Ај да си се пофалам на домаќинлукот.. Јас сум ти готвел од леќа, компир, грав, до јајца и тостови...
Сега ќе споделам со вас еден специјалитет кој секое машко може да го подготви (плус ќе излезе фраер пред женската). Дури еден студент ме убедуваше дека било вкусно и со леб
Салата од Макарони Полжавчиња
Во тенџере ставаме вода и го ставаме на рингла да зоврие водата. Oд кога ќе зоврие водата ги ставаме макароните ставаме и малку сол и ги вариме на тивок оган околу 7 до 8 минути. Кога се варени ги ставаме во цедалка ги плакнеме и ги оставаме да се исцедат и изладат, ги вариме и јајцата. Додека се ладат макароните на даска за сецкање ги сецкаме краставичките, кашкавалот и шунката, а исто така и варените јајца. Потоа ги додаваме и макароните и печурките и промешуваме, а потоа го додаваме мајонезот и павлакатa, повторно промешуваме. Салатата ја оставaме да отстои околу 1 час а потоа (ќе си) ја (по)служиме.