Рубин - Интер 1-1
Катастрофален резултат! И пак како изминатите години највероватно ќе бидеме второ место во групата, а не е исклучена и можноста за трето! Не успеавме да го победиме Рубин од Казан.. Аматер на европски простори..
Гледам тука некои дрдорат бил шампион на Русија.. Па што ако бил? Не треба само да имаш тв и да земиш билтен во рака да видиш дека Рубин е прв на табелата.. Треба малку да пратиш.. Во Русија најдобри екипи се ЦСКА и ЗЕНИТ! Причината поради која Рубин е прв на табелата е тоа што тој помалку ги мести натпреварите со помалите екипи.. Впрочем беше и победен на домашен терен од ЦСКА! Додека ЦСКА и особено ЗЕНИТ се доста повеќе по местењето.. Оние што играат кладилница го знаат тоа..
Е сега ние кутрите, шампиони на Италија, со играчи кои земаат годишна плата преку 200 милиони евра не успеавме да го победиме Рубин. Демек биле многу јаки..
Не беше Рубин јак.. Синоќа Интер беше слаб.. Интер кога почна утакмицата не напаѓаше.. Играше како да води 3-0.. Напаѓаше Рубин.. Кога примивме гол почнавме да напаѓаме.. И бидејќи Рубин е толку јак створивме за 15 минути 3-4 шанси со процент на реализација преку 80 %! Почна второто иста приказна.. Интер смирен.. Не напаѓа и нема намера.. К*р го боли.. И оп црвен картон.. Како едвај да го чекаа.. За да имаат причина да се оправдаат.. Истото важи и за Мурињо.. Што ли ќе одговореше кутар Мурињо ако немавме црвен.. Не да не играле Снајдер, Мота и незнам кој таму.. Рубин е премногу слаб за да се вади на тие играчи..
Сега малку за Интер.. Па како можи пичкаму материн да ставиш играчи прва постава кои цела сезона или дремат на клупа или влегуваат од клупа? Како можи да се почни натпревар со Манчини кој единствено на тренинг изиграл утакмица со соиграчите.. ?? И што к*р ви е крив Балотели? Направил црвен? не направи Балотели црвен.. судијата реши да му даде него.. Пред него црвен направи Самуел.. откако имаше жолт отиде во еден опасен лизгачки старт.. Судијата му прогледа низ прсти.. Исто и Чиву направи црвен.. Откако имаше жолт направи старт од позади.. Класичен втор жолт.. И него му прогледа низ прсти.. И на крај мораше на Балотели.. Поради грубата и очајна игра на Интер.. За да има мир во куќата во Милано.. За да има оправдување.. КАТАСТРОФА!
И сега некои тука ќе речат.. и лани Интер играл послабо.. Да играше.. Али лани имавме играч кој знаеше да шутира од 30 метра и да даде гол.. Денес немаме ниеден.. Денес чекаме да заздрави кутриот Снајдер и Мота.. Нашите толку очекувани засилувања.. За да играме барем малку подобро.. Ако и веќе играме..
Една Фиорентина и Сампдорија имаат подобра трансфер политика од нас.. Кога носат засилувања носат по едно или две во сезона.. Со тек на време да се уиграат.. Да влегуваат прво од клупа.. Па потоа како денес Пацини и Јоветич да играат феноменално.. А ние што? Ние купивме 5-6 оваа сезона и сите тие треба да играат прва постава! Кога тие сите ќе се уиграат и ќе ни покажат оваа сезона течна игра јас ќе се обесам..
И за крај.. за најдобриот голгетер во Европа.. за гол машината Ето! Незнам дали беше Ето, Етоо или Ето'о! Али како и да беше, премалку му го прочитав името оваа сезона.. Човекот кој даде толку многу голови за Барселона, човекот кој во Мајорка давал голови на секој натпревар.. Ми наликува нешто слично на Бориело пред да дојди во Милан.. Мислам дека беше еден од најдобрите стрелци во Италија.. Али кога ќе појдиш во голем тим, кога ќе ти обрнуваат поголемо внимание фудбалерите од одбраната, тогаш е малку потешко.. Особено во Интер каде добиваш премалку употребливи топки од средниот ред.. А Ето во Барселона? Да Да.. кој е тој напаѓач кој не давал голови во Барселона.. Имаше една статистика за оние кои пратат фудбал.. Ги споредуваа најдобрите напаѓачи во Европа.. И кај сите нив според бројот на шансите Ето беше оној со најмал процент на реализација.. Да беше еден здрав и неповреден Роналдо кој играше во Интер во оној тим од Барселона од минатите две години ќе дадеше најмалку 70 голови по сезона.. Според тоа колку употребливи топки добиваат напаѓачите на Барселона.. Али во едно е добар нашиот Ето.. давал голови во финале.. а што ако не дојдеме до финале? Кој ќе дава голови? Бабами Драгица? Во финале давале голови и Белети, Инзаги, Шмицер.. Време е да купиме и еден од нив.. Да не случајно дојдеме до финале..
П.С. Среќа наша што Билан е очаен.. Среќа наша што ЈуБе е оној стариот кој кикснува против малите екипи.. Со тек на време ќе видат дека Ферара нема ни Ф од фудбал во него.. Па највероватно на крајот ќе се радуваме ние..