Рецепти за машко готвење :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Alex1828
  • Време на започнување Време на започнување
Купи замрзнат зеленчук од фриком или било што и испечи го.
Компири рпжени или печени, мелено месо нешо.

Ме мрзи да ти пишувам подготква и све то има ти пишале...ама у суштина има мног едноставни комбинации...иако и мене ми е најлесно да тркнам до лесковача и да се нафукам :pos:
 
Влегуваш во супер маркет третиот рафт десно ти се готовите јадења како гулаш, грав итн а вториот лево ти се супите, тестенините со морски плодови итн...
Инаку во Прилеп има кујни кои прават јадења за 80-90 денари по порција и тоа доставуваат на врата
 
Кај има такви?
 
Кај има такви?

Улицата од кај уредот према педанот кога одиш (незнам како се вика ) од лева страна има комплекс дуќанчина во нив, може и таму да јадеш. Газдата ми е Грк и имаме на работа мајстор од Бугарија од таму им носат за јадење. Ќе ги прашам утре и ќе ти кажам со сигурност што како и колку.
 
Важи, те чекам:)
 
Важи, те чекам:)

Порција ти е 90 денари заедно со салата и леб. Носат помеѓу 11:30-13:30 и секој ден имаш да одбериш помеѓу две јадења, е сега дали си одбираш еден ден претходно не знам ама еве телефон 048/520-185--Марјан, можеш да се јавиш и да ти објаснат што како е од прва рака.
 
Гравче мора да се научи да готви не го лажете човекот со хамбургери и зеленчуци од фриком.
 
Варам макарони колку време треба да се во водата што врие ? ? ?
Ако може побрзо одговор
 
Варам макарони колку време треба да се во водата што врие ? ? ?
Ако може побрзо одговор
На не многу јак оган околу 9-11 минути, пробај едно извади :)
 
Море јас студент ко бев многу спремање и готвење немаше. Од сабајле на факултетот во бифето после правец 7-ца.

Инаку онака најлесно за спремање ми беше шпагети. Полниш тенџерето со вода го ставаш на шпорет на двојка тројка како сакаш и чекаш водата да зоврие. Додаваш зејтин и сол и на крај шпагетите. Додека се варат земаш тањирот и ставаш во него едно 100 грама сирење и почнуваш да дробиш сирењево урда да го сториш. Вадиш шпагетите и ги ставаш во тањирот. Одозгора ги преливаш со кечап и се тоа убаво ќе го измешаш. Мене најубаво со Кока Кола ми идеше

Земаш 2-3 јајца ги клацкаш(матиш) во длабока чинија. Откако ќе добиеш еднолична смеса ја истура во претходно загреана тава и оставаш да се испржи така во палачинка стил. Откако едната страна е добро испржена преврти ја на другата страна. Сега земаш 3-4 парчиња од тост кашкавал и ги редиш над испржената страна а потоа правиш преклоп да ти дојде во стил на панцерота. Убаво испрѓи ги двете страни а потоа уживај во јадењето
 
Сега и готов помфрит има по продавнициве, за мераци, уште издробена салата да продаваат за леваци како мене :pos:
 
Сега и готов помфрит има по продавнициве, за мераци, уште издробена салата да продаваат за леваци како мене :pos:
Тоа е најмал проблем. Деновиве усовршувам и сецкање со лева а кај и да е и без раце ќе почнам. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom