Е сега вака со плеј полесно се дише и полесно се прави формација. Со Милан мислам дека Снајдер треба да е стартер, па ако е под притисок и слично може да биде повлечен на клупа, а на негово место да се убаци секогаш незгодниот за Милан, Србинот Дејо
Еве со која формација сакам да излеземе против Милан:
-------------------Цезар-------------------
-------------------------------------------
-Маикон-----Лусио----Кордоба----Сантон-
-------------------------------------------
-----Занети-------Виера-------Мота-------
-------------------------------------------
------------------Снајдер-----------------
-------------------------------------------
----------Милито-----------Ето------------
Не знам за вас, но со враќањето на Камбијасо на местото на Виера, тимот мене ми изгледа брилијантен.
Колку само моќно делува одбраната, со еден Лусио, нашиот незаменлив Кордоба, најдобриот десен бек во светот и веројатно новиот Малдини кој очекувам да игра против Милан, затоа што е брз и ќе може да трча по Пато ... и секако оваа одбрана поткрепена со Цезар, дефинитивно најмоќна одбрана на Интер во Италија и пошироко во Европа.
Среден ред, Занети против Милан секогаш знае како најдобро да се изигра, Виера го ставам пред се поради искуството, а Мота како негов помошник во деструктивната линија на Интер, пред нив се разбира новиот Снајдер кој сеуште нема изиграно па затоа нема многу да го коментирам.
Напад се знае, Ето номиниран за играч на годината во Европа и најдобар напаѓач и Милито кој лани беше во топ 5 стрелци во Италија.
Уф ќе биде интересно
Форца Интер !!!