Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Од Chat-ot:

# iosonointeri : гооооооол
# Mikky : etooooooooooooooooooooooooo
# Meazza : etiwoooooooooooo
# MArley : деее
# MArley : само што влегов

И како после да не му дадеш зеленко? :pos:
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.263
Поени од реакции
2.260
Од Chat-ot:

# iosonointeri : гооооооол
# Mikky : etooooooooooooooooooooooooo
# Meazza : etiwoooooooooooo
# MArley : деее
# MArley : само што влегов

И како после да не му дадеш зеленко? :pos:
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:

Браво Марли среќо наша. Нема што да играме више. Многу сме јаки, а и марли е со нас така да можат да се откажат одма Наполи!

ГРАНДЕ ИНТЕР!!!!!!!:интер:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Ај сега не се вади Chat не си пропуштил до сега, поредовен си од 90% од Интерашите овде :pos2:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Браво за Ето не за голот туку за проигрувањата, се враќа да прими топка и секогаш има точни додавања. Многу потечна е играта со него. Милито но-комент, се здиве човеков :)

Сега Балотели ко ќе им влезе...

Без Мурињо подобро играме :pos2:
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.044
Поени од реакции
1.169
Не мораше да го примиме оној гол но и вака е добро. Само не смееме повторно да се опуштиме.
Снајдер малку е подизгубен а другите се супер.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.968
Поени од реакции
45.248
Порка ке беше да не примеа така наивно гол и да не играа така лабаво по водството од 2-0 и 3-0 .
Дејо катастрофа во одбраната при голот на Лавеци, несвојствено за него, Киву исто, многу слаб денес но нападот затоа е скоро и перфектен, реков скоро само поради неснаодливоста на Ето по пасот од Милито, кога на тацна имаше топка, позиција за десна нога од прва, он направи потег повеќе и со лева лошо реагираше .

Се на се, да не беше примениот гол, ова ке беше најдоброто полувреме кое го одиграле Интер под капата на Мур и воопшто, во последниве неколку години . Мора да се оди на уште еден гол во вториот дел, зашто уште еден примен на шашма, и после притисикот се префрла врз Интер со оглед на тоа дека Наполи и онака одат на Се или Ништо !

п.с. Кога Интер се во прашање, сеуште, ништо не е готово на овој меч .
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Мора да се постигне уште еден гол!

Btw Together lozari мн јак потпис.
 

Слепо Црево

Оџачар Грла
Член од
26 мај 2007
Мислења
1.196
Поени од реакции
223
Нека ни е честито победата. Маикон животно, Милито непогрешлив и тоа е тоа. Се на се одличен меч кој беше решен уште у првото полувреме :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Интер - Наполи, извештај од натпреварот.

Пред натпреварот, дечињата од школата на Интер имаа можност да се поздрават со фудбалерите на Интер. После нив, тоа задоволство го имаа и фудбалерите на Наполи. Заморот од поздравувањето кај Наполитанците си го направи своето па тие уморни го започнаа натпреварот.

Во втората минута од натпреварот на chatot на www.fcinter.com.mk се појави андерковер навивачот на Интер Марли, што потврдено им носи среќа на Нероазурите, па во истата минута мрежата на противникот се затресе, откако тројца фудбалери на Интер останаа во петерецот на Наполи при изведување на корнер.

Нешто подоцна, Милито Il Principe излезе сам пред гостинскиот голман и принципиелно ја затресе мрежата. Додуша, Милито прерано втрча по топката и се најде во недозволена позиција, но помошникот судија мислеше дека гледа реприза од натпреварот со Парма и не го подигна знаменцето.

Лусио подоцна докажа дека причина за промашувањата со глава на натпреварот со Лацио била нерамната фризура: овој пат со мали корекции на фризурата ја удри топката како што треба и резултатот веќе беше 3-0 за Интер.

Во продолжение Ето подзаборави дека не е повеќе во Барселона па почна да игра многу „пети“. Ова како зараза ги префати и останатите фудбалери, и оние што знаат и оние што не знаат да ја удрат право, а не па со пета. Како резултат на филмот во кој влезе комплетната екипа, заборавија дека не се на тренинг туку имаат противник на теренот, па Лавеци на несакање доби топка осамен пред петерецот и го ублажи водството на Интер.

Во 45-тата минута Бурдисо постигна гол на натпреварот Палермо - Рома, што значи не е наша работа...

Пред судијата да отсвири крај на првото полувреме, Марли најави дека сеуште е тука и дека натпреварот сигурно завршува со победа на Интер. Неговиот андерковер изговор овојпат е дека го имал Интер на ливче. Да, сигурно...

Во меѓувреме, Мурињо успеа да ископа канал од паркингот до соблекувалната на Интер и да се најде таму на полувремето за да подели некој совет. Од доверливи извори дознаваме дека збеснал кога му кажале дека е 3-1, т.е. дека џабе копал.

Во 65 минута и Џилардињо постигна гол, за Фиорентина. Благодарение на Телма, друго и нема што да ви пренесеме за овој дел од натпреварот. Голот на Џилардињо важно, убав беше.

Во 67-мата минута Кварареља го подигна шутот, што би рекол Игор Трпевски, при што настрадаа неколку гулаби.

До крајот на натпреварот фудбалерите на Интер го направија она што секогаш го прават кога имаат високо водство а Марли го нема на chat-от: тотално ја отупеа играта, околу 5000 од поуморните гледачи на трибините си дремнаа а оние пред малите екрани го искористија времето да си пуштат некое филмче.

На теренот пак, Цезар си реши неколку крстозбори, за потешките му помагаа Самуел и Лусио.

Се на се, заслужена победа на Интер кој по поразот на Сампдорија ја презеде водечката позиција на табелата.

А сега, малку посериозна анализа:

Многу сме јаки!!!

Forza Inter!!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom