниту во твојот најлош кошмар! :icon_lol:
Ќе најдиме разумен компромис :) зато измислиле пајнци (по битолски) културните народи, па ќе си тураш киселина колку ти душа сака во твоето.

п.с. па и ракија ако има квалитетна, уживање х 2
 
Незнам зошто, ама ако има домат во салатата, киселината ми го уништува вкусот и желбата за јадење.

Патлиџанот е кисел, затоа не треба да доставаш киселина (или оцет кој како сака).

Сеедно што е мешана салата пази со оцетот колку добар, толку е и лош. :smir:
 
Јајца на око ала-Карлович рецепт

Земаш тефлонско тавче ставаш малку малсиниво масло и така убо да се загрее на рингла,потоа се зема две парчиња биено сирење и ги ставаш да се пржат се додека малку не потемни сирењето,после ги ставаш во чинијата.Потоа се земат 3 јајца ги кршиш дирекно во тафчето но внимавај жолчата од јајцата да остани во течна состојба и од кога се готови само ги пролизнуваш низ тавчето во чинијата и имаш вкусен доручек.:icon_mrgr
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom