Љубов помеѓу...

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Пред неколку денови гледав еден многу интересен филм. Се работеше за љубовната романса „Мери и Тим“, која е работена според истоимениот роман. Се работи за еден дечко кој е со слаб психички хендикеп, кој ќе се запознае со љубовта со помош на постара шена од него.
Да не навлегувам во детали (да не правам кратка рецензија на филмот), само сакам да знам што вие мислите во врска со следново прашање:

Дали е можна љубов помеѓу психички нестабилна личност (мислам на човек кој на свои 25 години има психичка развиеност на 8-9 годишно момче) и нормална личност?
Ако е можна, колку е таа реална?
Дали можеби позади таа љубов се кријат скриени цели (пр.наследување на имот, пари и сл.)?
И колку таа љубов може навистина да опстои како таква?
Дали би била прифатена од другите или не?
Колку општеството игра улога во формирањето (ако е можно) и одржувањето на ваков вид на врска?

Малку сум скептичен во однос на оваа тема. Не сум сигурен дали е, или не е можна. Сакам да верувам во тоа дека постои (воден од пораката на филмот), но начинот на кој денес сите живеат ме тера да мислам на сосема спротивното.

Што мислите вие?
 

tomislayer

Елегантно дебел =)
Член од
18 ноември 2008
Мислења
1.482
Поени од реакции
82
Jaс искрено мислам дека неможе. Тој 25-6 годишњак со мозок од 9 годишно дете неможе да се заљуби зашто не е созреан!
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Jaс искрено мислам дека неможе. Тој 25-6 годишњак со мозок од 9 годишно дете неможе да се заљуби зашто не е созреан!
Мислам дека прашањето е дали може некоја жена да се заљуби во него, без да има некоја материјална корист, а и колку би била прифатена таа врска доколку постои.
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
јас ќе размислувам филозофски- љубовта нема граници, нема правила , љубовта има некои чудни патаишта коишто не можат да се разберат со рационално размислување. Љубовта едноставно се случува. Знае да биде и најпрекрасното и најболното нешто што ни се случило. Но и покрај се сите сме заљубени во неа. Заклучок - верувам дека може, хипотетички гледано .
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
Ах, тешка тема. Навистина ме тера да размислувам пошироко.
Љубовта може да постои зошто да не, љубовта не бира возраст или степен на психолошки развиток. Но за жал, во денешицатава, се е од финанскиска корист, па и браковите помеѓу луѓе коишто немаат проблеми во нивниот психички развој.
Луѓето се преполни со предрасуди во врска со било што, не знам зошто и тука би било различно. Но можно е да постои љубовта, е сега, колку нема да биде таа врска осудувана од околината, не сум баш сигурна.
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Пред неколку денови гледав еден многу интересен филм. Се работеше за љубовната романса „Мери и Тим“, која е работена според истоимениот роман. Се работи за еден дечко кој е со слаб психички хендикеп, кој ќе се запознае со љубовта со помош на постара шена од него.
Да не навлегувам во детали (да не правам кратка рецензија на филмот), само сакам да знам што вие мислите во врска со следново прашање:

Дали е можна љубов помеѓу психички нестабилна личност (мислам на човек кој на свои 25 години има психичка развиеност на 8-9 годишно момче) и нормална личност?
Ако е можна, колку е таа реална?
Дали можеби позади таа љубов се кријат скриени цели (пр.наследување на имот, пари и сл.)?
И колку таа љубов може навистина да опстои како таква?
Дали би била прифатена од другите или не?
Колку општеството игра улога во формирањето (ако е можно) и одржувањето на ваков вид на врска?

Малку сум скептичен во однос на оваа тема. Не сум сигурен дали е, или не е можна. Сакам да верувам во тоа дека постои (воден од пораката на филмот), но начинот на кој денес сите живеат ме тера да мислам на сосема спротивното.

Што мислите вие?
Љубов, привлечност, допаѓање кон некој што има психичко ниво на 8-9 години не е можно. Можно е да чувстуваш само мајчина (родителска) љубов и грижа, пошто истата ја насочуваш кон нешто кое е на ниво на дете.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Кога е во прашање љубовта, ништо не е невозможно. Од рационална гледна точка, многумина би рекле дека нема шанси. Но, јас велам дека љубовта не е поврзана со рационалното, туку со ирационалното, емотивното.А емоциите и љубовта не се ограничени, нивните видици и хоризонти се премногу широки, за да разумот го разбере и прифати тоа.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Љубов, привлечност, допаѓање кон некој што има психичко ниво на 8-9 години не е можно. Можно е да чувстуваш само мајчина (родителска) љубов и грижа, пошто истата ја насочуваш кон нешто кое е на ниво на дете.
Во однос на филмот, тоа беше сосема различна љубов. Не онаа мајчинската. Таа беше заљубена во него и неговите постапки. Неговото постоење и неговата заинтересираност за животот.
А, богами на 25 години никој физички не личи на 8-9 годишник. Па и тоа си игра своја улога колку толку.
Некои луѓе ценат и личности кои со својот слаб психички развој успеваат да достигнат многу повеќе. Понекогаш и тоа е симпатично за некого.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Светот-и се` е можно! Но, бидејќи јас не сум светот, ќе зборувам за себе. Никогаш не би можела да се заљубам во таква личност. Јас се заљубувам во интелект, во независност, делење на зрели ставови и мислења, заедничка борба... Не би сакала да звучам малициозна, иако веројатно звучам, но ако нема памет што ми е коресподентен, џабе ми е. За шетање и покажување во град, ќе си купам куче. Дали ако е тој со сфаќања на предпубертетско дете, тогаш сум јас ,,психичка педофилка"? Доколку за некого оваа врска е можна, веројатно и може да успее. Но, за таа цел, психички позрелата личност ќе мора да ги преземе врз себе сите камења на осуда, презир, потсмев и нечовечност од околината, бидејќи нема да може да ги подели со партнерот (тој има разум на 9 годишно дете, а 9 годишните деца, милуваат да играат шуто дупе, се додека мамичка не ги викне на ручек и не им го намести креветот за попладневна дремка).
 
C

cige

Гостин
Каква рационалност, каква ирационалност бре.
При чиста свест тоа не е можно.:tapp:
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Во однос на филмот, тоа беше сосема различна љубов. Не онаа мајчинската. Таа беше заљубена во него и неговите постапки. Неговото постоење и неговата заинтересираност за животот.
А, богами на 25 години никој физички не личи на 8-9 годишник. Па и тоа си игра своја улога колку толку.
Некои луѓе ценат и личности кои со својот слаб психички развој успеваат да достигнат многу повеќе. Понекогаш и тоа е симпатично за некого.
Разбирам дека не станува збор за мајчина љубов во филмот. Мое мислење е дека не е возможно таква љубов. Значи, и покрај тоа што дечкото изгледа физички зрело и можеби и привлечно менталното ниво не е на возраст на 25, туку на 8-9 години.
Кога некого ќе го исперцепираш физички и ќе му дадеш во споствените мисли зелен картон, од него бараш нешто повеќе. Бараш ментална провокација, бараш разговор, бараш многу нешта да ги поделиш со другиот. Со 9 годишен псисхички развој тешко дека ќе може некој да ти возврати на ниво кое би те задоволило.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Навистина деликатна тема.
Прво лицата кои се психички нестабилни живеат во малку поинаков свет и тие стагнираат. Немам воопшто ништо против нив и тие се луѓе, нималку не се виновни за својата состојба. Но тие се поразлични луѓе од останатите (нормални) луѓе.

На овие психички нестабилни лица потребна им е навистина нега и грижа која што ја немаат доволно. Тие се второстепени во општеството, секогаш се на тапет и нив љубовта им значи многу.
Ако се однесува како 8-9 годишно дете тогаш не сметам дека знае што е вистинска љубов, љубов помеѓу маж и жена. Што му е потребно на 8-9 годишно лице? Без разлика дали е дете или неговата психа е на тоа ниво. Него му е потребна родителска љубов и грижа.
Може тој изгледа како да има 25 години, но надворешниот изглед не е битен во една љубов. Тука се предностите, маните, квалитетите поради кои може еден човек вистински да го засакаш.
Во реална ситуација тешко нормална личност да засака човек со висок степен на психичка нестабилност, тука има огромни разлики.
Ако е помала нестабилноста веќе има можности за двострана љубов.
 

ludo

Nenormalen
Член од
15 јануари 2009
Мислења
12
Поени од реакции
3
може да има. може нема да биде кузнае колку асална али е мозна :toe:
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Разбирам дека не станува збор за мајчина љубов во филмот. Мое мислење е дека не е возможно таква љубов. Значи, и покрај тоа што дечкото изгледа физички зрело и можеби и привлечно менталното ниво не е на возраст на 25, туку на 8-9 години.
Кога некого ќе го исперцепираш физички и ќе му дадеш во споствените мисли зелен картон, од него бараш нешто повеќе. Бараш ментална провокација, бараш разговор, бараш многу нешта да ги поделиш со другиот. Со 9 годишен псисхички развој тешко дека ќе може некој да ти возврати на ниво кое би те задоволило.
Како што веќе кажав. За некои луѓе можеби токму тоа е симпатично.
Сепак го ценам твоето мислење.:smir:
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Со оглед на тоа што сакам во врската да се чувствувам сигурно, да знам дека можам да се потпрам на патнерот, заедно со фактот дека сакам покрај мене интелегентна личност, не би можела да бидам во врска со некој што е заостанат во психичкиот равој.
Прво, и покрај тоа што ќе има 20 и кусур години, од внатре ќе биде како 7-8 годишно дете и според логика на нештата, јас ќе треба да ја превземам одговорноста да се грижам за него, што на овие години е навистина голем товар. Па и не само на овие...
Второ, дали таков човек е способен да издржува семејство? Не е. Целата одговорност ќе падне повторно на другата половина.
Трето, дури и да дојде до оформување на семејство, дали детето ќе може правилно да се оформи како личност покрај еден таков родител, бидејќи сепак, најблиските се примарниот фактор кој влијае врз неговиот развој и првобитните навики, сфаќања итн. што ќе ги стекне.

Да не навлегувам толку, сметам дека овој филм што го спомна и сите слични како него се само мачкање очи, бидејќи реално, ваква љубов не е возможна, на страна тоа дали останатите би ја прифатиле врската и како би реагирало општеството, бидејќи тоа не игра ама баш никаква улога.
Имам и пример за дечко кој има ваков проблем и според тоа како тој се однесува и самиот негов начин на живеење, можам да кажам само едно категорично НЕ за врска со таква личност. Далеку од тоа дека го сметам за неспособен да почувствува и да покаже љубов, напротив, делува на многу чувствителен и грижлив дечко, но никаде не оди без неговата мајка. Речиси има 27 години, а му е потребна многу повеќе грижа и внимание отколку на 5 годишно дете.
Мене не би ми претставувало проблем да одвојам малку од моето време за да му го посветам на некој како него, да му подарам грижа и да направам да се чувствува пријатно покрај мене, но врската не би ја издржала.

Додека врска помеѓу двајца со психички недостатоци мислам дека би можела да успее. Шансите се 50-50. Или одлично би можеле да се разбираат или уште на почеток ќе пукне тиквата. Зависи до кој степен се (не)развиени.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom