Глупо е да го кривиме Снајдер за нешто, средината буквално падна и се префрливме на одбрана. Во такви услови тој беше тотално неупотреблив. Дејан очигледно имаше сила за 10 минути, не играл заради грип. Не заради некои тактички замисли на Мурињо. Мунтари потона. Камби го немаше. Остана Мурињо да го извади и Снајдер и да се ориентира на одбрана, што друго би правел во таква ситуација?
За среќа, одбраната одигра ѕверски. Не е убаво за гледање кога се брани екипата, прилично е стресно, но ако веќе се брани, вака се брани.